Hitech
Windows 10 ќе ги замени лозинките со скенирање на окото
 
																								
												
												
											Со Windows 10, Microsoft не сака само во оперативниот систем да го донесе само најдоброто за мобилните и десктоп платформие, туку на корисниците да им понуди и сигурност на работната средина која нема да биде базирана само на лозинки.
Како дел од напорите Windows да го направи побезбеден, Microsoft се здружи со селектирана група компании, како Google и PayPal, во поддршка на Fast Identification Online (FIDO) отворениот стандард и користењето алтернативни методи за идентификација, базирана на биометриски читачи.
На овој начин, Windows 10 би се оддалечил од традиционалното логирање со лозинки и ќе го профати FIDO системот од напредната генерација, нудејќи им на корисниците нови методи за аутентификација како што е скенирањето на окото.
Во Microsoftu тврдат дека новиот систем на верификација и логирање е нешто кон што се стремат, но дека претставува и голем предизвик.
Затоа FIDO поддршката, со лансирање на Windowsa 10, е прв чекор кон зајакната безбедност. Новиот оперативен систем на Microsoft, така би мигрирал на методите за верификација кои се локално базирани и не би оддавале никакви информации online, што би ги отежнало хакерските упади во компјутерите со Windows 10.
Читачите на отисоци од прсти и скенери на око, базирани на FIDO 2.0 стандардот, сето ова би го олесниле, а веќе неколку компании произведуваат вакви уреди кои во моментот ги користат сервисите на Google. Windows 10 се очекува во втората половина од оваа година, а Microsoft вети дека ќе ја подобри соработката со FIDO партнерите за новиот оперативен систем помалку да се базира на лозинки, а повеќе на локални системи за верификација./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Hitech
Уредувањето на „Инстаграм сторис“ никогаш не било полесно
 
														„Мета“ ги носи своите ВИ-алатки за уредување директно во „Инстаграм сторис“. Корисниците сега може да пишуваат команди за да додаваат или отстрануваат елементи или целосно да ја менуваат содржината.
Иако „Мета“ претходно нудеше можности за уредување фотографии на „Инстаграм“, тие алатки беа ограничени на интеракција со „Мета ВИ-четботот“ . Додавањето текстуални команди во „Сторис“ сега ги прави овие функции многу подостапни.
Новите опции се наоѓаат во менито „Ристајл“, што се појавува на врвот од екранот на „Инстаграм сторис“ кога ќе ја допрете иконата со четка. За да едитирате фотографија, изберете add, remove или change и опишете што сакате да промените. На пример, „Мета“ објаснува дека можете да побарате да ја промените бојата на косата, да додадете круна на главата или да вметнете зајдисонце во заднина.
Исто така, постојат претходно поставени ефекти што може да ја променат вашата облека или стил на фотографијата. На пример, можете да додадете предмети, како очила за сонце или кожена јакна, или да примените ефект на акварел. За видеа, можете да направите да изгледа како да врне снег или да додадете пламен.
Важно е да се напомене дека кога користите „Мета ВИ“ на „Инстаграм“, се согласувате со условите за користење на „Мета“ за ВИ-функциите, кои ѝ овозможуваат да ги анализира вашите медиуми и црти на лицето користејќи вештачка интелигенција.
Според овие услови, кога ги прикачувате вашите фотографии, „Мета“ може „да сумира содржина, да менува фотографии и да генерира нова содржина врз основа на нив“.
Hitech
„Чат ГПТ“ ќе може да се користи за генерирање еротска содржина
 
														„Опен АИ“ објави планови за ублажување на ограничувањата на својот четбот „Чат ГПТ“, вклучително и дозволување еротска содржина за потврдени возрасни корисници, во согласност со она што компанијата го нарекува „третирај ги возрасните корисници како возрасни“.
Планот на „Опен АИ“ вклучува објавување ажурирана верзија на „Чат ГПТ“, што ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат личноста на нивниот ВИ (вештачка интелигенција) асистент – вклучувајќи опции за поприродни, „човечки“ одговори, поинтензивна употреба на емотикони или попријателско однесување. Најзначајната промена се очекува во декември кога „Опен АИ“ планира да воведе посеопфатен систем за верификација на возраста, што би дозволил еротска содржина само за корисници што потврдиле дека се полнолетни. Компанијата не објави веднаш детали за методите за верификација на возраста или дополнителни заштитни мерки за таква содржина.
Во септември „Опен АИ“ лансира специјална верзија на „Чат ГПТ“ за корисници под 18 години, која автоматски пренасочува кон содржина соодветна за возраста и блокира експлицитен и сексуален материјал.
Компанијата исто така објави развој на технологија што ја проценува возраста на корисникот врз основа на тоа како комуницира со „Чат ГПТ“.
Во објава на „Икс“, извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, рече дека построгите заштитни мерки воведени поради проблеми со менталното здравје го направиле четботот „помалку корисен и забавен за многу корисници што немаат проблеми со менталното здравје“.
Построгите безбедносни контроли беа воведени откако Адам Реин, тинејџер од Калифорнија, изврши самоубиство оваа година; Неговите родители поднесоа тужба во август, тврдејќи дека „Чат ГПТ“ му дал конкретни совети за тоа како да го направи ова. Само два месеци подоцна, Алтман изјави дека компанијата успеала во ублажување на сериозни проблеми со менталното здравје.
Федералната трговска комисија на САД (FTC) исто така почна истрага за неколку технолошки компании, вклучувајќи ја и „Опен АИ“, за тоа како четботовите со вештачка интелигенција може негативно да влијаат врз децата и тинејџерите.
Hitech
Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот
 
														Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.
Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.
После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.
„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											