Забава
Клиентка во Старбакс добила зајадлив одговор откако кажала дека нејзиното име е Бијонсе
Ако некогаш сте биле во Старбакс кафетерија, веројатно ви е познато дека персоналот ќе ве праша кое е вашето име за да напишат на чашата.
Ова не е само поперсонален начин да им се удоволи клиентите, туку исто така помага да ја добиете вашата нарачка без да настане грешка доколку во каферијата има метеж.
Една млада жена неодамна мислела дека ќе се позабави со оваа практика во локалната кафитерија – и така таа на баристката ѝ кажала дека нејзиното име е Бијонсе.
Но, баристката која ја примила нејзината нарачка очигледно не ѝ поверувала, и девојката добила мошне зајадлив одговор.
Наместо да го напише името на пластичната чаша, баристката напишала “U Wish” или „би сакала да бидеш“. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како Метју Меконахи ја пронајде жената на својот живот: еден сон го „отрезни“
Метју Меконахи рекол дека благодарение на еротски сон, ја пронашол љубовта на својот живот, пишува „Us Weekly“.
„Во моите средни триесетти години, ја барав љубовта на мојот живот, мојот најдобар пријател и мајката на моите деца. Барав повеќе, барав само една, ја барав неа, а потоа имав чуден сон“.
Тој го видел своето постаро јас, вели тој, седејќи на стол за лулање на тремот од својот дом. Не бил сам, туку му правеле друштво 22 жени со кои има 88 деца, а имало дури и 22 возила.
Меконахи нагласил дека во сонот не бил во брак со овие жени, туку дека тие го претставуваат мирот и среќата што долго време ги барал. Тој исто така рекол дека секое поединечно дете симболизира една година од неговиот живот, а причината за нивното собирање била да го прослават неговиот 88-ми роденден.
„Секоја жена била смирена и задоволна, а секое дете било насмеано и здраво. Сите се познававме многу добро“, напишал тој.
Тој рече дека има убави спомени од овие жени.
„Секоја мајка и јас споделувавме идилични спомени, во вториот дел од сонот децата ми седеа во скут“, рече тој и откри дека на крајот од сонот направиле и семејна фотографија.
Време е
Метју Меконахи рече дека овој сон многу му помогнал да ја оствари својата животна желба – да стане татко. Тој исто така нагласи дека благодарение на ова „духовно будење“ престанал да ја бара совршената жена.
„Тоа беше духовен знак, порака да се предадам, да престанам намерно да ја барам совршената жена и да го прифатам природниот процес на селекција, да ја најдам, таа да ме најде мене или едноставно да не се случи. Затоа престанав да ја барам.“
И потоа…
Откако се откажа од потрагата по жената на својот живот, се случи нешто неочекувано. Три месеци подоцна, ја запозна Камила Алвес, неговата сегашна сопруга, во еден бар во Лос Анџелес.
„Три месеци подоцна, ја запознав Камила“, напиша тој. „Дваесет години подоцна, таа е сè уште единствената жена со која некогаш сум сакал да излегувам, да спијам или да се будам покрај неа.“
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ким Кардашијан воодушеви со нејзиниот стајлинг
Ким Кардашијан веќе долго време привлекува внимание. Неодамна докажа дека има префинет вкус за мода и култни трендови, а сега покажа како винтиџ фустаните на Александар Меквин добиваат поинаков тон во темна атмосфера.
Таа носеше лелеава креација во кафеава боја со асиметричен крој и длабоко деколте, а е дел од колекцијата пролет/лето 2003 на Меквин.
За фотосесијата, Кардашијан избра мирна вечер, но и леден океан за да ги создаде овие магични снимки, како водна нимфа што си игра на површината на водата.
Сепак, ако ја анализирате објавата подетално, ќе забележите дека нејзиното играње на површината на водата е всушност референца на кадар од краток филм на Џон Мејбери што ја краси ревијата „Irere“ на Меквин во 2003 година.
Како и да е, грациозноста и елеганцијата беа секако забележливи, а да не зборуваме за витката фигура. Обожавателите на Кардашијан имаа само убави зборови за овој моден едиторијал.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Каква убавица: славната манекенка од 90-тите гледаше Формула 1 во шик облека
Трката на Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас заврши, а возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја однесе победата. На настанот присуствуваа бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста кои го привлекоа вниманието на јавноста со атрактивни комбинации.
Прво, имавме можност да го видиме бомбастичното деколте на познатата Бијонсе, а Наоми Кемпбел не нè изненади помалку. И додека поп-ѕвездата носеше комбинезон со мотиви од трката на Формула 1, легендарниот модел од 90-тите изгледаше како штотуку да излегла од модната писта.

За оваа посебна пригода, таа носеше шик комбинација – лежерен кафеав комбинезон кој го надополни со тренч од змиска кожа од Ели Сааб. Деколтето исто така беше забележливо, што само малку ја скокоткаше имагинацијата на љубопитните набљудувачи.

Таа додаде очила во својот стил, а што се однесува до фризурата – се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по рамената.
фото: принтскрин

