Забава
Министерка се појавила во бикини на плажа
Министерката за култура и млади на Јамајка, Лиса Хана, го привлече вниманието на светската јавност во последните денови, но не со својата работа, туку со тоа што се појави во бикини на плажа.
Министерката на социјалните мрежи поставила фотографија од плажата, кадешто уживала во морето и сонцето облечена во жолто бикини и бела маица со ликот на Боб Марли.
Сепак, тоа што требаше да биде само еден „поздрав од море“ предизвика лавина коментари како во Јамајка, така и во другите делови на светот.
Конзервативците ја критикува бидејќи сметаат дека на министерка за култура и млади не и доликува да се претставува во едно такво светло. Одделни медиуми наведоа дека не е проблем тоа што министерката се шета во плажа во бикини, туку поради тоа што фотографиите се користеле за промотивни цели.
Од друга страна нејзините приврзеници тврдат дека сите на плажа се шетаат во костими за капење и зошто тоа не би го направила министерката. Одредени познати личности дури ја пофалија министерката за нејзината опуштеност и здравиот изглед.
Хана (39) стана позната во 1993 година кога како Мис на Јамајка ја освои титулата мис на светот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Џиџи Хадид и Бредли Купер конечно снимени заедно, на натпревар
Актерот Бредли Купер (50) и манекенката Џиџи Хадид (29) се фотографирани на НФЛ натпревар помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс.
@myboybraids Eagles Football 🏈#philadelphiaeagles #fyp #bradleycooper #gigihadid ♬ original sound – BillyBadAss
На „Тик ток“ се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.