Забава
Најнова мода во бојадисување на косата кои ги освои сите социјални мрежи
Омбре, сомбре, бајлаж сите овие техники за бојадисување на косата преминаа во уметност. Најновиот тренд е инспириран од драгоцениот камен „тигрово око“ и носи топлина и динамика во косата на бринетите. Идејата е да се копираат нијансите кои се преплетуваат во овој камен.
Наречен е поради нијансите на златно-жолта, кафеава и црна боја, како и поради ефектот кој го даваат преливајќи се една во друга, така што самиот камен потсетува на мачкино или тигрово око.

Познато за овој полудрагоцен камен е тоа дека го стабилизира високиот крвен притисок, а особено е благотворен за лекување на заболувања на дишните патишта, срцеви заболувања и псоријаза.
Од духовен аспект тигровото око се користи за фокусирање на умот и постигнување длабока концентрација, поради тоа што со себе носи мудрост и внатрешен мир. Се смета дека овозможува заштита при патување и дека ја зајакнува самодовербата кај личноста што го носи. Го зајакнува карактерот и привлекува пари и богатство. Охрабрува, ослободува од ноќните кошмари, особено кај децата.
Тигровото око се препорачува за хороскопските знаци близнаци, рак и стрелец.
А сега овој скапоцен камен се користи и како техника балјаж и се стреми кон природен изглед на косата и постепено преминување на нијансите една кон друга како карамели медни прамени на чоколадна основа.
Ако сакате блага промена во вашиот изглед можете да ја употребите оваа техника, која делува модерно, и природно. /крај/мф//на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Објави „селфиња што никој не ги споделува на социјалните мрежи“ и предизвика лавина од коментари
Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување.
Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата.
Сега објави серија фотографии под наслов „Селфиња што никој не ги споделува на социјалните медиуми (освен мене)“ и со тоа го привлече вниманието на обичниот свет.
Станува збор за компилација од фотографии на кои се гледа нејзиното лице без трага од шминка и во опуштен изглед. Без позирање, со разбушавена коса и маска за убавина на лицето, Спенсер уште еднаш покажа колку може да биде лажен животот на социјалните медиуми.
Нејзините реалистични фотографии предизвикаа лавина од коментари, а многумина беа воодушевени од нејзиниот потфат.
„Те сакаме Спенсер“, „Ова е толку точно“, „И затоа сите те сакаме“, се само дел од коментарите…
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.

