Контакт

Наука

Најдобриот Microsoft office specialist ќе патува на светскиот натпревар во Oрландо

Објавено пред

Преку организација на националниот натпревар за Microsoft Office Specialist, од страна на Certiadria, (Сертиадриа), Македонија за прв пат учествува на натпревар од светски рамки, покажувајќи ја подготвеноста и компјутерските вештини на учениците од основните, средните училишта и студентите на возраст од 13 до 22 години. 

dobivaj vesti na viber

Вкупно 1.430 кандидати од цела Македонија, во период од ноември 2015 до мај 2016, полагаа 1.960 тестови за Word, Excel, PowerPoint од MS Office 2010 и 2013. Сите оние кои ги положија тестовите се стекнаа со глобално признаени сертификати, како потврда за основната IT писменост која денес станува потреба во секој процес на развој на професионалните способности.

Рангирани според највисоките резултати, најдобрите 45 учесници денес се натпреваруваат за титулата Microsoft Office Specialist на Македонија, во познавање на MS Word, Excel или PowerPoint.

„Секое знаење заслужува да биде признаено, но и потврдено со соодветна диплома. Нашата цел е да ги поттикнеме младите луѓе да го покажат дека знаат, но и да го валоризираат своето знаење преку стекнување на сертификат препознаен и признаен секаде во светот, кој во образовната и бизнис заедница е единствен валиден доказ за поседување на компјутерски вештини. Одржувањето на ваков тип натпревари е само дополнителна можност за нашите ученици, да ги одмерат своите сили на светско ниво, а нивното знаење да биде наградено со патување во Орландо, Флорида” изјави Валентина Тасева, претставник на Сертиадриа и генерален менаџер на Семос Едукација. Финалниот натпревар се одржува во i-bank store на Стопанска банка АД – Скопје, која целосно ќе ја обезбеди главната награда: патување на светскиот натпревар во Дизниленд, Орландо Флорида, на победникот кој ќе ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија. Останатите шест финалисти од Семос Едукација ќе добијат ваучери за бесплатна обука.

„Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, поддршка за натпреварот обезбедуваме затоа што ја препознаваме потребата кај младите, родени во дигиталната ера, не само да бидат вешти во совладување на достапната технологија, туку и да се носители на развојот на технологијата од иднината. Токму затоа натпреварот го одржуваме во i-bank store концепт филијалата, каде во фокусот е i-bank платформата преку која Банката во континуитет се обидува да одржи темпо со современите текови и алатки и она што им е и на тој начин дополнително да се приближува до младите и да им помага да го реализираат својот потенцијал. Финалисти, уште еднаш искрени честитки за покажаниот успех, остануваме на ваша страна и ви посакуваме многу успеси во справувањето и со идните предизвици“, изјави Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на УО при Стопанска банка АД – Скопје.

Град Скопје, од јануари 2016 година, стана партнер во организирањето и спроведувањето на првиот националниот натпревар за Microsoft Office, на тој начин што ги поддржа најдобрите 500 ученици од сите средни училишта кои се во негова надлежност, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office испит.

„Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го поддржува натпреварувачкиот дух на младите, посветеното учење и натпреварувањата надвор од рамките на секојдневните училишни обврски. Според него, инвестирајќи во подобрување на дигиталната писменост особено преку формалниот образовен процес ќе се придонесе за подобрување на можностите на младите образовани кадри и подобрување на продуктивноста на работното место, што како резултат ќе води кон општество со висока економска продуктивност.“

„Во економијата на знаење, луѓето во Македонија претставуваат нејзин најголем ресурс. На нив мора да им се даде пристап до стекнување на вештини за да ги користат можностите на информатичките и комуникациски технологии (ИКТ). Без овие вештини, луѓето имаат поголеми потешкотии за да најдат вработување: основните ИТ вештини се пасош за нови можности за милиони граѓани и претставуваат структурен елемент за привлекување на инвестиции, иновации и отворање на нови работни места во глобалната економија. Според една студија од страна на ИДЦ направена во 2013 година, работодавците бараат кандидати кои имаат 20 специфични вештини. Трета вештина на оваа листа е владеењето со Microsoft Office. Всушност, вештините за познавање на Microsoft Office програмите се бараат пет пати повеќе од било која друга алатка за продуктивност”, изјави Љупчо Георгиев, генерален менаџер на Microsoft Македонија

Првиот Национален натпревар воопшто не би бил реализиран без поддршката од страна на Microsoft Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос Едукација.

Полагањата на испитите, во период октомври – мај, беа спроведени во низа тестинг центри низ Македонија: средните училишта во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Семос Едукација, Американ Колеџ Скопје, ПСУ Алгоритам, Полипроект од Штип./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија8 часа

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија8 часа

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија9 часа

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...

Македонија11 часа

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет12 часа

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет12 часа

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет13 часа

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет13 часа

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет13 часа

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет13 часа

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...

Македонија1 ден

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија1 ден

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија1 ден

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија1 ден

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија1 ден

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија2 дена

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија2 дена

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија2 дена

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...