Забава
Ким и Вест исмејувани зашто момченцето го крстија Светец
Раперот Кание Вест и ѕвездата на реалните програми Ким Кардашијан го избраа името за своето второ дете, момченцето родено во саботата, коешто ќе се вика Светец (Saint) и дел од јавноста веќе на социјалните мрежи го проследи тоа со потсмевање.
Иако се претпоставуваше американскиот магазин People објави во неделата дека двојката го избрала името Саут (Sauth – Jug), водејќи се од тоа што Кардашијан и Вест веќе ја имаат две ипол годишната ќеркичка Норд (North – Север), Ким името на својот новороден син го објави во понеделникот на Twitter со цртеж кој ја претставува неа, нејзиниот сопруг, ќерката Норд и бебето.
„Престануваме да работиме, Не постои можност ние или некој друг да направи шега која е толку одлучна како што Кание го нарече својот син Сент Вест“, напиша ресурсот e Comedy Central UK на Twitter.
Забавната интернет страница Eonnline цитира неименуван извор според кој компликуваната бременост на Кардашијан одиграла улога во изборот на името. Имено, името Сент е избрано поради тоа според значењето е сродно на благословот, особено поради тоа што имаше многу тешка бременост, рекол изворот.
Бременост на Кардашијан беше објавена кон крајот на мај 2015 година, една година откако официјално беше склучен бракот меѓу двете ѕвезди. Таа објава следеше откако двојката неколкупати се обидуваше да ја надвладее тешкотијата со неплодноста за којашто Ким редовно зборуваше во нејзината емисија „Keeping Up with Kardashians“. Раѓањето на ќерката било тешко, и по него Кардашијан била подвргната на серија операции. Лекарите, меѓутоа, не беа убедени дека таа ќе може да носи второ дете./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тони Цетински со порака за роденденот на Тоше Проески: „Ти беше мојот брат по душа“
Денеска се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески, а по тој повод бројни негови пријатели и колеги од музичката сцена се присетија на „славејот од Крушево“ со објави на социјалните мрежи. Меѓу нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински, кој и годинава му оддаде почит со две објави на Инстаграм.
Во првата, пократка објава, Цетински сподели неколку нивни заеднички фотографии и напиша: „Тоше, недостасуваш. Засекогаш твој. Потпишувам!“.
Во втората објава, придружена со илустрација на која се прикажани двајцата, Тони сподели подолга и емотивна порака.
„Тоше засекогаш…
Денес се сеќавам на него, не само како на голем пејач, туку како на човек каков што ретко се раѓа.
За мене, Тоше не беше ѕвезда од сцената, туку брат по срце. Знаеше да слуша, да разбере и без зборови и да насмее, дури и тогаш кога ми се чинеше дека светот застанува.
Кога ќе ме погледнеше, чувствував дека го гледа најдоброто во мене. Неговата топлина беше заразна, а неговата скромност нешто што те учеше како да бидеш подобар човек.
Тој беше човек што никогаш не поминуваше покрај туѓата тага – ќе застанеше, ќе помогнеше, ќе насмееше, ќе утешеше.
И никогаш не бараше ништо за возврат.
Денес, на неговиот роденден, палам свеќа и пеам тивко, затоа што знам дека некаде ме слуша.
Ми недостига неговата смеа, неговата едноставност, неговата вера во луѓето.
Но, кога ќе ги чујам неговите песни, како повторно да е тука, покрај мене, насмеан и смирен, и ми вели:
‘Не тагувај, пријателу… само сакај.’
И тогаш сфаќам – тој никогаш не си заминал.
Тоше остана во секое срце што го допрел, во секој збор што носи добрина, во секоја насмевка што се раѓа од љубов.
За мене, тој не беше само ангелски глас.
Тој беше мој брат по душа.
И сѐ додека го паметам со љубов, тој сè уште пее“, напиша Цетински.
Забава
Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид
Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид.
Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената.
Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави јасен и препознатлив белег во современата регионална музика. Неговото творештво се темели на стабилен авторски израз, прецизна вокална интерпретација и репертоар која успеа да ја задржи својата релевантност низ времето.
Токму таа доследност го позиционираше како уметник со публика што не е врзана за момент, туку за вредност.
Концертот во Охрид ќе биде обликуван како целосно музичко доживување, со вниматело одбран репертоар кој ги опфаќа најзначајните композиции од неговиот богат опус.
Античкиот театар, како сцена со исклучителна културно-историска тежина и природна акустика, нуди редок амбиент каде музиката може да се доживее во својата најчиста форма. Токму во таков простор, ваков тип на концерт добива дополнителна длабочина и значење, оставајќи простор за емотивна поврзаност.
Се чини сосема доволно, за предвреме го етикетираме како спектакл кој нема реприза. Затоа не чекајте и веднаш обезбедете ги вашите билети.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5731
Забава
Концерт на „Некст Тајм“ на 27 ноември во Скопје
По 18 години присуство на македонската музичка сцена, исполнети со песни што го надминаа времето, а и трендовите, Некст Тајм на 27 ноември ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова е концерт за сите „некогаш“ и сите „сега“. За сите што пораснаа со нивната музика, но и за оние што допрва ја откриваат. Вечер во која македнската музика добива простор, глас и сцена каква што заслужува.
На 27 ноември, арената „Борис Трајковски“, ќе стане простор каде што ќе се пеат песни што одамна ги знаеме наизуст, но и ќе се почувствува силата на едно музичко име кое опстојува со квалитет, доследност и свој препознатлив израз. Со продукција достојна за ваков момент и внимателно осмислен репертоар, концертот ветува доживување кое го надминува форматот на обична музичка вечер.
Некст Тајм со години успешно го спојуваат современиот звук со македонското музичко наследство. Обработките на традиционалните песни како „Ја излези Ѓурѓо“, „Зајди, зајди“, „Налеј, налеј“ и други македонски народни теми, добија нов живот преку нивниот препознатлив израз, со почит кон оригиналот, но со современа емоционална сила што им овозможи на овие песни да допрат и до помладата публика.
Токму оваа способност, да се зачува коренот, а да се пренесе емоцијата во ново време, лежи еден од најсилните адути на Некст Тајм.
Некст Тајм во Скопје. За љубовта кон музиката. И за љубовта кон македонската песна.
Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5732

