Забава
Кодак промовираше смартфон со екстра моќна камера
Компанијата Кодак, која долги години беше позната по фотоапаратите, го претстави Kodak Ektra, првиот паметен телефон со професионална камера.
Последното технолошко достигнување на компанијата, која постои од далечната 1888 година, оригиналната Kodak Ektra камера ја претстави во 1941 година, а нејзиното последно достигнување им ја отвора креативната можност на сите оние на кои им е важен квалитетот на фотографијата“, рече Џеф Кларк, извршен директор во Кодак.Тој додаде дека камерата ќе биде посебно ефикасна во послабо осветлени простории.„Ќе ви помогне со различни видови на фотографии“, рече Кларк, при тоа нагласувајќи дека станува збор за Андроид телефон што го краси главна камера од 21 мегапиксел, додека предната камера има 13 мегапиксели. Со паметниот телефон доаѓа и посебна апликација за обработка на фотографиите.Што се однесува до техничките карактеристики, тука е пет инчниот 1080п дисплеј, 3ГБ рам, 32ГБ внатрешна меморија, можност за 4К видео и микроСД конектор.Цената изнесува 550 долари, околу 30.000 денари, а како ќе помине на пренатрупаниот пазар со паметни телефони, останува да се види. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото
Урмите се сметаат за едно од најздравите овошја во светот, а многу експерти препорачуваат нивно редовно консумирање. Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото.
Редовното консумирање на урми помага во развојот на добри бактерии во цревата, што го подобрува варењето и општото здравје на телото.
Според извештаите, луѓето кои страдаат од анемија треба почесто да јадат урми, бидејќи се добар извор на магнезиум.
Урмите содржат и калиум, кој помага да се запре дијарејата, а нивната редовна употреба придонесува за обновување на цревната флора.
Јадењето урми во текот на последните четири недели од бременоста може да ги ублажи породилните болки и да го намали крварењето.
Жените кои јаделе урми пред породувањето често имале полесно и побрзо породување во споредба со оние кои не ги консумирале.
Хранливи материи
Поради високата содржина на хранливи материи, урмите даваат чувство на ситост и можат да помогнат при слабеење. Ако се јадат на празен стомак, тие помагаат во регулирањето на работата на цревата и му обезбедуваат на телото природен извор на енергија преку природни шеќери.
Луѓето со ослабено срце можат да ги користат урмите на следниов начин: во текот на ноќта потопете ги урмите заедно со семките во вода, наутро извадете ги семките и блендирајте го овошјето во блендер со водата во која стоеле.
Се препорачува да го пиете овој пијалок неколку пати на ден за зајакнување на срцето.
Покрај тоа, урмите можат да помогнат во намалувањето на нивото на лош холестерол, што ги прави исклучително корисен додаток во вашата дневна исхрана.
фото/Depositphotos
Забава
Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години
Љубовта честопати зближува двајца луѓе на начини што е тешко да се објаснат. На почетокот, разликите може да изгледаат возбудливи и природни, но со текот на времето, динамиката на врската може да се промени. Она што некогаш функционирало можеби не мора да одговара на нашите подоцнежни потреби. Тогаш разликите меѓу партнерите можат да почнат да ја поткопуваат врската.
Советникот и терапевт Стивен Сислер и советничката Кетлин Милер идентификуваа две навики што одредуваат дали една личност ќе остане во брак по 40-тите години.
1. Познавање на себеси
Важно е да се запознаеме себеси и да разбереме каква личност сме, какви се нашите карактеристики, потреби и граници. Кога го знаеме ова, полесно е да ги споделиме овие информации со нашиот партнер за подобро да се разбереме едни со други.
„Овој пристап овозможува да се земат предвид потребите на двете страни. Врската потоа станува соработка, а не извор на недоразбирање“, наведуваат советниците од YourTango.
Луѓето кои се самосвесни имаат поголема веројатност да управуваат со сопствените емоции и да ги изразат своите чувства појасно.
„Таквата самосвест помага во решавањето на конфликтите и прилагодувањето кон промените што доаѓаат со возраста. Кога знаеме што сакаме и ни треба, помалку е веројатно дека ќе го потиснеме незадоволството. Ова ја зајакнува стабилноста на врската“, додаваат Сислер и Милер.
2. Почитување на меѓусебните разлики
„Партнерите не мора да бидат исти за да функционира една врска. Обидот да се промени другата личност и да се прилагодиме на нашиот животен стил честопати создава дополнителни проблеми. Важно е да се прифати дека вашиот партнер има различни навики, мисли и погледи на светот. Разликите не мора да бидат пречка, туку дел од заедничкиот живот“, забележуваат експертите.
Почитувањето на овие разлики е клучот за долгорочна врска. Кога го прифаќаме нашиот партнер таков каков што е, тензијата и чувството на отфрлање се намалуваат.
„Разбирањето дека некој не дејствува од злоба, туку од сопствена природа, може да ја промени целата динамика на врската. Таквиот пристап поттикнува мир, доверба и емоционална сигурност“, тврдат Сислер и Милер.
На крајот на краиштата, врската се гради врз прифаќање, доверба и секојдневниот избор да останат заедно. Само љубовта не е секогаш доволна ако не е поткрепена со труд и посветеност. Секој ден носи можност повторно да го избереме партнерот и врската што ја градиме. Советниците заклучуваат дека токму овие секојдневни избори прават разлика и овозможуваат бракот да трае над 40 години.
фото/Depositphotos
Забава
Метју Меконахи откри што најмногу ги уништува врските
Холивудскиот актер Метју Меконахи откри што, според него, е една од најголемите грешки во љубовните врски. Во гостување во подкастот на Џеј Шети, тој истакна дека најопасно е партнерите да почнат да се земаат „здраво за готово“.
„Проблемот настанува кога ќе престанете да вложувате труд и ќе мислите дека љубовта се одвива сама од себе“, рече актерот, додавајќи дека и бракот бара свесна одлука, внимание и мали секојдневни гестови – како подготвување кафе за партнерот.
Меконахи предупреди и на нереалните романтични очекувања, велејќи дека партнерите не треба да се ставаат на пиедестал. „Никој не може постојано да биде совршен. Тоа е нефер и неодржливо“, истакна тој.
Според него, љубовта не треба да биде „сијалица од 100 вати“, туку „од 30 вати“ – помалку блескава, но подолготрајна, постабилна и пореална.
Меконахи е во брак со Камила Алвес од 2012 година, а често нагласува дека почитта, комуникацијата и малите секојдневни гестови се клучот за нивната долготрајна врска.
Фото: depositphotos

