Контакт

Hitech

Samsung, Intel и Dell сакаат да го нормираат поврзувањето на домашните уреди преку интернет

Објавено пред

 Едни од најголемите светски технолошки компании „Samsung Electronics“, „Intel Corp“ и „Dell“ ги здружија силите во конзорциум за да го нормираат поврзувањето на апаратите за домаќинства, од термоси па до светилки преку интернет.

Новиот конзорциум под назив „Open Interconnect Consortium“, како „ AllSeen Alliance“ зад кој стојат повеќе компании од кои најпознати се „Qualcomm“ и „LG Electronics“, имаат цел да го утврдата начинот на заедничка работа на паметните уреди за домаќинствата. . Овој тренд, инаку, е познат како „Internet of Things“.Произведувачите на технолошки апарати развиваат сé поголем број уреди за заштита од кражби, телевизори и склопки за осветлување поврзани со интернет. Меѓутоа, како што се случуваше и во првите денови на видеата, во моментов паметните апарати за домаќинствата многу често меѓусебно не се компатибилниМинатата седмица „Microsoft“ стана 51-та членка на „AllSeen Alliance“ на која се приклучи и јапонски „Sharp“ и други произведувачи на потрошувачка електроника. Дуг Фишер, генералниот директор на одделот „Software and Services Group“ на „Intel Corp“ изјави дека рамката во којашто ќе се развива новиот конзорциум ќе биде насочена на решавање на сигурноста и други прашања, коишто конзорциумот „AllSeen Alliance“ не ги решил адекватно. Истакна и дека појавата на паметните уреди за домаќинствата од различните произведувачи, коишто користат два сета од неспоиви стандарди, ќе биде само случајна. „Немаме намера да креираме нешто такво. Само сметаме дека индустријата кажа што мисли и дека и’ е потребен ваков пристап. Сакаме и другите да се придружат“, рече Фишер./крај/мф/сн

Извор: ZDNet



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Гугл“ отстрани 36 апликации – избришете ги ако ги имате

Објавено пред

„Гугл“ неодамна отстрани апликации од „Плеј стор“, по извештаите за злоупотреба на приватноста.

Станува збор за 36 апликации кои ја нарушуваат политиката за приватност, ги „напаѓаат“ корисниците со неважни реклами и спречуваат деинсталирање со криење на нивната икона на екранот.

Важно е да се напомене дека сите тие доаѓаат од ист извор, а ја заобиколиле безбедносната проверка со отстранување на огласувањето од изворниот код на апликацијата.

Повеќето од апликациите овој пат се поврзани со камерата, филтрите за фотографии или програмите за разубавување и добар дел од нив веќе постоеле во „Гугл плеј стор“, но биле отстранети од таму и сега се повторно инсталирани во малку изменета верзија.

Ова е листата на отстранети апликации:

Yoroko Camera

Solu Camera

Lite Beauty Camera

Beauty Collage Lite

Beauty & Filters Camera

Photo Collage & Beauty Camera

Beauty Camera Selfie Filter

Gaty Beauty Camera

Pand Selife Beauty Camera

Catoon Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Benbu Selife Beauty Camera

Pinut Selife Beauty Camera & Photo Editor

Mood Photo Editor & Selife Beauty Camera

Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Selife Beauty Camera & Photo Editor

Fog Selife Beauty Camera

First Selife Beauty Camera & Photo Editor

Vanu Selife Beauty Camera

Sun Pro Beauty Camera

Funny Sweet Beauty Camera

Little Bee Beauty Camera

Beauty Camera & Photo Editor Pro

Grass Beauty Camera

Ele Beauty Camera

Flower Beauty Camera

Best Selfie Beauty Camera

Orange Camera

Sunny Beauty Camera

Landy Selfie Beauty Camera

Nut Selfie Camera

Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Art Beauty Camera-2019

Elegant Beauty Cam-2019

Selfie Beauty Camera & Funny Filters

Selfie Beauty Camera Pro

Pro Selfie Beauty Camera

Прикажи повеќе...

Hitech

Спас од лажни вести преку новата апликација на „Грид“

Објавено пред

Во времето на лажни вести и социјални медиуми, вие (читателите) сте преплавени со информации од кои повеќето може да бидат невистинити. Освен лажните вести, пречка претставуваат и големиот број информации што може да не се од ваш интерес. Сето ова помага вистинските информации да ви избегаат од рака.

Решението за овие проблеми може да го најдете во апликацијата „Грид“, која од своето лансирање до денес привлече лојална публика, која секојдневно ја користи апликацијата за својата дневна потреба од информации.

Со цел да ја прошириме слободата што ја уживаат корисниците на апликацијата, таа во овој период доби нова верзија со модерен и функционален редизајн, како и со верзија за оперативниот систем „Иос“.

Новата верзија на апликацијата „Грид“ има чист и прегледен дизајн, со што им овозможува на читателите многу лесно и интуитивно да ги разгледаат вестите што се од нивен интерес.

Функционалноста е задржана преку можноста за селектирање медиуми, категории, како и креирање сопствени категории од полиња на интерес на читателите. Пласирањето квалитетна информативна содржина е должност на „Грид“, а ваша должност е само да го направите изборот за тоа на која содржина ќе ѝ ги посветите вашето време и внимание.

Не губете време прелистувајќи низ социјалните мрежи и пребарувајќи на безброј интернет-страници. Дојдете до сите потребни информации за вас преку новата апликација на „Грид“. Бесплатно симнете ја новата верзија на апликацијата за системите на „Андроид“ или „Иос“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Конференција со над 150 светски лидери од 60 земји

Објавено пред

Во четврток ќе се одржи Women in Tech светска 24/7 конференција со над 150 светски лидери од 60 земји.

Секој заинтересиран во технологија ќе може да ја проследи конференцијата на следниот линк: https://www.facebook.com/events/251476715959825/.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 минути

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ7 минути

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет27 минути

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет38 минути

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет53 минути

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија2 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион14 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија16 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија18 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ19 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион19 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија20 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион20 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион2 дена

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Досие