Наука
Нобеловата награда за физика во 2013 година: Хигс или 'наметката за невидливост'
Нобеловиот комитет ќе ја објави имињата на добитниците на Нобеловата награда за физика во 2013 година во вторник, а научниците веруваат дека највисоката научна награда ќе им бидат доделена на „авторите“ на Хигсовиот бозон, но не исклучуваат лауреати да станат пронаоѓачите на „шапката на невидливост“ или откривачите на првите планети надвор од Сончевиот систем.
Големо мнозинство експерти сметаат дека лауреати ќе станат физичарите теоретичари Питер Хигс , Франсоа Англер и другите кои во 1960-те го предвидоа постоењето на ткн Хигсовиот бозон – хипотетички честичка која обезбедува маса на сите други елементарни честички.
Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во јули минатата 2012 година објавија дека откриле честичка којашто „одговара“ на карактеристиките на ткн Хигсовиот бозон, славната „Божја честичка“ и алката којашто недостига во синџирот на теоријата за елементарните честички. Веста CERN ја објави 48 години откако Питер Хигс ја изнесе теоријата за постоење на бозонот, кој подоцна беше наречен по него. Постоењето на оваа честица беше потврдено преку експериментите кои се одвиваа во Големиот Хадронов колајдер (Large Hadron Collider), најголемата и најскапа во историјата на физиката инсталација. Големиот успех на експериментот, а до пред тоа и сензационалните предвидувања за крајот на светот од црната дупка којашто ќе се роди во колајдерот, му обезбедија на бозонот на Хигс и на неговите откривачи невидена популарност во јавноста.
Експертите не можат да се согласат само во тоа кој уште покрај самиот Хигс може да ја добие Нобеловата награда. Проблемот е во тоа што ткн механизам на Хигс, кој ја предвидува масата на елементарните честички, не беше предвиден само од страна на британскиот физичар.
Питер Хигс во 1964 година дошол до генијална идеја за постоење теоретски нова честичка. Меѓутоа, самата идеја првпат беше изложена не од Хигс, туку од американскиот физичар Филип Андерсон во 1962 година, и полниот назив на овој механизам гласи механизмот Англер – Браут – Хигс – Гуралник – Хаген – Кибле. Роберт Броут е веќе починат, па Нобеловиот комитет ќе треба да избира од петтемина, бидејќи наградата во секоја област може да ја добијат најмногу тројца. Во теоријата за настанувањето на субатомските честички, освен на Питер Хигс, големи признанија им се даваат и на Франсоа Англер, Џералд Гуралник, Том Кибле, Роберт Броут и на Карл Хаген. Освен покојниот Броут, другите петмина говореа на минатогодишната прес-конференција кога беше објавено откритието на честичката за којашто се верува дека е ткн Хигсов бозон, но само професорот Хигс доби овации од присутните на претставувањето пред медиумите.
За тоа дека наградата треба да ја добие само Хигс, кај многумина има сомнение. „Едноставно не можам да замислам да не го наградат Питер Хигс“, вели аналитичарот на Thomson Reuters, Дејвид Пендбери. Професорот од Оксфорд, Кен Пич, претпоставува дека доколку Хигс не биде награден, тоа ќе претставува „скандал“.
Добитникот на Нобеловата награда Андреј Гејм верува, сепак, дека таков „скандал“ е сосема можен. „Во однос на Хигсовиот бозон се крена голема врева, се создаде впечаток дека тоа е откритието на сите времиња. Но тоа е само предвидување на Стандардниот модел, и според мое мислење не постои сто отсто гаранција дека Нобеловиот комитет ќе оди по линија на помал отпор и ќле ја додели наградата за потврдување на Стандардниот модел“, вели Гејм за РИА Новости.
Според него, Нобеловата награда за физика ја заслужува откривањето на екстрасоларните или егзопланетите. Научниците од Thomson Reuters, исто така, не исклучуваат дека откривањето на првите планети надвор од Сончевиот систем може да им ја донесе најпрестижната награда за физика на швајцарските научници Мишел Мејор и Дидие Келоз, како и на американскиот професор Џефри Марси.
Уредникот на научната редакција на државното Шведско радио кое традиционално составува листа на потенцијалните добитници на Нобеловите награди, иако освен на победникот, нивните имиња ќе бидат објавени дури по 50 години, смета дека е дојдено време која вниманието треба да се сврти кон областа на метаматеријалите, односно материјалите со негативен индекс на рефракција, кои ги направија реални наметките за невидливост.
Можен лауреат во врска со ова откритие се смета британскиот истражувач Џон Пендри, творецот на првата „невидлива наметка“, додека руските научници во овој домен фаворит го сметаат Виктор Веселаго кој во 1967 година ја предвиде можноста да се добијат тие материи.
Новинарите на шведската телевизија SVT којашто исто така секоја година дава свои предвидуваа за можните нобеловци, не ја исклучува можноста дека наградата ќе биде доделена за откритија во областа на квантната механика. Неа би можеле да ја добијат Французинот Ален Аспе, Австриецот Антон Цајлингер и Американецот Џон Клаузер, кои секој на свој начин имаат удел во описот на ефектот од квантната конфузија, сметат во радиото.
Според квантната теорија, доколку има две честички со заедничко минато, на пример разлетани по заемен судир, тогаш состојбата на едната честичка зависи од состојбата на другата честичка, и за такви честички се вели дека се во „збунета“ или „ангажирана состојба“.
Во 1980 година Аспе експериментално докажа дека во квантната стварност, навистина постои квантна збунетост. Во 1997 година, пак, група физичари од Универзитетот Инсбрук во Австрија под раководство на Цајлингер првпат изврши квантна телепортација на фотони во ултравиолетовата светлина.
Во 2012 година Нобеловата награда, којашто традиционално и годинава ќе биде доделена на 10-ти декември во Стокхолм, им припадна на Французинот Серж Арош и на Американецот Дејвид Вајнленд „за пионерските експериментални методи, коишто овозможуваат да се измерат и контролираат поединечните квантни системи“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Наука
Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената
Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб.
О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.
Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.
Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.
Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.
Наука
Како откритието на „хобитот“ во Индонезија го промени нашето разбирање за човечката еволуција
Индонезискиот археолог Томас Сутикна лежел со треска во својата хотелска соба на 2 септември 2003 година, кога еден колега му рекол дека тој ден во Лианг Буа, голема пештера на индонезискиот остров Флорес, пронашол мал череп налик на човечки во наслаги длабоки шест метри. Сутикна веднаш се опоравил и следниот ден се упатил на местото заедно со колегата.
На нивна радост, на истото место нашле повеќе коски, некои сè уште прицврстени една за друга. „Имаше групирани коски на нозе, раце, тибија, бедрена коска. Со оглед на многу кревката состојба на коските, не беше можно веднаш да се отстранат од земјата“, се сеќава Сутикна, кој сега работи во Индонезискиот центар за археометриски истражувања на Државната агенција за истражување и иновации.
Отпрвин мислеле дека се работи за коски на дете
Отпрвин, тимот претпоставуваше дека малиот череп и другите коски му припаѓаат на дете, но додека Сутикна го чистеше фосилот во хотелот, виде дека има катници на возрасен човек. Изгледаше како да наишле на сосема нов вид човек – женски примерок со збунувачка комбинација на карактеристики, кој беше висок нешто повеќе од еден метар и тежок околу 30 килограми.
Иако денес, 20 години подоцна, научниците се уште се мачат со тоа каде да го постават ова загадочно парче од еволутивната сложувалка, откривањето на овој мал човечки примерок поттикна низа други откритија кои го доведоа во прашање она што го знаевме за човечкото семејно стебло дотогаш, пишува тој.
„Хобитот“ имаше кратки нозе со непропорционално големи стопала
Сутикна и неговите меѓународни соработници уште од почетокот знаеле дека имаат револуционерно откритие и го чувале во тајност повеќе од една година за да можат детално да ги проучат пронајдените остатоци. Кога ги објавија резултатите од нивното истражување, нешто повеќе од една година подоцна, откритието го потресе полето на палеоантропологијата и дојде на насловните страници низ светот.
Имено, примерокот од Лианг Буа наликуваше на хобитот од филмот „Господарот на прстените“ кој се појави во кината на крајот на 2001 година, а набрзо го доби тој прекар во медиумите. Волуменот на неговиот неврокраниум (коските на грбот и горниот дел од черепот што го затвораат мозокот во черепната празнина) беше околу 400 милилитри, слично на оној на шимпанзото.
Волуменот на неврокраниумот на современиот човек е 1500 милилитри. „Хобитот“ имаше кратки нозе, со непропорционално големи стапала и долги раце слични на приматите. Првичното датирање покажало дека посмртните останки се стари 18.000 години, но подоцнежната анализа утврдила дека хобитот бил стар 50.000 до 60.000 години. Тимот научници го нарече овој нов вид Homo floresiensis по островот каде што беа откриени фосилите.
Некои од нашите сфаќања за човечката еволуција се доведени во прашање
Ова откритие ја предизвика идејата дека луѓето еволуирале по уредна линија од примитивни до сложени и покажа колку сè уште не знаеме.
Последователното откритие на два други релативно неодамнешни хоминини со мало тело и мал мозок – Homo naledi во Јужна Африка и Homo luzonensis на Филипините – ја натера научната заедница да ја прифати идејата дека имало многу различни типови на луѓе во далечното минато. вклучувајќи неколку кои коегзистирале со нашиот вид, хомо сапиенс.
Пред откривањето на хобитот, многу експерти за човековата еволуција верувале дека само еден вид човек еволуирал со текот на времето, со регионални варијации.
Што се однесува до животот на самите хобити, археолозите и палеонтолозите откриле дека со нив живеат џуџести слонови, таканаречените стегодони, високи 1,2 метри, огромни штркови високи два метри и џиновски стаорци. Сè уште не е точно познато зошто хобитите исчезнале од лицето на Земјата. Сутикна наведува дека на врвот на слојот каде што е пронајден Homo floresiensis, имало дебел слој од вулканска пепел.
“Проценуваме дека имало најмалку осум вулкански ерупции. Со фактот дека не најдовме фосили од Homo floresiensis или други древни животни над слојот од вулканска пепел. Сепак, не можеме со сигурност да тврдиме дека оваа природна катастрофа го уништила Homo floresiensis ,” вели тој.
Антропологот Мет Токери од Универзитетот Лејхед во Канада се сомнева дека токму вулканската ерупција им пресудила на хобитите. Островот Флорес отсекогаш бил вулкански активен, а хобитот живеел таму речиси милион години. Според тоа, Токери верува дека станува збор за комбинација од неколку фактори, како што се гореспоменатите ерупции, климатските промени и доаѓањето на хомо сапиенсот во регионот.
Наука
(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето
По успешното слетување на Месечината, индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета за проучување на Сонцето како дел од својата прва соларна мисија.
Ракетата остави трага од чад и оган додека научниците аплаудираа, покажа преносот во живо на веб-страницата на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO).
Речиси 500.000 луѓе го следеа преносот, а илјадници се собраа во близина на местото за лансирање за да го гледаат полетувањето на вселенското летало за проучување на сончевите ветрови, кои можат да предизвикаат поларни светлина на Земјата.
Именуван по хиндискиот збор за сонце, вселенското летало Aditya-L1 беше лансирано откако Индија ја победи Русија кон крајот на минатиот месец во трката да стане првата земја што слета на јужниот пол на Месечината. Иако Русија имаше помоќна ракета, индиското вселенско летало Чандрајаан-3 ја надмина руската Луна-25 и успешно слета на површината на Месечината.
Вселенското летало Aditya-L1 е дизајнирано да патува околу 1,5 милиони километри во текот на четири месеци до еден вид паркинг во вселената, каде што објектите главно остануваат на своето место поради балансирањето на гравитационите сили, што ја намалува потрошувачката на гориво на вселенското летало.
Овие места се нарекуваат точки Лагранж, именувани по италијанско-францускиот математичар Жозеф-Луј Лагранж.
Мисијата има капацитет да направи „големо поместување во науката“, рече Сомак Рејчаудхури, кој беше вклучен во развојот на некои од компонентите на опсерваторијата, додавајќи дека енергетските честички емитирани од Сонцето би можеле да погодат сателити кои управуваат со комуникациите на Земјата.
„Имаше ситуации кога главната комуникација (канали) беа затворени бидејќи сателитот беше погоден од висока радијација. Сателитите во ниската орбита на Земјата се главниот фокус на приватните играчи во светот, што ја прави мисијата Aditya-L1 многу важен проект,” рече тој.
Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе за ефектот на сончевото зрачење на илјадниците сателити во орбитата, чиј број расте паралелно со успехот на потфатите како што е комуникациската мрежа Starlink на SpaceX на Илон Маск.
„Денешната ниска орбита на Земјата е многу загадена поради приватно учество, така што разбирањето како да се заштитат сателитите таму ќе биде особено важно во денешната вселенска средина“, рече Рама Рао Нидаманури, раководител на Одделот за Земјата и вселенските науки во Индискиот институт за вселена. Наука и технологија.
На долг рок, податоците што ги собира мисијата ќе помогнат подобро да се разбере ефектот на Сонцето врз климатските модели на Земјата и причината за сончевиот ветер, серија честички кои патуваат од Сонцето низ Сончевиот систем, велат научниците од ИСРО.
Индија ги приватизираше вселенските лансирања, потег за кој се залагаше премиерот Нарендра Моди, и сака да го отвори секторот за странски инвестиции бидејќи се обидува да го зголеми петкратниот удел на светскиот пазар за лансирање во следната деценија.
Како што вселената се претвора во глобален бизнис, земјата се потпира на успехот на ISRO за да ја покаже својата моќ во овој сектор.