Контакт

Забава

Моника Белучи во цветно издание на „Dolce Gabana“

Објавено пред

Италијанската актерка Моника Белучи, на филмскиот фестивал Лос Кабос, ја доби наградата за Животно дело.

dobivaj vesti na viber

Една од најубавите светски актерки, 52-годишната Белучи, на филмскиот фестивал, ги шармирала присутните со здолништето на „Dolce Gabana“.

Синиот фустан, кој доаѓа од актуелната колекција на брендот, Белучи го искомбинира со црни обувки од Christian Louboutin. крај/мф/на



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Палестина првпат во историјата има претставничка на изборот за мис универзум

Објавено пред

Палестина ќе се придружи на изборот за мис универзум првпат по 74 години. Моделот Надин Ајуб ќе ја претставува земјата на 74. избор за мис универзум, кој ќе се одржи во Пак Крет, Тајланд, во ноември.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadeen Ayoub (@nadeen.m.ayoub)

Таа сподели емотивна порака на „Инстаграм“ нагласувајќи ја важноста на моментот: „Чест ми е да објавам дека Палестина ќе биде претставена на ‘Мис универзум’ првпат. Стапнувам на сцената на ‘Мис универзум’ не само со титула туку и со вистината“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadeen Ayoub (@nadeen.m.ayoub)

„Додека Палестина минува низ срцекршачка криза, особено во Газа, го носам гласот на народот, кој одбива да биде замолчен. Ги претставувам секоја палестинска жена и секое дете, чија сила светот треба да ја види. Ние сме повеќе од нашето страдање – ние сме отпорност, надеж и срце на татковината што живее преку нас“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadeen Ayoub (@nadeen.m.ayoub)

Која е Надин Ајуб?

27-годишната Ајуб е фитнес-тренер и нутриционист, која сега живее во Дубаи, пишува „Араб њуз“. Таа веќе постигна значајни успеси во светот на натпреварите за убавина: во 2022 година таа ја зеде дома лентата Miss Earth Water на натпреварот Miss Earth во Манила, а исто така беше првата жена што ја претставуваше Палестина на овој натпревар. Miss Earth е еден од четирите најголеми избори за убавина во светот заедно со Miss World, Miss Universe и Miss International.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadeen Ayoub (@nadeen.m.ayoub)

Истата година таа беше крунисана за мис Палестина, а покрај светот на модата и убавината, таа е активна и во областа на образованието. Таа ја основа Академијата „Олив грин“, училиште за креирање содржини, кое комбинира одржливост со вештачка интелигенција, со цел да понуди иновативен пристап кон образованието и дигиталната креативност.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Кетрин Зета-Џонс за поседувањето четири куќи: „Не е претерано, удобно е“

Објавено пред

Кетрин Зета-Џонс во интервју за „Сандеј тајмс“ откри дека не мисли дека е претерано што таа и сопругот Мајкл Даглас поседуваат четири куќи – две во Њујорк, една во Канада и една во Шпанија.

dobivaj vesti na viber

„Знам дека звучи како џет-сет живот, а јас сакам да се опкружувам со убавина, но тоа не е претерано, многу е удобно“, рече 55-годишната актерка.

Таа додаде дека сака да троши пари за мода, па затоа често посетува винтиџ продавници во Париз.

„Купувам работи што можеби никогаш нема да ги облечам, како прекрасни наметки. Во моментов сум заљубена во класичниот Ив Сен Лоран, а особено ме радуваат вечерните фустани“, рече таа.

Таа ја пренела својата страст кон модата и на нејзината 22-годишна ќерка Керис. „Таа го обожава мојот плакар. Веројатно имам најголема колекција чанти Fendi Baguette, а таа неодамна најде уште неколку кај мајка ми. Имам сè, од тексас до бисери и светки“, откри таа.

Цената на една таква чанта денес достигнува 11.500 долари.

„Карла Фенди постојано ми подаруваше, во времето кога беа најбарани“, додаде таа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Совршената сопруга навистина постои – и таа е родена во еден хороскопски знак

Објавено пред

Астролозите се согласуваат: жените родени во овој знак се најблиску до совршенството што можете да го замислите.

dobivaj vesti na viber

Ако некогаш сте помислиле дека совршената сопруга не постои, астролозите имаат изненадување за вас.

Според нив, од сите хороскопски знаци, жените родени под знакот на Девица се олицетворение на совршенството – и не затоа што се трудат, туку затоа што тоа е во нивната природа.

Зошто Девици?
Девиците се познати по својата емоционална стабилност, великодушност и способност да им помагаат на другите без размислување. Иако се независни, тие многу ги ценат своите најблиски и се подготвени да се борат за она што го сакаат – дури и за своите најлуди соништа.

10 причини зошто Девиците се најдобрите сопруги на светот

  1. Тие се дарежливи и никогаш не се двоумат да помогнат некому.
  2. Секогаш се фокусирани и ретко ја губат својата волја – родени лидери.
  3. Сè прават темелно и не толерираат површност.
  4. Се грижат за своите пријатели и негуваат врски.
  5. Совршено го разликуваат важното од неважното – нивната интуиција е непогрешлива.
  6. Иако независни, копнеат по длабоки разговори со својата сродна душа.
  7. Тие се сигурни – можете да се потпрете на нив во секоја ситуација.
  8. Тие се интелигентни и секогаш имаат решение за проблем.
  9. Живеат едноставно, но имаат големи цели – среќни се секој ден.
  10. Имаат совршена меморија – ниеден детаљ не им бега.

Ако барате партнер кој е стабилен, внимателен, интелигентен и посветен – Девиците се вашиот хороскопски џекпот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија3 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ5 часа

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија5 часа

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет6 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет7 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија8 часа

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ10 часа

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет11 часа

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет12 часа

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет12 часа

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет12 часа

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...

Свет12 часа

Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери....

Свет12 часа

Трамп вели дека почнал со подготовките за средбата Путин – Зеленски

Доналд Трамп ги истакна можните следни чекори по средбите во Белата куќа. Тој, исто така, потврди дека разговарал со Владимир...

Свет19 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет23 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет23 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура1 ден

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија1 ден

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...