Контакт

Наука

Во Стокхолм ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за медицина за 2013

Објавено пред

Лауреатот на Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2013 година ќе биде објавен во понеделникот во 11,30 часот по македонско време во шведската престолнина Стокхолм, во Нобеловиот комитет на Каролинскиот медицински институт, соопшти на прес-службата на Нобеловата фондација.

dobivaj vesti na viber

Според правилата на фондацијата, имињата на другите кандидат за наградата, јавноста ќе може да ги дознае дури по 50 години. Затоа имињата на научниците кои се појавуваат во прогнозите на експертите и новинарите во пресрет на објавувањето, се само нагаѓања и претпоставки.

Така, компанијата Thomson Reuters, операторот на еден од најпознатите индекси на цитираност Web of Science, прогнозира дека за 2013 награда Нобеловата награда за медицина може да им биде доделана на експертите коишто работат во областа на молекуларната и клеточната биологија, чија работа овозможи, особено, да се разбере причините за појавата на ракот и помогна во создавањето нови методи за негово лекување.

Според експертите на Thomson Reuters, наградата може да му припадне на Британецот Адријан Бирд и професорите од Израел Арон Ховард Седар и Аарон Разин, кои го проучуваа процесот на метилација на ДНК (присоединување на метилните групи CH3) , кој влијае на активноста на гените. Абнормалности во метилацијата на ДНК е поврзана со развојот на разни болести, во прв ред на ракот.

Меѓу можните добитници на наградата се споменува и професорот од САД, Даниел Клионски и неговите колеги од Јапонија, Набору Мицушима и Јошинори Осуми, коишто ја открија автофагијата „самојадењето“ на клетките на своите делови, особено во услови на гладување. Автофагијата е неопходна за отстранување на оштетените клеточни делови. Проблеми во овој процес се забележани во Паркинсонова болест и Алцхајмеровата болест.

Во Thomson Reuters не ја исклучува можноста за Стокхолм по наградата да отпатува и Американецот Денис Слејмон, чијашто работа овозможи да се создаде лек за ракот на дојка „херцептин“.

Новинарите од редакцијата за наука на Шведското национално радио, секоја година на своите слушатели им ги предлагаат имињата на можните добитници на Нобеловата награда, кои често не поаѓаат од цитирањето на работата на научниците во научната литература, туку од сопствената интуиција и практичната вредност на откритието. Годинава во редакцијата претпоставуваат дека е време да се наградат развивачите на имплантот за слух. Помагалото работи многу години и тоа ја докажа својата полза во практиката, сметаат во шведското радио.

Научниот уредник на шведското медицинско списание Dagens medicine, Карл-Магнус Хак, во воведниот текст од најновото издание на магазинот размислува дека заслужено е наградата да ја добијат истражувачите чијашто работа довела до појавата на нови лекови во третманот на ревматоиден артритис. Во овој поглед, продолжува тој, не е прва година фаворити на многу коментатори и новинари да се научниците Марк Фелдман и Равиндер Маини.

Шведскиот научни, исто така, смета дека Нобеловиот комитет оваа година ќе обрати внимание на научниците кои ги открија причините за развојот на хроничната миелоидна леукемија – Питер Ноувел и Џенет Роули или, пак, на оние коишто ги разработија принципите за на нејзиното лекување, Брајан Друкерс и Николас Лајдон, коишто заедно со Сојерс се сметаат за пронаоѓачи на препаратот „Гливек“.

Хак смета дека признанието може да им биде доделено на оние научници чии имиња годинава не се споменуваат во прогнозите, но нивната работа е многу високо оценета, како на пример истражувачот од Нов Зеланд, Ед Мичел, кој предложи метод за спречување на ненадејна смрт на новороденчиња или, пак, на Лаури Лаитинен, за откритието дека астмата е воспалителна болест.

Церемонијата на доделувањето на Нобеловите награди на оние чиишто имиња ќе бидат објавени во понеделник, според традицијата ќе се одржи на 10-ти декември, денот кога починал основачот на Нобелова награда, шведскиот претприемач и пронаоѓач Алфред Нобел (1833-1896). Четири од петте награди што со тестамент ги оставил, во областите на физиологијата или медицината, физиката, хемијата и литературата, како и во областа на економијата којашто е востановена во 1968 година во спомен на Нобел, шведската национална банка ќе ги врачи во Стокхолм, додека премијата за придонес во светскиот мир, според волјата на нејзиниот основач , се доделува во финската престолнина Осло.

Минатата 2012 година на Нобеловата награда за медицина беше доделена на јапонскиот научник Синија Јаманака, за работата на матичните клетки и на британскиот биолог Џон Гердон за експеримент во сферата на клонирањето на животни. За изминатите години наградата за медицина или физиологија ја добиле 201 истражувач, од кои само десет се жени.

И во Русија од годинава се прават анкети со прогнози за можните добитници на Нобеловата награда, а руските научници кога станува збор за медицината сметаат дека најдобри шанси да станат лауреати на ова признание имаа истражувачите коишто работеле во областа на генетиката на ракот.

Така во анкетата на РИА Новости се покажува дека носител на признанието може да биде Американецот Роберт Бајнберг кој го откри првиот човечки онкоген Ras (генетски мутации кои придонесуваат за развојот на рак ) и првиот анти-онкоген Rb (супресорен ген, кој го спречува развојот на тумори). Друштво на Вајберг во оваа прогноза му прават Дејвид Лејн, Питер Хол и Берт Фогелштајн, коишто го проучувале супресорниот ген p53. Тој го енкодира протеинот наречен од страна на научниците „чувар на геномот“. Овој протеин игра клучна улога во заштитата на клетките на организмите од генетски оштетувања. Во случај на сериозно „оштетување“ на ДНК, p53 ја започнува апоптозата клеточното „самоубиство“, спречувајќи ја малигната дегенерација на клетките.

Нобеловец може да стане и Џозеф Шлезинџер, авторот на голем број клучни откритија во областа на молекуларните механизми на ракот. Тој се смета за еден од основачите на модерната наука за пренос на сигнали во клетките. Најважните практични резултат од работата на Шлесинџер е создавањето нова класа на антиканцерогени препарати кои се многу ефикасни и конкретни.

Пронаоѓачите на ваквите лекови, исто така, според руските научници, можат да ја добијат најценетата награда во областа на науките. Станува збор за создавачите на препаратот против хронична миелоидна леукемија Иматиниб (Гливек), Чарлс Сојерс, Брајан Друкер и Николас Лајдон. Гливек е првото лекарство, кој е дејствително врз клетките на туморите, кои се предмет на генетски дефекти. Сепак, за забележува дека Нобеловата награда за создавање нови лекови може да биде вклучена во ткн „хемиска“ номинација.

Можно е наградата да ја добие и Американецот Наполеон Ферара кој го откри факторот на растот на ендотелните садови VEGF – протеинска молекула која го поттикнува растот на крвните капилари во ткивата на телото, како и во ракот. Концентрацијата на VEGF е дијагностички показател за брзината на малигнитетот.

Други кандидати за Нобеловата награда за медицина, се Американците Чарлс Дејвид Елис и Мајкл Грунштајн. Нивната работа е посветена на проучување на хистоните, белковини кои се вклучени во тридимензионални пакување на ДНК во јадрата на живите клетки во хроматинот – супстанцијата од којашто се состојат хромозомите. Многу биолози веруваат дека разновидниот состав на хемиските модификации на овие протеини, ткн, „хистонов код“, исто така, го контролира префрлување на генот и се наследува од клетка на клетка./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет1 час

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет1 час

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет1 час

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа2 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија12 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет12 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет15 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет15 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија19 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија21 час

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет22 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет24 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија2 дена

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...