Контакт

Забава

Лимузина од источна Германија продадена за 95.000 евра

Објавено пред

Лимузината „Citroen CX – Honecker“ која источногерманскиот комунистички режим ја купил за потребите на планираната посета на францускиот претседател во 1989 година, е продадена за 95.000 евра, што ги изненади стручњаците кои очекуваа најмногу половина од оваа сума.

dobivaj vesti na viber

Автомобилот всушност никогаш не бил искористен, бидејќи планираната државничка посета на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран на Источен Берлин по повод 40-годишнината од основањето на Демократска Република Германија (позната по кратенката DDR), била одложена поради почетокот на распаѓањето на комунистичкиот блок, пишува во четвртокот магазинот Autobild.

Во ноември 1989 година беше урнат Берлинскиот ѕид и за помалку од една година државата Источна Германија исчезна по што двете Германии поделени по Втората светска војна повторно се обединија.

Споменатата лимузина „Citroen CX – Honecker“ со сиви кадифени седишта стоела конзервирана 26 години за на традиционалната автомобилска аукција „Artcurial“ во Париз да биде продадена за многу повисока цена од очекуваната.

Источногерманскиот комунистички челник Ерих Хонекер го нарачал овој автомобил со месеци пред почетокот на уривањето на комунистичкиот режим.

Освен по должината од речиси пет метри, овој „Citroen CX“ е скромно возило мерено според стандардите за лимузина, бидејќи нема кожни седишта, ниту внатрешни делови изработени од висококвалитетно дрво. Но затоа е опремено со софистициран за тоа време клима уред, добро внатрешно осветлување и сино ротирачко светло на покривот./крај/мф/сн

Извор: DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Маргарет Квали: Ми требаше една година за лицето да ми заздрави од маската во филмот „Супстанција“

Објавено пред

Во недамнешното интервју за подкастот Happy Sad Confused, актерката Маргарет Квали откри дека ѝ била потребна една година кожата да и’ се опорави од иритацијата предизвикана од протезите на лицето користени за време на снимањето на филмот „Супстанција“. Состојбата била толку лоша што режисерката Корали Фаргеат морала да избегне да го покаже нејзиното лице во некои кадри.

dobivaj vesti na viber

„На самиот почеток во првите сцени,  моето лице беше уништено“, рече Квали.

„Едноставно повеќе не можеа да го снимаат моето лице“.

Проблемите со акните предизвикани од протетиката продолжиле и по завршувањето на снимањето на филмот. Таа поминала низ овие тешкотии додека работеше на нејзиниот следен филм, Kinds of Kindness, каде играше четири лика – Вивијан, Марта, Ребека и Рут. Сепак, се покажа дека тоа е, барем делумно, предност за една од улогите во драмата на режисерот Јоргос Лантимос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Margaret Qualley (@isimolady)

„Го знаете ликот кој има многу акни? Па, тоа ми беа акните од протетика“, се пошегува ќерката на актерката Енди Мекдауел.

„Помислив: „Ова е совршено. Глумам многу различни ликови, а за еден од нив ќе ги искористиме моите луди протетски акни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Margaret Qualley (@isimolady)

„Веројатно ми требаше една година физички да се опоравам од сето тоа“.

„Супстанција“ стана најголемото изненадување на овогодинешната сезона на филмски награди. Деми Мур го освои својот прв Златен глобус оваа година за нејзината главна улога во филмот, кој ја следи телевизиската ѕвезда која се бори додека користи мистериозна „чудотворна“ дрога за да создаде помлада и комерцијално попривлечна верзија од себе.

Прикажи повеќе...

Забава

Се разведуваат Мишел и Барак Обама?

Објавено пред

Се појавија шпекулации за можен развод на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. Шпекулациите беа поттикнати од фактот дека Мишел не присуствуваше на државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари 2025 година, но и со најавата дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

Нејзиното отсуство поттикна шпекулации за можни брачни проблеми. Иако претставниците на Обама потврдија дека тој ќе присуствува на инаугурацијата, тие не дадоа објаснување за отсуството на Мишел. Оваа ситуација доведе до дискусии на социјалните мрежи, но и до написи во таблоидите.

„Се разведуваат ли Обама?“, „Каде е Мишел? Неволја во рајот?“, пишуваат коментаторите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

Важно е да се напомене дека ова не е првпат да се појавуваат шпекулации за брачните проблеми на Обама. Во текот на годините медиумите повремено известуваа за наводни несогласувања и проблеми, но парот секогаш остана заедно, честопати јавно зборувајќи за предизвиците и компромисите во нивниот брак. Мишел во неколку наврати спомена дека поминале низ тешки времиња, но заедно ги надминале.

Ниту Барак ниту Мишел Обама не ги коментира озборувањата.

Прикажи повеќе...

Забава

Пеп Гвардиола ќе се исели од семејниот дом по разводот: вилата ja купи за 10 милиони евра

Објавено пред

Пеп Гвардиола наводно ќе се исели од семејниот дом во Барселона вреден 10 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми. Неодамна се појави веста дека шпанскиот фудбалски тренер и неговата сопруга Кристина Сера се разведуваат по повеќе од 30 години брак.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Манчестер Сити секогаш остануваше во семејната куќа кога се враќаше во Барселона. Луксузниот имот во најелитниот кварт на Барселона некогаш бил во сопственост на Рафаел Маркез, а Гвардиола го купил за 10 милиони евра пред четири години. Вилата има четири ката и голем базен, а зафаќа парцела од повеќе од 22.000 квадратни метри. Самата куќа е 8.000 квадратни метри.

Според шпанските медиуми, се очекува Пеп по разводот да се исели од вилата и да продолжи да живее во луксузен имот во Салфорд, Англија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 минути

(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица

Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор,...

Свет21 минута

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа,...

Свет26 минути

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе

Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на...

Свет12 часа

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...

Македонија13 часа

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка...

Македонија14 часа

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари,...

Македонија17 часа

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија17 часа

Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии

Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на...

Македонија18 часа

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата...

Македонија20 часа

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија21 час

Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет22 часа

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, наголемо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...

Македонија22 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови

Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4...

Европа23 часа

Путин игра на картата крај на војната: услови за Украина, кои би означиле траен крај на конфликтот

Русија ќе бара Украина драстично да ги намали воените врски со НАТО и да стане неутрална држава со ограничена армија...

Свет24 часа

(Видео) Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи по договорот со Хамас: „Ова не е едноставна ситуација“

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави вчера вечер дека постигнатиот договор со палестинскиот Хамас е „важен чекор“ и е неопходен за...

Свет1 ден

Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од...

Свет1 ден

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за создавање опасна олигархија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет1 ден

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет1 ден

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...

Свет1 ден

(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците...