Контакт

Наука

ESA сака да изгради ‘лунарно село’

Објавено пред

Речиси половина век откако човекот стапна на Месечината, новиот директор на Европската вселенска агенција (ESA), Јохан Дитрих Вернер сака на овој природен сателит на Земјата да изгради „лунарно село“, идеја зачната на неодамна завршениот Меѓународен конгрес на астронаутиката во Ерусалим.

dobivaj vesti na viber

„Зошто не би изградиле лунарно село“, се запрашал Јохан Дитрих Вернер кој појаснил дека селото на Месечината би можело да претставува замена за Меѓународната вселенска станица (ISS) и појдовна точка за патувањата во новите далечни дестинации, како што е Марс.

Според првиот човек на Европската вселенска агенција (ESA), месечевото село би било сместено на делот на Месечината кој не се гледа од Земјата и не би станувало збор само за неколку куќи, градски совет и цркви, туку за меѓународна колонија којашто би била изградена со помош на роботи и којашто ќе овозможува спроведување различни научни мисии

Гаснењето на Меѓународната вселенска станица е предвидено за 2024 година, па Вернер верува дека е дојден моментот за планирање на следната фаза на присуството на човекот во Вселената.

Селото, коешто всушност би било расфрлани населби, би можело да биде изградено во длабоките кратери на површината на Месечината кои доселениците од Земјата би ги штителе од опасностите, како што е космичката радијација, микрометеорите и несоодветните температури, смета Вернер.

„Мораме да размислуваме за иднината понатака од Меѓународната вселенска станица. Мораме да планираме изградба на вселенски брод кој ќе биде во можност да ја проучува микрогравитацијата во ниската орбита на Земјата“, појаснува челникот на ESA.

Додава, исто така, дека првите жители на „лунарните села“ и биле научниците и истражувачите, но и дека претприемачите веќе размислуваат како да пронајдат начин за искористување на природните ресурси на Месечината, како што се златото, кобалтот, железото, платината, паладиумот, волфрамот и хелиумот-3.

„Отидовме на Месечината пред 50 години и мораме да знаеме дека денес имаме повеќе можности со паметните телефони, отколку со компјутерите ко иго испратија човекот во Вселената., Експоненцијалниот технолошки раст ни овозможува да сториме работи коишто претходно не беа возможни“, вели Навин Џаиун, еден од претприемачите кои работата со американската агенција за вселенски истражувања NASA и соосновач на компанијата „Moon Express“.

Иако NASA игра голема улога во комерцијалното месечево истражување, има простор и за другите вселенски агенции да ја преземат водечката ролја во населувањето на Месечината и да го развиваат вселенскиот туризам. И така, многу брзо, новото атрактивно европско место за минување на годишниот одмор би можело да го нуди прекрасниот поглед на планетата Земја./крај/мф/сн

Извор: AFP

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември

Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски....

Македонија56 минути

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија3 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет4 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет6 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа6 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија6 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет7 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет7 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет8 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија22 часа

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија24 часа

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија2 дена

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија2 дена

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...