Наука
Избраздената површина на Плутон е долга повеќе стотини километри

Вселенската сонда New Horizons, која во јули прелета во близината на џуџестата планета Плутон, продолжува да испраќа нови снимки и податоци собрани во текот на мисијата, меѓу кои се истакнуваат снимките на избраздената површина.
„Површината повеќе личи на рапава кора од дрво или крлушки на змеј отколку на површина обликувана со геолошки процеси. Ќе ни биде потребно време да го разјасниме тоа, можеби станува збор за комбинација на внатрешни тектонски сили и сублимација на мразот која ја поттикнува слабата сончева светлина на Плутон“, појаснува Бил Меккинон, научни од универзитетот Вашингтон, во Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури.
Овие „брчки“ на површината на планетата се протегаат повеќе стотици километри, а зголемените снимки ќе им помогнат на научниците да ги објаснат разните геолошки и климатолошки процеси, кои создале сложени знаци на површината на Плутон.
Вселенската сонда New Horizons мина крај Плутон кон средината на јули, кога му се доближи на 12.500 километри и во тој кус интервал собра мноштво податоци.
Првите снимки на површината на Плутон открија терен кој на површината се појавил благодарејќи на некој геолошки процес, како што е вулкан, пред најмалку 100 милиони години, но не е пронајден ниеден кратер од удар на комета, што значи дека станува збор за многу млада површина. На снимките се видлив и планети на работ од срцевидна областа повеќе од 3.300 метри, кои се споредуваат со области на Земјата.
Сондата New Horizons беше лансирана во јануари 2006 година, а една година подоцна мина крај планетата Јупитер на рекордно блиско растојание од 2,3 милиони километри, предавајќи до Земјата многу важни информации за атмосферата и мангитосферата на оваа планета, и исто така и за нејзините сателити. Потоа уредот го продолжи своето вселенско патешествие во режим на хибернација за да ги сочува потенцијалите на опремата која е инсталирана на него.
Плутон е еден од најмистериозните и објекти за кои најмалку се знае во Сончевиот систем, а во NASA сметаат дека благодарение на мисијата New Horizons не само што ќе бидат добиени нови податоци за оваа планета и за нејзините природни сателити, туку и ќе фрли светлина врз потеклото на планетата Земја и формирањето на сончевиот систем.
Научниците веќе сега знаат дека Плутон, некогаш сметана за деветта и најоддалечена планета во Сончевиот систем е поголем отколку што се сметаше. Пречникот му изнесува 2.370 километри, што е околу 80 километри повеќе од претходните процени.
Плутон сега и официјално е поголем од Ерис, една од стотиците илјади џуџести планети и тела слични на кометите кои кружат зад Нептун, во областа позната како Кајперсов појас. Откритието на таа област во 1992 година доведе до нова класификација на Плутон, кој од „планета“ беше класифициран како „џуџеста планета“.
Плутон е откриен во 1930 година. Помал е до Месечината, а има маса 500 пати помала од Земјата. Има пет месечини и околу Сонцето врти за 247,7 години. Досега се откриени пет сателити на Плутон, и тоа Харон, Никита, Хидра, Кербер и Стиск./крај/мф/сн
Извор: NASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шпански колбас прикажан како нова ѕвезда снимена со телескопот Џејмс Веб

Француски научник упати јавно извинување откако твитна фотографија од парче колбас чоризо, тврдејќи дека се работи за далечна ѕвезда снимена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.
Етјен Клајн, прославениот физичар и директор на француската Комисија за алтернативна и атомска енергија, сподели фотографија од зачинетиот шпански колбас на Твитер, истакнувајќи ја количината на детали што ги нуди фотографијата.
“Фотографијата на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет”, физичарот им порача на своите следбеници на Твитер.
Photo de Proxima du Centaure, l’étoile la plus proche du Soleil, située à 4,2 année-lumière de nous.
Elle a été prise par le JWST.
Ce niveau de détails… Un nouveau monde se dévoile jour après jour. pic.twitter.com/88UBbHDQ7Z— Etienne KLEIN (@EtienneKlein) July 31, 2022
Илјадници корисници го споделија овој твит и ја коментираа објавата, земајќи го за збор истакнатиот научник. Подоцна тој призна дека фотографијата всушност била крупен кадар на парче колбас chorizo на црна позадина.
„ Па, кога е час за коктел, когнитивната пристрасност има многу за уживање… Бидете свесни за тоа. Според модерната космологија, ниту еден предмет поврзан со шпанскиот деликатес не постои никаде на друго место освен на Земјата“, напиша Клајн.
Откако се соочи со реакции од заедницата на Твитер, тој мораше да објасни дека тоа е шега.
„ Да научиме да бидеме внимателни со аргументите кои доаѓаат од позиција на моќ, како и со спонтаната елоквентност на одредени слики“, рече Клајн. На почетокот на август уште еднаш и се извини на јавноста, изјавувајќи дека намерата му била да го привлече вниманието на сликите кои како да „зборуваат сами“, а вистината е дека всушност е далеку од тоа!
Телескопот Џејмс Веб е најмоќниот телескоп кој некогаш бил испратен во вселената. Официјално започна со работа на 12 јули, а на нашата планета испраќа слики со огромна резолуција од SSD.
Забава
Откриена џиновска озонска дупка – седум пати поголема од онаа на Антарктикот

Над тропските региони е откриена озонска дупка седум пати поголема од озонската дупка на Антарктикот.
Но, според канадскиот истражувач Чинг-Бин Лу, таа постои од 1980-тите. Професорот Чинг-Бин Лу од Универзитетот во Ватерло во Онтарио ја откри оваа озонска дупка која опстојува во сите годишни времиња во долната стратосфера над тропските предели (на 30 степени северна – 30 степени јужна географска ширина).
Длабочината на оваа тропска озонска дупка е споредлива со длабочината на добро познатата озонска дупка што се појавува на пролет над Антарктикот, додека нејзината површина е околу седум пати поголема.
Во средината на седумдесеттите, атмосферските истражувања покажаа дека озонската обвивка, која го апсорбира најголемиот дел од сончевото ултравиолетово зрачење, може да биде оштетена од индустриски хемикалии, пред сè хлорофлуоројаглероди (CFC), се вели во статија на порталот „Дискавери“.
Откривањето на озонската дупка на Антарктикот во 1985 година ја потврди штетата на озонската обвивка предизвикана од CFC. Иако забраните за такви хемикалии помогнаа да се забави осиромашувањето на озонската обвивка, новите докази сугерираат дека штетите опстојуваат.
„Тропските предели сочинуваат половина од површината на планетата и се дом на речиси половина од светската популација. Постоењето на тропска озонска дупка може да предизвика голема глобална нерамнотежа бидејќи осиромашувањето на озонот може да доведе до зголемување на УВ зрачењето на ниво на земја, што го зголемува ризикот од рак на кожата и катаракта, ги намалува земјоделските приноси и негативно влијае на чувствителните водни организми и екосистеми“, предупредува професорот Лу, истражувач на Катедрата за физика и астрономија, Катедрата за биологија и хемија на Универзитетот во Ватерло.
Откривањето на оваа озонска дупка, која опстојува во текот на целата година над тропските предели, беше изненадување за научната заедница, бидејќи врз основа на постоечките конвенционални фотохемиски модели, никој не го ни погоди нејзиното постоење.
Губењето на озонот води до стратосферско ладење, така што постоењето на тропска озонска дупка во текот на целата година и сезонски поларни озонски дупки е еквивалентно на формирање на три „температурни дупки“ во долната стратосфера на Земјата.
Забава
Астрономите открија необично голема и светла црна дупка

Астрономите ја открија најбрзо растечката црна дупка со маса еквивалентна на масата на три милијарди сонца, која троши еквивалент на една Земја секоја секунда и сјае 7.000 пати посилно од нашата галаксија, објави Австралискиот национален универзитет (АНУ).
„Астрономите ловат вакви објекти повеќе од 50 години. Тие пронајдоа илјадници бледи, но овој зачудувачки светол објект се провлекол незабележано“, рече главниот истражувач на АНУ, Кристофер Онкен, нарекувајќи го „многу голема, неочекувана игла во стог сено“.
„Сега сакаме да знаеме зошто оваа црна дупка е поинаква – дали се случило нешто катастрофално? Можеби две големи галаксии се урнале една во друга, насочувајќи многу материјал во црната дупка за да ја нахранат“, рече Онкен.
Коавторот Кристијан Волф ја нарече рекордната црна дупка „извонредна“.