Наука
Европското вселенско летало IXV успешно тестирано

Експерименталната европска вселенска ракета IXV, којашто во средата ја лансираше Европската вселенска агенција (ESA) од својот ракетодром Куру во Француска Гвајана, според планираното атерираше во Тихиот Океан по речиси двочасовниот лет.
„Ова е само почетокот и само што загребавме по површината на она што е можно да се оствари со соработка. Луѓето се горди што се Европејци, горди се што ја гледаат моќта на своите земји кои работата заедно“, изјави за агенцијата DPA Роберто Батисон, откако леталото IXV успешно падна во Тихиот Океан.
Европското летало беше лансирано со ракетата „Vega VV04“ од којашто се одвои на височина од 340 километри и конечно достигнала височина од 412 километри. Мисијата се смета за суборбитален лет, бидејќи IXV не продолжила да се движи по кружната патека околу земјата.
Мисијата на експерименталниот лет беше куса околу стотина минути. Прототипот се одвои од ракетата носач набрзо по лансирањето, за 18 минути, на 320 километри над Земјата, а потоа по искачувањето кое максимално требаше да изнесува до 450 километри почна да се враќа со брзина од 7,5 километри во секунда, односно 27.000 километри на час, а триењето со воздухот го забави леталото.
Аеродинамичната форма овозможи кусо да лета пред да се отвори повеќекратниот падобран, па IXV плуташе на одредено место во Тихиот Оекан, околу 3.000 километри западно од архипелагот Галапагос, далеку од населени области. Огромните балон го одржуваа на водата до доаѓањето на бродот на кој е подигнато.
Од Европската вселенска агенција (ESA) стравуваа дека доколку аголот е преголем, оти леталото може да се запали, а иако е премал, постоеше можноста IXV да ја промаши точката утврдена за негово враќање на земјата, појаснија од агенцијата.
„Враќањето од орбитата е една од најтешките дисциплини на полето на вселенските летови. Успешноста на мисијата за Европа ќе претстава ’пресуден исчекор’ кој долгорочните задачи – лансери кои можат повеќекратно да се користат, донесување примероци од космосот и враќање на астронаутите на Земјата“, изјави претходно за AFP Џорџо Тумино, водачот на програмата IXV во ESA од контролниот центар во италијанскиот град Торино.
Леталото IXV е опремено со повеќе до 300 сензори кои собираат мноштво податоци за летот, коишто треба да помогнат во дизајнирањето на идните космички летала (што се изговара според англиските I, X и V а е кратенка од Intermediate eXperimental Vehicle), е прототип на вселенско возило без екипаж долго пет метри и тешко две тони.
Според податоците објавени на интернет страницата на ESA, првите студии за IXV започнале во 2006 година, а изградбата на леталото започнал во 2009 година, со учество на околу 40 европски компании.
Првите резултати од тестирањето во средата треба да бидат обелоденети по половина месец. Добиените податоци ќе бидат користени за развојот на првата европска повеќекратниот транспортен вселенски брод „PRIDE“, чиј прв орбитален лет се очекува во 2018 година.
Првично ова лансирање на IXV беше планирано за ноември 2014 година, но тогаш според неофицијални информации беше одложено, француските научници утврдиле дека пресметаната траекторија на летот не е соодветна со параметрите кои може да бидат осигурени со лоцираноста на ракетодромот и ракетата носител „Vega“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука
230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.
Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.
Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.
Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.
Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.
Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.
Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.
За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.
Наука
Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.
Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.
„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.
Студијата, исто така, откри дека:
– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.
Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.
Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.
Наука
Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).
Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело
Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.
Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.
Зошто се толку штетни ПМ честичките?
ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.
Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?
1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.
2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.
3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.
4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.
5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.
Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?
1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.
2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.
3. Користете домашни прочистувачи на воздух.
4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.
5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.
6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.
7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.
8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.
9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.