Контакт

Hitech

Солар Импулс 2 се приближува кон Калифорнија

Објавено пред

Авионот „Solar Impulse 2“ кој лета на сончева енергија наближи во саботата кон американската сојузна држава Калифорнија, откако мина повеќе од четири петтини од новата етапа на неговиот историски лет околу светот.

dobivaj vesti na viber

Од четвртокот, кога полета од Хаваи, авионот во рамките на деветтата етапа мина 85 отсто од предвидениот пат, а пред него се уште 650 километри лет, објави на Twitter екипажот кој го сочинуваат двајцата Швајцарци, пилотот Андре Боршберг и копилотот Бертран Пикар.

Наведуваат, исто така, дека авионот навлегол во калифорнискиот воздушен простор и дека лета на височина од 5.000 метри, како и дека наскоро ќе го надлета прочуениот мост Голден Гејт на влезот од Сан Франциско, по што ќе слета во Маунтајн Вју, југоисточно од градот.

Успешното завршување на мисијата „Solar Impulse 2“ со погон на сончева енергија, коешто започна во март минатата година со полетувањето од Абу Даби, ќе претставува круна на нивните тринаесетгодишни истражувања.

Пикар твиташе дека летот од Хаваи до Калифорнија, кој ќе трае вкупно 59 часови, претставува технички предизвик за него и за неговиот колега, а и дека е поопасен од досегашниот тек на летот, бидејќи летаат над Пацификот и во случај на вонредна ситуација треба да слетаат на морската површина.

Пред една година, при полетувањето од Абу Даби, рече дека двајцата сакаат „да ја споделат со светот својата визија за незагадена иднина“, и истакна дека нивната мисија би требало да придонесе во борбата против глобалното затоплување. Со својата експериментална мисија сакаат да покажат дека чистите технологии и обновливата енергија денес овозможуваат остварување на она што претходно се сметаше за невозможно.

Авионот „Solar Impulse 2“, кој лета со помош на сончева енергија од 17.000 соларни плочи прицврстени на крилата со должина од 72 метра, колку и кај „Airbus A380“, првото слетување го имаше во Оман. Во текот на вкупно 12 етапи преку Индија, Кина, Њујорк и Медитеранот, ќе се врати во Абу Даби без да потроши капка гориво прелетувајќи 35.000 километри. Просечната брзина на летот е меѓу 50 и 100 километри на час, а просечната височина на којашто летаат изнесува 8.500 метри.

Благодарејќи на овој авион прекриен со соларни панели и опремен со четири електрични мотори, кој може без прекин да лета неколку дена и ноќи, Пикар и Бошберг ќе бидат првите коишто ќе ги прелетаат океаните и континентите исклучиво со помош на сончевата светлина и ќе го остварат својот сон започнат пред дванаесет години./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Чат ГПТ“ ќе може да се користи за генерирање еротска содржина

Објавено пред

„Опен АИ“ објави планови за ублажување на ограничувањата на својот четбот „Чат ГПТ“, вклучително и дозволување еротска содржина за потврдени возрасни корисници, во согласност со она што компанијата го нарекува „третирај ги возрасните корисници како возрасни“.

dobivaj vesti na viber

Планот на „Опен АИ“ вклучува објавување ажурирана верзија на „Чат ГПТ“, што ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат личноста на нивниот ВИ (вештачка интелигенција) асистент – вклучувајќи опции за поприродни, „човечки“ одговори, поинтензивна употреба на емотикони или попријателско однесување. Најзначајната промена се очекува во декември кога „Опен АИ“ планира да воведе посеопфатен систем за верификација на возраста, што би дозволил еротска содржина само за корисници што потврдиле дека се полнолетни. Компанијата не објави веднаш детали за методите за верификација на возраста или дополнителни заштитни мерки за таква содржина.

Во септември „Опен АИ“ лансира специјална верзија на „Чат ГПТ“ за корисници под 18 години, која автоматски пренасочува кон содржина соодветна за возраста и блокира експлицитен и сексуален материјал.

Компанијата исто така објави развој на технологија што ја проценува возраста на корисникот врз основа на тоа како комуницира со  „Чат ГПТ“.

Во објава на „Икс“, извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, рече дека построгите заштитни мерки воведени поради проблеми со менталното здравје го направиле четботот „помалку корисен и забавен за многу корисници што немаат проблеми со менталното здравје“.

Построгите безбедносни контроли беа воведени откако Адам Реин, тинејџер од Калифорнија, изврши самоубиство оваа година; Неговите родители поднесоа тужба во август, тврдејќи дека „Чат ГПТ“ му дал конкретни совети за тоа како да го направи ова. Само два месеци подоцна, Алтман изјави дека компанијата успеала во ублажување на сериозни проблеми со менталното здравје.

Федералната трговска комисија на САД (FTC) исто така почна истрага за неколку технолошки компании, вклучувајќи ја и „Опен АИ“, за тоа како четботовите со вештачка интелигенција може негативно да влијаат врз децата и тинејџерите.

Прикажи повеќе...

Hitech

Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот

Објавено пред

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.

dobivaj vesti na viber

Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.

После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.

„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Опен ВИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Објавено пред

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за сите корисници.

dobivaj vesti na viber

Според компанијата, тоа е нивниот најпаметен, најбрз и најкорисен модел досега, кој дава поточни и порелевантни одговори во области како што се математика, наука, финансии, право и медицина.

„ГПТ-5 е првпат навистина да се чувствувате како да разговарате со експерт за која било тема“, рече извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, на денешната прес-конференција. Тој го спореди овој пробив со моментот кога „Епл“ ги претстави дисплеите со висока густина, чии поединечни пиксели повеќе не можеа да се видат со голо око.

Алтман тврди дека „ГПТ5“ е „најдобриот модел во светот за кодирање“ и пишување, но исто така и за здравствена заштита и долг список на други области.

За разлика од претходните верзии, „ГПТ5“ е претставен како „модел на расудување“, што значи дека користи итеративен пристап кон решавање проблеми – размислување низ повеќе чекори пред да понуди конечен одговор.

Компанијата е толку убедена во супериорноста на новата верзија што го најавува крајот на претходните: „Со доаѓањето на моделот ГПТ-5, ги откажуваме сите наши стари модели“, рече истражувачката Тина Ким за време на презентацијата.

Меѓу проблемите што ГПТ-5 наводно подобро ги решава се долгогодишните проблеми како што се „халуцинации“ – кога моделот измислува непостоечки информации – но и безбедносните ранливости, кои беа особено изразени во неодамнешните истраги како онаа на списанието „Вирд“.

Новиот модел, исто така, воведува можност за избор помеѓу четири предефинирани „личности“: циник, робот, слушател и гик, со цел дополнително прилагодување на стилот на комуникација на корисникот.

Сепак, и покрај помпезните тврдења, Алтман признава дека тие се уште се далеку од крајната цел – вештачка општа интелигенција (АГИ), термин што означува ниво на кое способностите на ВИ би ги надминале човечките.

„Искрено, го мразам терминот АГИ бидејќи секој го користи во различна смисла, но [ГПТ-5] е значаен чекор напред кон модели кои се навистина способни“, рече Алтман.

„Сè уште ни недостасува нешто клучно“.

Исто така, не е јасно дали ГПТ-5 ќе го реши проблемот познат како „Чат ГПТ психоза“, каде што некои корисници пријавиле чувство на губење на контакт со реалноста по долгите сесии за разговор со моделот. Засега, „Опен АИ“ најавува само воведување на „нежни потсетници за паузи“ за време на продолжена употреба.

Како и претходните генерации, ГПТ-5 се потпира на инфраструктура која бара огромни инвестиции и троши огромни количини енергија, што предизвика сè поголеми критики за неговото влијание врз животната средина. И покрај ова, „Опен АИ“ исто така објави два нови јазични модели со „отворена тежина“ претходно оваа недела – gpt-oss-120b и gpt-oss-20b – кои сега сигурно ќе паднат во втор план поради доаѓањето на ГПТ-5.

Компанијата, која започна како непрофитна организација, денес е една од највредните на пазарот. Во среда се појави информација дека „Опен АИ“ е во преговори за продажба на акции во секундарна понуда што би можела да ја процени на дури 500 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет2 часа

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа2 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа2 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет2 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија10 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија13 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија14 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија15 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија16 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија21 час

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија22 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија23 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија23 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија23 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија23 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет1 ден

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...