Контакт

Наука

‘Соѕвездието' сонди BRITE ќе ѕиркаат во најсјајните ѕвезди во галаксијата

Објавено пред

Шесте микросателити BRITE опремени со мали оптички телескопи ќе им помогнат на астрономите да погледнат во внатрешноста на најсјајните ѕвезди во Млечниот Пат и да разјаснат некои детали од нивните активности во различни фази од постоењето, рекоа астрофизичарите на годишната средба на Канадското астрономско здружение во Ванкувер во вторникот.

Проектот BRITE (BRIght Target Explorer) се спроведува во соработка на Канадската аерокосмичка агенција (CSA), универзитетот Торонот и водечките истражувачки центри во Австрија и во Полска. Во рамките на овој проект планирано е да бидат лансирани шест микро-телескопи, од кои два се веќе во орбитата од февруари 2013 година.

Како што забележува еден од учесниците во програмата, Џејми Метјуз од Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер (Канада), „соѕвездието“ BRITE ќе ги регистрира варијациите во светлината на најсјајните ѕвезди во нашата галаксија. Според него, таквото набљудување не е можно да се изврши од Земјата со многу висока точност, бидејќи притоа се мешаат честичките од прав и смог во атмосферата, како и светлината којашто го „загадува“ ноќното небо во близина на големите градови.

Податоците собрани од сателитите BRITE ќе помогнат да се утврди што се случува во внатрешноста на најголемите ѕвезди во последните фази од нивниот живот. Ова, пак, ќе придонесе за подобро да се разбере како физичките процеси ја регулираат животната активност на Сонцето.

Покрај тоа, како што наведува Метјуз, микросателитите ќе можат да вршат уште една функција, односно да трагаат по планети, користејќи ги приближно истите методи како и телескопот „Кеплер“, чијашто судбина е доведена во прашање од почетокот на мај 2013 година. Сосема е возможно со BRITE делумно да може да се компензира загубата на главниот „ловец на планети“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Некои од најгласните политичари против ЛГБТ-правата честопати биле прикриени хомосексуалци

Објавено пред

Пред девет години беше објавена психолошка студија во престижниот магазин „Journal of Personality and Social Psychology“, што уште еднаш го потврди она што одамна е познато во психологијата и пошироката јавност – некои од најгласните противници на ЛГБТ-правата и ЛГБТ-заедницата се всушност хомосексуалци кои самите одбиваат да го признаат тоа.

Според пишувањата на хрватски „Индекс“, таа студија била заеднички спроведена од експерти од Универзитетот во Рочестер и Универзитетот во Есекс во Велика Британија, како и Универзитетот Санта во САД, при што истражувачите го донеле следниот заклучок: „Хомофобијата е поизразена кај луѓе со непризнаена привлечност кон истиот пол и кај луѓе кои пораснале покрај авторитарни родители поради кои ги потиснале таквите желби“.

„Личностите кои се идентификуваат како хетеросексуалци, но покажуваат силна привлечност кон истиот пол во психолошките тестови, се чувствуваат загрозено од хомосексуалци и лезбејки затоа што ги потсетуваат на нивните слични склоности“, објасни Нета Вајнстин, предавач на Универзитетот во Есекс и главна авторка на студијата.

„Во многу случаи, ова се луѓе кои војуваат со себеси и го насочуваат тој внатрешен конфликт кон надвор“, додава коавторот Ричард Рајан, професор по психологија на Универзитетот во Рочестер.

Ова, се разбира, не значи дека сите хомофоби се потајно хомосексуалци, но значи дека тоа е едно од научно заснованите објаснувања за нечии  ставови против ЛГБТ.

Не недостигаат примери на жестоки хомофоби, за кои подоцна се покажало дека имаат хомосексуални тенденции, па написот на хрватски „Индекс“ потсетува на некои политичари и верски лидери за кои се покажало дека ја изразиле својата т.н. автохомофобија, со ширење омраза и нетрпеливост кон ЛГБТ-луѓето.

Најсвежиот пример е скандалот што изби во Брисел кон крајот на минатата година, кога близок соработник и европратеник од партијата на Виктор Орбан беше фатен во геј-оргија.

Како што тогаш објавија белгиските медиуми, полицијата прекинала нелегална корона-забавата на која присуствувале 25 лица. Консумирале алкохол и дрога, а имало и групен секс. Кога упаднала полицијата, неколку учесници биле голи, а еден се обидел да избега и притоа се повредил.

Тоа беше Јозеф Сајер, еден од најпознатите и најистакнати политичари на Фидес, парија која ја основал заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Сајаер ги поддржуваше и ги артикулираше хомофобичните политики на Фидес, за на крајот да се открие дека тој всушност се борел против сопствената сексуална ориентација.

Пред неколку години, сенаторот од сојузната американска држава Охајо, Весли Гудман, поднесе оставка откако се дозна дека имал секс со маж во неговата канцеларија.

Оставка даде и поранешниот сенатор од Оклахома, Ралф Шорти откако беше обвинет за детска проституција поради наводно барање секс од 17-годишно момче. Подоцна Шорти одлучи да се изјасни за виновен по обвиненијата.

И Гудман и Шорти се оженети мажи, кои биле јасни политички противници на ЛГБТ-заедницата додека извршувале политички функции.

И меѓу верските водачи постојат примери на луѓе со цврсти ставови против истополови односи за кои потоа се покажало дека се хомосексуалци.

Во САД најпознат е случајот со пастор на фундаменталистичката црква, Тед Хагард, кој во американската јавност беше познат како гласен противник на хомосексуалците.

Откако сексуалниот работник Мајк Џонс откри дека Хагард бил негов клиент, пасторот се бранеше во јавноста на следниов начин: „Го повикав за да купам дрога, која потоа ја фрлив. Бев во искушение, но не зедов“.

Дрогата што Хагард ја споменал била метамфетамин, позната уште и како кристал мет, инаку многу опасен опијат, така што објаснувањето на Хагард одговара на ставот дека е подобро да се биде зависник од дрога отколку хомосексуалец.

Сепак никој не поверувал во изјавите на пасторот, па тој бил отстранет од сите должности и отфрлен од неговата верска заедница.

Прикажи повеќе...

Забава

Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

Објавено пред

Во северозападна Кина е откриен нов вид на праисториски гигантски носорог, еден од најголемите цицачи што чекорел по Земјата, објавија научниците.

Видот чиј латински назив е Paraceratherium linxiaense живеел пред приближно 26,5 милиони години и тежел 21 тон, колку четири големи африкански слонови.

Со главата можел да достигне висина од седум метри и да јаде од дрвјата, што го прави повисок од жирафа.

Овие заклучоци се направени врз основа на фосили откриени во северната кинеска провинција Гансу.

Во студија објавена во четвртокот во списанието Communications Biology, истражувачите пишуваат дека анализата на фосилите, откриени во 2015 година, покажала дека тие припаѓаат на нов вид, различен од досега познатите џиновски носорози.

Целосно сочуваниот череп и вилица покажуваат сличност со денешниот тапир, е заклучокот на студијата предводена од Денг Тао од Палеонтолошкиот институт во Пекинг.

Новиот вид е поврзан со гигантските носорози кои некогаш живееле во Пакистан, што сугерира дека тие се движеле низ Централна Азија.

Носорозите слободно се движеле помеѓу северозападна Кина и индо-пакистанскиот потконтинент, што значи дека тибетската висорамнина во тоа време имала низински области, велат научниците.

„Тропските услови дозволиле огромниот носорог да се враќа на север во Централна Азија, што имплицира дека Тибет сè уште не бил високо плато“, вели Денг.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета во светот

Објавено пред

НАСА успешно го тестира главниот мотор на најмоќната ракета во светот – Space Launch System (SLS).

Моторите работеле повеќе од осум минути за да го симулираат времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од површината на Земјата. СЛС би требало да превезува луѓе на површината на Месечината, првпат од 1972 година.

Експертите го тестираа главниот мотор на ракетата. СЛС се состои од јадро со четири моќни RS-25 мотори и два придвижувача. Пред да почне тестирањето, инженерите го наполниле главниот мотор со повеќе од 2,6 милиона литри гориво, кое се состои од течен водород и течен кислород, пишува Би-би-си.

Моторите тестирани вчера биле дел од 21 успешно полетување шатлови. Два од нив биле користени во последната мисија СТС-135 во 2011 година, а третиот во мисијата во 1998 година кога беше лансирана најстарата личност во вселената – американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, кој во тоа време имаше 77 години, а четвртиот за време на летот за сервисирање на вселенскиот телескоп „Хабл“.

Моторите беа поправени по тие мисии. По првото полетување на СЛС подоцна оваа година, НАСА ќе ги отфрли и повеќе нема да ги користи.

SLS припаѓа на мисијата „Артемис-1“, чија цел е да ги посети Месечината и другите планети во нашиот Сончев систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија5 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет5 часа

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија5 часа

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет6 часа

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија7 часа

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион19 часа

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија21 час

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ24 часа

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа1 ден

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ1 ден

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија1 ден

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа1 ден

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет1 ден

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа1 ден

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион1 ден

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија1 ден

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Македонија2 дена

30 починати и 572 новозаболени со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 287, Куманово...

Досие