Забава
Ловец преживеа напад на мечка и куршум од спасител

Канадски ловец заздравува од несреќата којашто ја преживеал во текот на лов кога бил нападнат од гризли и од истрелот на несреќен колега кој се обидел да го спаси од нападот на разјарената мечка.
Инцидентот се случил во неделата наутро во близина на Флетдејд во Британска Колумбија , каде што барем едно гризли може да се најде на секои петнаесет квадратни километри“. Како што наведува локалното туристичко биро.
Двајцата ловци биле во шумата која наишле на мажјак гризли кој веднаш се устремил кон едниот од нив. „Другиот ловец запукал и ја убил мечката но притоа го ранил својот колега“, изјавил во понеделникот за AFP Дејвид Карн, портпарол на министерството за природна околина на споменатата канадска покраина.
Неименуваниот 56-годишен ловец во нападот се здобил и со длабоки рани. „Со хеликоптер во неделата наутро бил префрлен во најблиската болница, каде лекарите ја оценија неговата состојба стабилна“, додал портпаролот.
Ренџерите отвориле истрага, иако сметаат дека гризлито е единствениот „виновник“ за инцидентот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Таа ми ја врати насмевката по скршено срце“: конечно ја официјализираа својата врска

Иако долго време се шпекулираше дека се во врска и всушност никогаш не добивме официјално признание дека се нов славен пар, љубовната врска помеѓу Џенифер Анистон и Џим Кертис е дефинитивно вистинска.
Откако актерката и ѕвезда од култната серија „Пријатели“ неодамна објави фотографии на кои го „крие“ своето ново момче, а нејзините обожаватели не го пропуштија, Џим отворено проговори за нивната врска и нагласи дека Џен му ја вратила насмевката на лицето по „нездравата врска“ во која бил, според Дејли Меил.
Во емотивно писмо до своите следбеници, тој ја потврди својата романса со Џенифер, иако во ниту еден момент не ја именуваше. Сепак, не беше тешко да се заклучи за кого станува збор.
„Повторно ја пронајдов љубовта, но дури откако научив како да се усогласам со љубовта одвнатре кон надвор“, напиша тој.
„Неодамна бев на многу поинакво место отколку што сум денес. Бев скршен од болка, физички и емоционално. Нездравата врска ме остави скршено срце и ме остави да се прашувам колку навистина вредам. Ја репрограмирав мојата потсвест, што ми даде самодоверба за која дури и не знаев дека ја имам“, објасни Џим.
Тој и познатата актерка првпат се поврзаа во јуни, кога за прв пат беа видени заедно во хотел во Калифорнија, а потоа поминаа време во Шпанија, кога сè стана многу појасно.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Потврди зошто е една од најубавите и најуспешните модели

Познатата унгарска манекенка Барбара Палвин е фотографирана во Париз, каде што бројни познати личности уживаа во Неделата на модата, а папараците ја фатија како пристигнува на вечера организирана од модниот бренд Polène.
Барбара пристигна во елегантен фустан кој ја нагласуваше нејзината раскошна убавина и покажа зошто моментално е меѓу најбараните модели и зошто ја гледаме на речиси сите модни настани во последните месеци.
Заедно со цветниот, кадифен мини фустан „Sau Lee“, кој ја следи нејзината витка фигура и ги нагласува нејзините долги нозе со допир на заводливост во форма на мал прорез, таа носеше еден од најпрепознатливите модели на чантите од брендот Polène, како и модерни чевли со зашилени врвови.
Имаше дискретна шминка, а косата ѝ беше собрана во раскошна пунџа за да го истакне лицето, но и она што го носеше за оваа посебна вечерна пригода.
фото: принтскрин
Забава
Фероинвест спонзор на меѓународниот натпревар во латино танци во Скопје

Фероинвест беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF).
Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и високите стандарди го вброија овој натпревар меѓу најзначајните танцови настани во регионот.
Натпреварот се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, каде публиката имаше можност да ужива во настапите на врвни танчари и да биде дел од незаборавна вечер исполнета со енергија, емоции и танцова уметност.
Фероинвест и овој пат ја потврди својата определба за општествена одговорност, поддржувајќи активности од значење за заедницата. Компанијата редовно инвестира во области како што се образованието, здравството, спортот, уметноста, религијата и социјалните иницијативи.
(ПР)