Контакт

Наука

Nature: Конгресот на САД се заканува со забрана за модификацијата на ДНК на ембрионите

Објавено пред

Претставничкиот дом на Конгресот на САД наскоро може да започне расправа за прашањето на генетските експерименти врз човечки ембриони со вклучување на „верски експерти“ што може да резултира со целосна забрана за ваквите експерименти, пишува редакцијата на интернет изданието на научното списание Nature.

dobivaj vesti na viber

Според написот, на 17-ти јуни во Конгресот се појавил невообичаен предлог-закон, во чии рамки пратениците планираат да ѝ порачаат на Управата за контрола на храната и лекарства на САД (FDA) да формира специјална комисија, во којашто покрај стручњаци од различни медицински гранки би влегле и „верски експерти“. Главната задача на оваа комисија би била да ги разгледува сите етички прашања, коишто се однесуваат генетските модификации на човечките ембриони.

Причината за појавувањето на ваквите планови и предлог-законот, судејќи според сé, е контроверзната студија на кинеските генетичари, неодамна објавена на страниците од еден малку познат научен магазин, во којашто тие се обиделе да ја модифицираат ДНК-та во дефектни ембриони, што не им успеало поради неможноста прецизно да го менуваат геномот.

Како што се истакнува во текстот на Naturе, слични експерименти се вршеле и во приватни американски медицински и научни институти, бидејќи во САД тоа не е забрането со законите. Доколку предлог-законот биде прифатен, можноста да се прават такви експерименти ќе биде многу комплицирана, имајќи предвид контролата од страна на „верските експерти“ во комисијата.

Првото мислење на комисијата би бил извештајот за етичките прашања, коишто се однесуваат на создавањето ембриони врз база на ДНК на три родитела, што сега се подготвува во американскиот Институт за медицина. На сличен начин научниците сега сугерираат за се избегне пренесувањето на голем број генетски болести од мајката на детето со замена на дефектните митохондрии во јајцеклетката на органелите од клетка на здрава жена.

„Не разбирам што Конгресот сака да добие додавајќи уште едно ниво на етички размислувања над овие проблеми коишто даночните обврзници ќе мора да ги плаќаат од војот џеб. Не траба да се биде биоетичар или човек од религијата за да се сфати значењето и потенцијалот на етичката опасноста од модификацијата на човечката ДНК“, вели Џонатан Морено, експерт за биоетика на Универзитетот Пенсилванија.

Според официјалните претставници на американскиот Институт за медицина, тие имаат формирано етички совет и во него има претставници на разни конфесии и професори на теологија, па ваквата дополнителна проверка би можела да биде излишна.

Други научници, пак, се загрижен дека случајот може да преставува преседан за вмешувањето на голем број надворешни институции и организации во животот на научно-истражувачката заедници во САД, што ќе ја намали нивната ефикасност и ќе создаде услови за развој на различни „испади на теренот“./крај/мф/сн

Извор: Nature



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија5 часа

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија5 часа

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија6 часа

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...

Македонија6 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и...

Економија7 часа

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното...

Свет8 часа

Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28...

Македонија1 ден

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија1 ден

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија1 ден

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...

Македонија1 ден

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет1 ден

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет1 ден

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет1 ден

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет1 ден

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет1 ден

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет1 ден

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...