Контакт

Наука

Научниците создадоа вештачки ензими

Објавено пред

Научниците од Советот за медицински истражувања (MRC) во Велика Британија ги создале првите ензими од вештачки генетски материјал, се наведува во студијата објавена во вторникот во стручното списание Nature.
 

dobivaj vesti na viber

Научниците од Советот за медицински истражувања (MRC) во Велика Британија ги создале првите ензими од вештачки генетски материјал, се наведува во студијата објавена во вторникот во стручното списание Nature.

 

Нивните синтетички ензими, направени од молекули кои не се појавуваат никаде во природата, може да предизвикаат хемиски реакции во лабораториски услови. Така, ова истражување дава нов увид во потеклото на животот и би можело да стане почетниот момент за целосно нова генерација лекови и дијагностика.

Откритието се заснова на претходна работа на тимот во лабораторијата на британскиот Совет за медицински истражувања (MRC) за молекуларна биологија кој ги создал синтетичките молекули наречени XNAs, коишто може да се чуваат и да пренесуваат генетски информации на сличен начин како и ДНК-та.

„Целиот живот на Земјата зависи од низа хемиски реакции, од варењето на храната до создавањето на ДНК во нашите клетки. Многу од тие реакции се пребавни… и потребни им се ензими за придвижување или ‘катализација’ на процесот“, вели за BBC др Филип Холигер, кој раководел со истражувањето. Додава дека секоја наша клетка содржи илјадници различни ензими, од кои многу се протеини.

Според професорот Холигер, до неодамна се мислеше дека само ДНК и РНК може да ги чуваат генетските информации и дека заедно со протеините се единствените биомолекули кои може да ги формираат ензимите.

„Нашата работа укажува на тоа дека во принцип постојат низа можни алтернативи на природните молекули, коишто ќе ги поткрепат процесите на катализација неопходни за животот“, додава професорот./крај/мф/сн

Извор: BBC



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Наука

Студија открива зошто зевањето е „заразно“

Објавено пред

Многумина претпоставуваат дека проѕеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваат научниците долги години. Таа теорија, сепак, е отфрлена.

dobivaj vesti na viber

„Зевањето се состои од широко отворање на устата и максимално проширување на вилицата, проследено со длабоко вдишување и бавно издишување“, објаснува д-р Рејан Сагир од Велика Британија и додава дека овој секојдневен феномен сè уште не е целосно научно објаснет и разбран.

Најчудниот детал за проѕевањето е неговата „заразност“. Има многу студии на оваа тема, па има и некои објаснувања зошто мораме да зеваме кога гледаме како некој друг се проѕева. Објаснувањето лежи во психологијата, а постојат тврдења дека „само психопатите не зеваат кога тоа го прави некој друг во нивната околина“.

Многу луѓе претпоставуваат дека зеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваа научниците до крајот на минатиот век, но по експериментите објавени во 1987 година, таа теорија беше отфрлена, бидејќи немаше докази за никаква корелација, пренесува realsimple.com.

„Како што се уморуваме, особено кога гледаме неинтересни или неинтерактивни повторувачки содржини како предавања, нашето тело го користи зевањето како средство за будење. Истражувањата покажаа дека ова е точно, бидејќи отчукувањата на срцето се зголемуваат по проѕевањето, достигнувајќи врв за 10 до 15 секунди“, вели д-р Сагир.

Зевањето е поврзано и со ладење на мозокот, поради што се проѕеваме почесто кога температурата се зголемува.

„Кога мускулите на лицето се опуштаат, тоа овозможува губење на топлина низ вените на лицето и влегување на ладен воздух, што помага да се намали температурата на мозокот“, пренесува 24sata.

Причината зошто зевањето е заразно е емпатијата

Според истражувачите, најверојатната причина зошто зевањето е заразно е емпатијата.

„Како што стареат луѓето го подобруваат својот психосоцијален и невролошки развој, па туѓото зевање станува еден вид знак дека и тие треба да зеваат. Овој феномен е познат како феномен на ехо, а се јавува и кај шимпанзата и кучињата“, вели др. Сагир и додава:

„Не е само зевање тоа што несвесно се копираме еден од друг“

На пример, секој ден автоматски, несвесно имитираме туѓи зборови (ехолалија) или постапки (ехопраксија), се со цел подобро да се вклопиме. Таквото однесување е сосема природно, бидејќи нашиот мозок е програмиран на тој начин – да ги копира луѓето со кои сме опкружени.

„Истражувањата покажаа дека зевањето предизвикува „огледални неврони“ во еден дел од мозокот, но овој одговор е ограничен на целосно развиен мозок. Како ментално здрави возрасни луѓе, нашиот психосоцијален развој ќе нè натера да зеваме кога некој друг го прави тоа. Кај луѓето кои не се развиени добро и правилно ментално, не се гледа заразното дејство на проѕевањето“, забележува британскиот лекар.

Ги „копираме“ зевањата на луѓето за кои се грижиме

Некои студии покажуваат дека децата, чиј мозок се уште се развива, зеваат само кога се уморни, но не и кога некој го прави тоа покрај нив. Освен тоа, студиите покажаа дека повеќе сме склони да го копираме зевањето кога тоа го прават луѓе за кои се грижиме, со кои сме блиски.

“На пример, ако некој член од семејството зева, поголема е веројатноста да зеваме отколку кога некој што не го познаваме зева. Ова се случува токму поради емпатијата кога несвесно сакаме да ги пресликаме постапките на саканите”, вели д-р Сагир.

Прикажи повеќе...

Наука

Кометата која милиони години патувала до Земјата ќе биде видлива со голо око во октомври

Објавено пред

Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе се појави на небото следниот месец. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас.

dobivaj vesti na viber

Таа би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите комети во северната полутопка во последните 100 години.

„Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен приказ во средината на октомври. Доколку времето дозволува, кометата ќе биде видлива во целата северна полутопка. Дури и градските светла нема да ја придушат“, изјави Шјиченг Џанг од опсерваторијата „Лоуел“ во Аризона.

Кометата првпат била забележана од кинеските астрономи во јануари лани и ова ќе биде првпат луѓето да ја видат.

„Кометите како Ц/2023 А3 се големи правливи ледени топки и кога ќе почнат да се приближуваат до сонцето, тие се загреваат и испуштаат гасови и прашина и така се создава она што изгледа како опашка на кометата“, кажа Пол Дилејни, почесен професор по физика и астрономија на универзитетот Јорк во Торонто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така...

Европа2 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија2 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет4 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија4 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет4 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа4 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија13 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет15 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет16 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија22 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија23 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија23 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет1 ден

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет1 ден

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа1 ден

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет1 ден

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...