Забава
“Motociclismo” сними видео за мото-тури низ Македонија

Претставници на Магазинот “Motociclismo” едно од најстарите списанија за мотоциклизам во светот, деновиве беа на информативо патување во Македонија, каде снимија видео видео за мото-тури низ државата.
Директорот на магазинот “Motociclismo”, Federico Aliverti ја предводеше групата од дванаесет моторџии кои сметаат дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото- туризмот.
“Motociclismo” сними видео за промотивни цели кое се прикажува на нивниот веб-канал и во текот на EICMA (меѓународерн саем за мотоциклизам во Милано, Италија со повеќе од 600.000 посетители годишно).
Домаќин на претставниците на “Motociclismo” беше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Република Македонија како земја домаќин доби максимална видливост и шанса да достигне илјади посетители преку јасна порака на насловната страница на списанието и статии на најмалку 40 страници.
Македонија ќе има доминантно место со конккурентна мото-тура која очекуваме успешно да се пласира во Италија имајќи предвид дека италијанските туристички агенции се подготвени да ја вклучат во своите каталози. Воедно ќе биде препорачана програма за мото-тура во Македонија која ги опфаќа Скопје, Маврово, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Берово, Кратово и Куманово, се вели во соопштението на АППТ.
“Motociclismo” е водечко списание за мотоциклизам во Италија со месечен тираж од 160.000 примероци. Нивната веб страна има над еден милион посетители месечно, Фејсбук страна со 270.000 следбеници, а на нивниот You tube канал гостуваат познати личности меѓу кој и шампионот во мотоциклизам Валентино Роси.
Репортажата веќе е објавена на сервисот на Јутјуб на линкот https://www.youtube.com/watch?v=TIEDiwqiIeo
&feature=youtu.be. /крај/
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Меган Маркл објави семејна фотографија, предизвика критики кон децата

Меган Маркл (43) објави фотографија на својот Инстаграм профил со своите деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на мајките.
И покрај срдечната порака и семејната атмосфера, некои корисници на социјалните мрежи повторно се фокусираа на теории и критики, коментирајќи го изгледот на децата – особено бојата на нивната коса и должината на нозете на Лилибет.
Меган напиша покрај фотографијата: „Среќен Ден на мајките! За сите нас кои успеваме да избалансираме сè со радост!“
Таа додаде порака до своите деца: „И на овие два бисера – кои сè уште се обидуваат да ја освојат „мајчината планина“, опсипете ме со бакнежи и направете го секој ден најпосебна авантура… да бидам ваша мајка е најголемата привилегија во мојот живот.“ На крајот од објавата, таа напиша: „И јас ве сакам повеќе од сите ѕвезди на небото, сите капки дожд и сите зрна сол на сите помфрити во светот“.
Кратко по објавата, корисниците на социјалните мрежи почнаа да коментираат за промените во изгледот на децата. Тие најмногу дискутираа за бојата на нивната коса. Еден корисник напиша: „Каде е сега црвената коса на Арчи и Лили, Меган Маркл?“ Други додадоа: „Косата ја смени бојата“ и „Косата им е потемна сега“. Еден корисник забележа: „А што е со косата на Арчи? Груба, густа, виткана и црвена… а сега црна и целосно права.“
Освен за косата, тие коментираа и за ногата на Лилибет, тврдејќи дека е невообичаено долга во споредба со претходните фотографии. Еден корисник напиша: „Како Лили порасна за само седум недели?“ Друг додаде: „Треба да почнат да изнајмуваат повеќе деца соодветни на возраста“, алудирајќи на гласините дека Меган и принцот Хари користат други деца за фотографии.
Забава
Дали знаете дека ова е најлошиот знак во хороскопот: лош темперамент и уште полош карактер

Припадниците на овој знак се познати по нивната голема и моќна енергија, но и по нивната способност да го гледаат секој проблем од повеќе агли, да го анализираат и да донесуваат паметни одлуки.
Тие имаат голема желба за слобода, па затоа избегнуваат луѓе и ситуации што ги ограничуваат и пречат.
Станува збор за Водолија.
Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 20 февруари се обично ладни, мирни и смирени, но можат да бидат многу сурови и да ја покажат својата друга страна ако некој ги повреди.
Водолијата е фиксен знак, што значи дека е многу стабилен, но во исто време и ограничен.
Многумина велат дека тие се всушност најлошиот знак во хороскопот.
Луѓето кои не ја познаваат добро личноста родена под овој хороскопски знак ќе го окарактеризираат нејзиното вообичаено однесување како грубо. Често ќе бидат нарекувани некултурна личност без манири, но вистината е дека тие се однесуваат според тоа како се чувствуваат во тој момент и Водолиите не гледаат ништо спорно во тоа.
Нема лоша намера зад работите што ги прават, но нивните постапки може да наидат на неодобрување од луѓе кои не ги познаваат.
Водолиите исто така можат да имаат лошо чувство за хумор. Тие често знаат да се шегуваат на туѓа сметка или да споменат чувствителна тема, поради што другите ги сметаат за навредливи.
Исто така, припадниците на овој знак го имаат Уран во својата натална карта, поради што имаат уникатни карактеристики – можат да бидат расположени и претерано чувствителни, но никогаш нема да го покажат тоа на другите.
Честопати им е тешко да постигнат длабоки и стабилни емоционални врски, бидејќи можат да бидат променливи, но и тврдоглави, што им го отежнува одржувањето на врската.
Забава
(Фото) Не се знае која е поубава – мајката или ќерката: очите не ве лажат, тие се исти

Таа е речиси копија на нејзината мајка, една од најуспешните модели на сите времиња и најубавите жени во светот, Синди Крофорд.
Легендарната манекенка Синди Крафорд ја доби својата вистинска наследничка на модните писти, нејзината ќерка Каја Гербер, која одамна докажа дека е слика на нејзината мајка и дека е родена за светот под рефлекторите.
Синди и Каја станаа заштитни лица на новата кампања на брендот Vuori за пролет/лето 2025 година, а во кампањата се појавија и Ренде Гербер, сопруг на Синди Крофорд, и нивниот син Пресли Гербер.
Брендот промовира сеопфатен стил на облекување, кој дамите, заедно со остатокот од семејството, го претставија во кампањата, а најголемо внимание привлекоа прекрасната Каја и неодоливата Синди, која изгледа одлично и на 60-годишна возраст.
Каја Гербер ја започна својата кариера како модел на само 10 години, кога се појави во кампања за тинејџерската линија на Версаче.
Оттогаш, таа постојано постигнува успеси, а колку повеќе расте, толку повеќе наликува на нејзината мајка, која некогаш беше меѓу најуспешните супермодели во светот.