Забава
Македонци урнаа Гинисов рекорд во туркање автомобил

Александар Чекоров и Александар Смилков се најновата македонска гордост, кои успеаа да срушат уште еден “Гинисов рекорд”!
Ним им беа потребни помалку од 24 часа, за да го соборат рекордот во туркање автомобил – период во кој успеаа да поминат 95 километри и 120 метри. Во кругови, Чекоров и Смилков во Спортскиот центар “Форца”, направија точно 1.039 круга, на специјално дизајнирана патека за оваа намена.
Претходниот рекорд во оваа категорија изнесуваше 82,4 километри, а неговото надминување за повеќе од десет километри, нѐ остава да веруваме дека овој рекорд, уште долги години ќе биде во сопственост на двајцата Македонци.
Подвигот за рушење на овој невообичаен “Гинисовиот рекорд” започна вчера изутрина во 08:00 часот, а со поддршката од најблиските, но и поддржувачи кои дојдоа да ги бодрат двајцата натпреварувачи, Александар Чекоров и Александар Смилков успеаа во својата намера и покажаа фантастична физичка подготвеност. Факт кој не изненадува, познавајќи ги Чекоров (прв Македонец кој истрчал 100 километри, сопственик на рекорд на ултрамаратонски трки (558 и 890 километри) и Смилков (маратонец), како активни и истакнати македонски спортисти.
Комплетниот подвиг беше документиран според стандардите кои се пропишани за обид за рушење на “Гинисов рекорд”, а во следните недели се очекува и официјална информација и потврда за ратификување на новиот рекорд – сопственост на Чекоров и Смилков, притоа на цела Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл3. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.
Во последните години некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените голи фустани. За да се обезбеди поголема пристојност, организаторите одлучија да забранат вакви облеки оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области во кои се одржува фестивалот“, се наведува во официјалната одлука објавена од странските медиуми.
Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе му биде одбиен на секој што не ги почитува горенаведените правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските станици што го емитуваа настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
За потсетување, 78. издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.
Забава
(Видео) Кристина Аплгејт ги откри првите симптоми на мултиплекс склероза: „Беше суптилно“

Актерката Кристина Аплгејт, најпозната на пошироката јавност по улогите во сериите Married… with Children и Dead to Me, во 2021 година зборуваше за најраните знаци на болеста што засекогаш ѝ го промени животот – мултиплекс склероза.
За време на гостувањето во поткастот Conan O’Brien Needs a Friend, Аплгејт сподели лично и емотивно сведоштво за тоа како сè почнало.
Иако во тоа време сè уште играла тенис и планинарела, првиот симптом, вели таа, бил толку суптилен што лесно можела да го игнорира: трпење и вкочанетост во прстите на нозете.
„Беше јануари 2021 година. На мајка ми ѝ беше дијагностициран рак третпат, а се случуваа и други стресни работи… Беше многу трауматично време. Почнав да чувствувам вкочанетост во прстите. Само малку. Сè уште бев физички активна, но нешто не беше во ред“, рече Кристина.
Како што минуваа месеците, симптомите се ширеа, од прстите на нозете до глуждовите, а потоа и до колената. Таа почнала да ја губи рамнотежата, сфатила дека почнува да се чувствува непријатно кога е на високо, а болката станала неподнослива. „Кога велам дека беше вкочането, беше, но исто така болеше“, додава Аплгејт.
Ѝ помогнала нејзината пријателка и колешка Селма Блер, која самата се бори со истата болест. Блер беше таа што ја убеди да посетам невролог, што доведе до официјалната дијагноза.
Денес, на 53-годишна возраст, Кристина не крие колку е предизвикувачки секојдневниот живот со мултиплекс склероза за неа. За време на поткастот таа призна дека имала симптоматски навистина лош ден и дека понекогаш, едноставно, не може да функционира.
„Да го видат луѓето мојот живот секој ден, нема да може да го поднесат. Бидејќи понекогаш ни јас не можам да го поднесам“, искрено рече таа. Покрај физичките тешкотии, Кристина се бори и со стигмата што често ја носи болеста.
Забава
Концерт на Владо Јаневски во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Овој настан, организиран од „Прагма продукција“, е уште една потврда за исклучителната уметничка тежина што Јаневски ја носи со себе речиси три децении.
Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата ќе оживеат баладите што се дел од колективната емоција – „Црно тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме.
Во градот во кој секоја калдрма има приказна, а секој здив е исполнет со историја и убавина, Владо ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика што го следи и сака со генерации. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера, ќе биде идеалната сценографија за едно вечерно музичко патување низ безвременските хитови на овој врвен уметник.
Концертот на 8 август ќе ве потсети на моменти за кои сте мислеле дека сте ги заборавиле, ќе ве натера да се сетите кого сте сакале, кого сте изгубиле и зошто љубовта секогаш останува најважната животна лекција.