Hitech
Технички проблеми на iPhone 6

Неколку дена по првите рекордни продажби на новиот модел на iPhone 6, компанијата Apple се најде под притисок и мораше да даде извинување поради техничките проблеми со новиот смартфон кои би требало да бидат испратени во најкус можен рок.
По надградбата на оперативниот систем на своите уреди, многу корисници на Apple почнаа да се жалат на различни проблеми, од паѓањето на мобилната врска или бавната ефикасност.
„Се извинуваме поради непријатностите на кои наидоа нашите корисници“, изјави американскиот гигант.
Правата варијанта 8.0.1 од новиот систем iOS8, која беше пуштена во оптек во средата, правеше пречка iPhone 6 да се поврзе со мрежата и оневозможуваше некои функции на тактилно препознавање, па компанијата мораше да ја повлече по неколку часа.
Од Apple, од каде ветија брзо пуштање на нова варијанта за да ја поправат штетата, ноќта кон петокот на располагање ја стави нова верзија на покраина, наречена 8.0.2. Новата верзија „содржи подобрувања и исправка и го решава проблемот на поврзаност на мрежата како и Touch ID на iPhone 6 и iPhone 6 Plus“.
Помалку од 40 илјади парчиња iPhone 6 и iPhone 6 Plus со iOS 8.0.1, според процената на Apple за која ги извести повеќе американски медиуми.
Во очекување на новата верзија, од Apple на кориснците им понудија привремено решение – повторно да ја инсталираат претходната верзија iOS 8 преку неговиот софтвер iTunes.
Оперативниот систем iOS 8 беше лансирана на 17-ти септември. И во минатото Apple имаше проблеми со софтверот, особено со сервисот за мапирање во 2012 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Денеска се гаси „Интернет експлорер”

„Мајкрософт” ја исклучува својата програма „Интернет експлорер” по 27 години. Од денеска, „Мајкрософт” ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на прелистувачот, „Интернет експлорер 11″.
Компанијата пред повеќе од една година објави дека „Експлорер“ ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Виндоус 10. Не беше вклучен ниту во нејзината надградба на Виндоус 11, објавена минатата година.
„Интернет експлорер” првпат се појави во 1995 година како дел од оперативниот систем Виндоус 95. Во 2016 година,„Мајкрософт” престана да го развива на сметка на својот нов прелистувач „Еџ”.
„Експлорер“ порано беше најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95% удел на пазарот.
Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на други прелистувачи и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како „Андроид” и „ИОС” кои не поддржуваат „Интернет експлорер”.
Hitech
Нова мобилна апликација со која ќе ги следите само оние вести што ве интересираат

Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории.
Новата мобилна апликација ви овозможува: Да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно, да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат, да не прелистувате реклами што ве нервираат, да биде главен и одговорен уредник на вашите вести, да креирате сопствени категории спoред вашите интереси, да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
И можеби најважното – со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажни вести.Доколку не сакате спорт, во апликацијата нема да има вести поврзани со спортот, ако политиката ви е напорна, повеќе нема да читате за дневнополитички настани.
Со само неколкуклика ќе го создадете вашиот персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следите единствено информациите од категориите и изворите кои вие ќе ги одберете.
Бесплатна, лесна и едноставна за употреба и со само неколку клика my newz ќе стане вашето единствено место во потрага по тоа што ве интересира.Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Оваа апликација е единствена во светот по своите карактеристики и може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари
Hitech
(Видео) Јапонски телевизор за лижење: Со сликата доаѓа и вкус

Јапонски професор развил прототип на ТВ-екран кој може да се лиже и кој може да имитира различни вкусови на храна, што наводно е уште еден чекор кон создавање мултисензорно искуство на гледање.
Уредот наречен „Taste the TV“ (TTTV) користи 10 канистри со различни вкусови кои во различни комбинации создаваат вкус на одредена храна. Примерокот на вкусот потоа се нанесува на површината на екранот за да може гледачот да го „вкуси“ јадењето претставено на телевизорот.
Во време на пандемија, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, вели Хомеј Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.
Мијашита вели дека направил прототип на TTTV во текот на минатата година и дека правењето комерцијална верзија би чинело околу 700 долари.
Потенцијалната употреба на оваа технологија би можела да биде за курсеви на далечина за готвачи и сомелиери, или за разни игри и квизови за дегустација, вели професорот.