Наука
Средба Папуљас – Прванов во Солун

Претседателите на Грција и Бугарија, Каролос Папуљас и Георги Прванов, треба да остварат средба денеска во Солун.
Претседателите на Грција и Бугарија, Каролос Папуљас и Георги Прванов, треба да остварат средба денеска во Солун.
Како што јавија бугарските медиуми, Прванов и Папуљас ќе разговараат за прашања поврзани со европската интеграција на Бугарија и иднината на Европската унија, состојбата во Југоисточна Европа, како и за актуелни меѓународни случувања.
Најавено е дека Прванов ќе го покани својот грчки колега да учествува на меѓународната конференција “Културни коридори во ЈИЕ – заедничко минато и наследство, клуч за партнерство во иднина“, што на иницијатива на бугарскиот претседател треба да се одржи во мај, во Варна./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Во египетска мумија пронајдено златно срце и стихови од Книгата на мртвите

Дигитално скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот. Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година пр. н.е.
Радиологот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално, односно преку компјутерска томографија, ѕирнаа во малата мумија покриена со злато и открија 49 амајлии од 21 тип.
Покрај тоа што научниците пронајдоа златен скараб од 3 сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.
Срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, велат експертите, како што е вообичаено со египетските мумии. Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.
„Семејството на момчето му обезбедило многу скап третман за балсамирање за правилно да го подготви за патувањето под земјата и безбедно да стигне до задгробниот живот, како што се сандали за да излезе од ковчегот и златен јазик со кој ќе зборува по смртта“, рече Салим, пишува „Њу саентист“.
„Големата златна амајлија на скараби е навистина нешто неверојатно, на задната страна е врежано со ознаки, кои би можеле да претставуваат натписи и магии“, додаде таа. Имено, се чини дека меѓу нив има стихови од египетската Книга на мртвите, во кои пишува дека срцето на скаработ е неопходно за да се замолчи вистинското срце кога боговите ќе му судат на патот кон задгробниот живот.
Истражувањето со наслов „Скенирање и тридимензионално печатење со помош на компјутерска томографија на мумијата златното момче“, беше објавено во списанието Frontiers in Medicine.
Екологија
Гејтс со најбизарна инвестиција досега: ќе го намалува ждригањето на кравите

Милијардерот Бил Гејтс инвестира во австралиска стартап-компанија за климатска технологија, која планира да ги намали емисиите на метан што настануваат од ждригање на кравите.
Метанот е најчестиот стакленички гас по јаглеродниот диоксид. Добитокот, како кравите, козите и елените, произведуваат метан кога нивниот стомак разградува цврсти влакна, како трева, пишува „Индекс“.
Научните истражувања покажаа дека хранењето на кравите со алги може значително да ги намали нивните емисии на метан. Стартапот „Румин 8“ од Перт почна да работи на додаток на храна, кој синтетички се пресликува од црвените алги, што го запира формирањето гас, пишува Би-би-си.
„Румин 8“ соопшти дека собрал 12 милиони долари преку финансирање предводено од Breakthrough Energy Ventures, која Гејтс ја основа во 2015 година. Инвестициската фирма е поддржана и од извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, и од кинескиот претприемач и коосновач на „Алибаба“, Џек Ма.
Во октомври минатата година Нов Зеланд предложи да се даночат стакленички гасови произведени од домашните животни преку подждригнување и мокрење. Во 2019 година метанот во атмосферата достигна рекордни нивоа, тој беше околу два и пол пати повеќе од нивото во прединдустрискиот период. Одделните молекули на метан имаат посилен ефект на загревање на атмосферата од молекулите на CO2.
Забава
Предупредување за голема соларна бура: До крајот на неделата ќе направи хаос на радио и ГПС уредите

Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, до крајот на неделата на Земјата ќе предизвика хаос на радио и ГПС уредите.
Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила во вторникот.
До крајот на неделата очекуваат емисии на светлината на аурорусот во средните географски широчини.
Сончевата и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (SOHO) забележа многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето.
Дополнително, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето, објави Експрес.