Контакт

Hitech

ВИДЕО – iPhone 6 се појави на мрежите пред презентацијата на Applе

Објавено пред

Неофицијалниот детален изглед на најавуваниот модел на новиот смартфон iPhone 6 со екран од 12 см се појави на социјалните мрежи неколку дена пред закажаната презентација на 9-ти септември, а на YouTube го поставил кинескиот блогер Zzrays. Во коментарите под видеото се сугерира дека тој или нему блиски изнеле од компанијата Apple еден од уредите.

dobivaj vesti na viber

Ресурсот Ndtv.com се повикува и на други снимки на кинеските корисници. На каналот Tech Gadget Blog се појавија четири видеа, на кои се демонстрирани различни функции на уредот, меѓу кои и апликацијата Health App, којашто според прогнозите вклучува десетина сензори кои мерат различни индикатори на здравствената состојба, особено количеството шеќер во крвта и пулсот на корисникот.Паметниот телефон со ознаката iPhone кој го прикажува Zzrays, работи на оперативниот систем iOS 8, со 64 гигабајти внатрешна меморија.Според податоците на ресурсот iClarified, има основа да се верува дека уредот кој е прикажан е навистина новиот производ на Apple. Како доказ се земаат елементите кои не ги прикажуваа претходните блогерски рецензии за уредот, кои се покажаа како неточни. Овој ресурс го забележува присуството на главното мени на уредот на иконата Passbook, која, како што се претпоставува и беше најавено, претставува симбол на кредитна картичка. Ресурсот се повикува притоа на претходните пишувања на агенцијата Bloomberg на 1-ви септември која објави дека новиот iPhone ќе биде интегриран во платежниот систем. Агенцијата пишуваше дека на презентацијата на новиот уред би можело да биде објавено и дека е постигнат договор со Visа, MasterCard и American Express,Се претпоставува дека дебелината на новиот апарат на Apple ќе изнесува 6 милиметри, Првиот iPhone 6 во продажба ќе се појави на 19-ти септември./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Hitech

Веројатно никогаш не сте слушнале за неа: најмладата светска милијардерка доаѓа од ВИ-светот

Објавено пред

Според „Форбс“, 30-годишната претприемачка од Силиконската долина и коосновач на Scale AI е најмладата милијардерка што сама го стекнала бизнисот.

dobivaj vesti na viber

Scale AI е американска компанија со седиште во Сан Франциско која развива и обезбедува решенија за забрзување на развојот на апликации базирани на вештачка интелигенција – за кои можеби никогаш не сте слушнале досега. Нивниот основен бизнис е управување со податоци и трансформација во висококвалитетни бази на податоци кои се клучни за обука и подобрување на моделите со вештачка интелигенција. Услугите на Scale AI ги користат големи технолошки компании како што се OpenAI, Meta, Microsoft и Nvidia, како и автомобилската индустрија, како и голем број владини и одбранбени институции на САД.

Компанијата, која постои девет години, моментално е во процес на собирање капитал и ќе им овозможи на своите рани сосопственици да ги продадат своите акции на надворешни инвеститори. Овој процес треба да биде завршен до 1 јуни и би можел да ја зголеми проценката на Scale AI на дури 25 милијарди долари, или 80% повеќе од вредноста постигната минатата година во мај, кога стартапот собра 1 милијарда долари инвестиции со проценка од 13,8 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Guo (@guoforit)

Новата рунда инвестиции во компанијата носи и големо зголемување на личното богатство на нејзините основачи, меѓу кои се издвојува Луси Гуо – американска претприемачка за која можеби исто така никогаш не сте слушнале досега. Таа учествуваше во основањето на Scale AI кога имаше само 22 години. Таа го лансираше стартапот заедно со Александар Ванг, сегашниот извршен директор, но поради меѓусебни несогласувања, ја напушти компанијата по само две години, задржувајќи околу 5% од сопственичкиот удел.

Со очекувана проценка од 25 милијарди долари, Гуо скокна на скалата на млади богати жени на првото место. На само 30 години и со богатство од 1,25 милијарди долари, таа се најде на врвот на листата на „Форбс“ на милијардери кои сами си го стекнале богатството. Така, таа ја „детронизираше“ музичарката Тејлор Свифт, која е пет години постара.

Откако ја напушти Scale AI, Гуо го основа својот фонд за ризичен капитал, Backend Capital, а во 2022 година ја лансираше платформата Passes, конкурент на OnlyFans и Patreon, која им овозможува на креаторите на содржини и познатите личности директно да комуницираат и да монетизираат односи со фановите. Passes досега собра околу 50 милиони долари инвестиции, во вредност од околу 150 милиони долари, па затоа нејзиното вкупно богатство, ако се вклучи и тој проект, е уште поголемо.

Прикажи повеќе...

Hitech

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

Објавено пред

Мира Мурати, поранешена главна технолошка директорка (СТО) на „Опен АИ“ и краткотраен в.д. извршен директор по соборувањето на Сем Алтман во 2023 година, повторно е во центарот на вниманието.

dobivaj vesti na viber

Триесет и шестгодишната девојка сега води своја сопствена стартап компанија за вештачка интелигенција – „Тинкинг Машинс Лаб“ – која планира да собере рекордни 2 милијарди долари основен капитал.

Стартапот е основан кон крајот на 2024 година, и додека малку се знае за неговите производи, Мурати неодамна откри дека развиваат модели со вештачка интелигенција фокусирани на соработка меѓу човекот и машината. Според „Бизнис Инсајдер“, оваа почетна рунда на финансирање може да биде најголема во историјата, а вредноста на стартапот се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.

Патот од Албанија до врвот на светската технолошка сцена

Ермира „Мира“ Мурати е родена во албанскиот град Валона, а на 16-годишна возраст добила стипендија на колеџот Пирсон во Канада. Студиите ги продолжила во САД, каде што се стекнала со две дипломи – уметност на колеџот Колби и инженерство на колеџот Дартмут. Во раните фази од нејзината кариера, таа работела во Токио и Франција, а потоа како менаџер во „Тесла“, каде што учествуваше во развојот на „Модел Икс“

Помеѓу 2016 и 2018 година, таа работеше на развој на технологија за проширена реалност во „Лип Моушн“ (сега позната како „Ултралип“).

Улогата во развојот на „Чат ГПТ“ и драматичното заминување од „Опен АИ“

Мурати се приклучи на „Опен АИ“ во 2018 година како потпретседател за применета АИ технологија, а ќе стане CTO во 2022 година. Таа беше клучна фигура во развојот на „Чат ГПТ“, „Дал-Е“ и други напредни модели. По ненадејното соборување на Алтман кон крајот на 2023 година, таа накратко ја презема улогата на в.д. директор, но Алтман се враќа на позицијата по само една недела.

После тоа, Мурати се повеќе излегува во јавноста како заштитно лице на компанијата – таа учествуваше на презентацијата на моделот „Чат ГПТ 4-o“ и се појави на Мет Гала 2024 година, каде „Опен АИ“ претстави персонализиран четбот.

Таа е позната по нејзиниот повнимателен пристап кон развојот на вештачката интелигенција и нејзиното застапување за регулирање на оваа технологија.

„Не треба да се потпираме на саморегулација од страна на компаниите. Регулаторите мора да бидат вклучени“, рече таа во интервју за Тајм.

„Тинкинг Машинс Лаб“– мистериозна стартап компанија која регрутира поранешен персонал на „Опен АИ“

По напуштањето на „Опен АИ“ во септември 2024 година, Мурати ја основа „Тинкинг Машинс Лаб“, која излезе на берза во февруари 2025 година. Нејзините вработени вклучуваат голем број поранешни инженери од „Опен АИ“, „Мета“ и „Антропик“. Некои од креаторите на „Чат ГПТ“, како Џон Шулман и Барет Зоф, исто така се приклучија на тимот.

Визијата и инспирацијата на Мира Мурати

За приватниот живот на Мира Мурати се знае многу малку. На Канскиот филмски фестивал во 2024 година, таа сподели анегдота за тоа како нејзината мајка првпат го прашала „Чат ГПТ“ кога Мира ќе се омажи. Инспирацијата ја наоѓа во филмот „2001: Вселенска одисеја“ и поетската збирка на Рајнер Марија Рилке, додека како една од нејзините омилени песни ја наведува „Параноид Андроид“ на „Рејдиохед“

За Мурати, вештачката општа интелигенција која може да се прилагоди, да учи сама и да решава широк опсег на задачи – ја претставува последната и најважна технологија што ќе ја создаде човештвото. Како што вели таа, оваа визија е причината поради која дошла од „Тесла“, преку „Лип Моушн“, до „Опен АИ“ и сега до сопствен стартап за вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Hitech

Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Објавено пред

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.

dobivaj vesti na viber

На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.

Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.

Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.

Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет3 часа

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија5 часа

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија8 часа

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ9 часа

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија12 часа

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет13 часа

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија24 часа

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ1 ден

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија1 ден

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија1 ден

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија1 ден

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија1 ден

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија1 ден

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет1 ден

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија2 дена

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ2 дена

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија2 дена

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија2 дена

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...