Контакт

Наука

Американската вселенска легенда Џон Глен умре во 95-та

Објавено пред

Џон Глен, кој стана еден од најголемите херои на XX век како првиот Американец кој леташе околу Земјата во нејзината орбита и подоцна највозрасниот астронаут на светот со долга кариера на американски сенатор, почина во четвртокот во 95-та година, објави гувернерот на американската сојузна држава Охајо.

dobivaj vesti na viber

Џон Глен, инаку, беше последниот преживеан од седумте астронаути од мисијата „Mercury“.

„Џон Глен е и секогаш ќе биде најголемиот херој на Охајо и неговата смрт денеска нé натажи сите нас“, изјави гувернерот на сојузната држава Охајо, Џон Кејсик, во соопштението.

Глен своевремено го врати реномето на САД откако Советскиот сојуз во почетокот почна да предничи во истражувањата на Вселената со човечки екипажи. Неговите три обиколки околу Земјата во вселенската капсула „Friendship 7“ на 20-ти февруари 1962 година му осигурија важно место на поранешниот пилот на борбени авиони во истражувањето на космосот како „нови граници“ во периодот на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Како трет од седумте астронаути од програмата „Mercury“ на NASA, Глен беше повеќе од другите медиумски експониран и беше познат по сталоженоста и подготвеноста да ја промовира програмата.

Неговата кариера на астронаут, како и неговите успеси како борбен пилот во Втората светска и во Корејската војна, му помогнаа да влезе во американскиот Сенат во 1974 година, каде ја претставуваше својата родна сојузна држава Охајо 24 години како умерен демократ.

Глен влезе во историјата во 1961 година кога колегата астронаут Скот Карпентер му посака „Среќно Џон Глен“ неколку моменти пред неговата ракета да биде лансирана во Вселената на летот кој го собори рекордот траејќи малку под пет часа. „Гравитацијата е нула, а јас се чувствувам добро. А погледот е извонреден“, рекол Глен за бестежинската состојба по неколку минути од мисијата.

По слетувањето во Атлантикот кон Глен се однесуваа како кон херој, и се обрати со говор во Конгресот и беше прославен на парада во Њујорк.

Неговите искуствата како пионер на астронаутите се прикажани во книгата и филмот „Пат во Вселената“, заедно со на другите пилоти од мисијата „ Mercury“. Авторот на книгата, Том Волф, го нарече Глен „последниот вистински национален херој кој го имаше Америка“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Историски момент за НАСА – вселенското летало Дарт успешно се судри со астероид

Објавено пред

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“ на Земјата.

dobivaj vesti na viber

Необичниот настан се случил на околу 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос, пренесува Би-би-си.

Тоа е прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело, а целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.

Леталото беше околу 100 пати помало од Диморфос, па затоа не го уништи астероидот. Наместо тоа, Дарт се надева дека судирот ја променил брзината и траекторијата на астероидот во вселената. Научниците очекуваат притискањето малку да го придвижи Диморфос и да го направи гравитациски врзан за Дидимос, поголемиот астероид во системот.

„Влегуваме во нова ера на човештвото, ера во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасен удар на астероид. Каква неверојатна работа. Никогаш не сме имале таква способност“, рече Лори Глејз, директор на одделот за планетарна наука на НАСА, веднаш откако потврди дека вселенското летало Дарт успешно го удрило Диморфос во првата „мисија за планетарна одбрана“.

Копнените опсерватории ширум светот, вклучително и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, ќе го набљудуваат астероидниот систем во наредниот период за да потврдат дали Дарт успешно го променил движењето на астероидот.

Прикажи повеќе...

Забава

Новиот вселенски телескоп првпат го сними Марс

Објавено пред

Телескопот „Џејмс веб“ на американската агенција НАСА, чии фотографии од длабоката вселена ги воодушевуваат научниците и јавноста, првпат го сними Марс – соседот на Земјата.

dobivaj vesti na viber

Новообјавените податоци доаѓаат од инфрацрвените инструменти на телескопот и им даваат на научниците информации за површината на Марс и составот на атмосферата. Европската вселенска агенција во понеделникот објави дека „Веб“ ја направил првата слика од Марс на 5 септември со помош на камера и спектрограф во блискиот инфрацрвен регион.

Првиот „веб“-поглед на Црвената планета е, всушност, составен од две слики направени на две инфрацрвени бранови должини, пишува „Гизмодо“. Ја прикажува сончевата источна хемисфера на Марс, гледана од „Веб“ од речиси 1,5 километар оддалеченост од точката Лагранж 2.

Првата фотографија покажува поглед на Марс со пиксели од 2,1 микрона, а втората е направена на 4,3 микрони – двете бранови должини што одговараат на блискиот инфрацрвен регион невидлив за човечкото око.

„Веб“ исто така собрал некои спектроскопски податоци за атмосферата на Марс. Откриени се соларните молекули, кои ја сочинуваат тенката атмосфера на планетата, вклучувајќи јаглероден диоксид, вода и јаглероден моноксид. Иако не е откриено ништо ново, тоа ја покажува способноста на телескопот прецизно да го карактеризира составот на атмосферата на другите планети, истакнува „Гизмодо“.

Интернетот досега има обезбедено неверојатни слики од Јупитер, маглината Тарантула и многу повеќе.

Прикажи повеќе...

Забава

Сончева бура утре ќе ја погоди Земјата

Објавено пред

Се очекува утре Земјата да биде погодена од умерена геомагнетна бура бидејќи сончевиот ветер ќе излезе од огромна дупка во атмосферата на Сонцето.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот, Центарот за предвидување на времето во вселената (SWPC) на американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) предупреди дека геомагнетната бура Г2 е „веројатно“ да се случи оваа недела.

Геомагнетната бура е големо нарушување на магнетосферата на Земјата – регионот околу Земјата во кој доминира магнетното поле на нашата планета.

Магнетосферата може да се наруши секој пат кога сонцето исфрла материјал кон нас, како прилив на наелектризирани честички познати како сончев ветер.

Овие интеракции помеѓу сончевиот материјал и магнетосферата произведуваат интензивни струи и ги загреваат горните делови на нашата атмосфера. Ова може да има секакви ефекти, вклучително и зголемување на отпорот на сателитите во ниската орбита на Земјата, менување на патеката на радио сигналите и создавање грешки во сателитската навигација, па дури и создавање штетни струи во електричните мрежи на земјата. Овие интеракции можат да предизвикаат и разнобојни полови на небото.

Геомагнетните бури се мерат во зголемување на јачината од G1 до G5 – од најслаба до крајна.

SWPC вели дека бурата G2 може да вклучи прекин на радио сигналот со кратки бранови, што може да влијае на радио-операторите и навигациските системи, но не се очекува да предизвика шумски пожари или прекини на електрична енергија како најголемата соларна бура во историјата.

Сепак, жителите на поголеми географски широчини ќе можат да го набљудуваат „танцот“ на поларната светлина на ноќното небо.

Во последните месеци имавме можност да видиме слични настани поради зголемената сончева активност поврзана со циклусот на активност на Сонцето.

Сонцето се движи кон фазата на сончев максимум кога неговата активност ќе биде најголема. НАСА тврди дека овој врв се очекува во 2023 година, а може да очекуваме и поинтензивни соларни бури да ја погодат нашата планета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Македонија ќе добие 4 милиони долари од продажбата на вилата на СФРЈ во Њујорк

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина,...

Економија34 минути

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, на прес-конференција изјави дека обезбедени се пари и ќе има доволно за сите потреби од...

Македонија1 час

Анкета: Општинските инспектори се жалат на недостиг на опрема и кадар за определени области

НВО Инфоцентарот заедно со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, во јуни годинава,...

Регион1 час

Апсења во Подгорица – со години работеле за руската разузнавачка служба

Неколку црногорски државјани се уапсени во Подгорица под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба, дознава „Вијести“ од повеќе извори....

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог-закон за енергетика

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата достави барање до Собранието за одржување  итна седница на која ќе се разгледува предлог-законот...

Свет2 часа

Трамп: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат

Саботажата што ги оштети гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 може да доведе до ескалација или дури и...

Европа2 часа

Дали Путин би ризикувал да ги искористи своите подморници во предизвикување експлозии на „Северен тек“?

Три крајбрежни линии на рускиот гасовод Северен тек, кој ја снабдува Германија, претрпеа „невидена“ штета во понеделникот, што резултираше со...

Европа3 часа

Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот за ослободените територии,...

Економија3 часа

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 29.9.2022 година (четврток) почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои...

Европа4 часа

Володин: Забрането е Русите да бегаат од мобилизација

Вјачеслав Володин, претседателот на руската Дума, на Телеграм објави дека Русите не треба да бегаат од Русија во обид да...

Економија4 часа

СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата

„Економско енергетскиот совет на Владата на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, може да носи погрешни одлуки

„Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност. Тој треба да каже едноставно дали лажел за да избегне служење воен...

Регион4 часа

(Видео) Поплава во Риека, загина маж во автомобил

Силно невреме вчера ја зафати Риека и предизвика огромни поплави. Сообраќајот во делови од градот, вклучително и поголемиот дел од...

Свет4 часа

Бајден: Не злоупотребувајте го ураганот за да ја зголемите цената на нафтата

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика нафтените компании да не ги зголемуваат цените на горивата злоупотребувајќи го ураганот Ијан, кој...

Економија15 часа

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15 октомври почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има бидејќи е почната...

Македонија20 часа

Објавени имињата на новите директори на јавните претпријатија во Скопје

Назначени новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје. Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, а со...

Економија20 часа

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите

Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите, при...

Македонија21 час

Се засилува потрагата по лицето кое со „голф 4“ падна во реката Вардар кај Желино

Oд раните утрински часови продолжена е потрагата и се засилува по лицето кое со автомобил „голф 4“ падна вчера во...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски нуди план за справување со енергетската криза: Двојно поевтина струја и спречување на инфлацијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со тимот претставници на највисокото раководство на партијата, вклучително и голем дел од градоначалници...

Македонија22 часа

(Интервју) Дејвид Гир: Дали сте подготвени утре да се приклучите кон ЕУ – очигледно не

За пристапување во ЕУ потребни се институции кои се професионални и се базираат на заслуги а не на партиски интереси,...