Контакт

Наука

Нобеловата награда за хемија за спознавањето на животот на молекуларно ниво

Објавено пред

Еден Германец и двајца американски научници ја добија во средата Нобеловата награда за хемија, бидејќи со нивните истражувања овозможија да се видат поединечните молекули во жива клетка, односно да се проучи структурата на различни објекти во мали димензии со рекордно висока резолуција.
 

dobivaj vesti na viber

Еден Германец и двајца американски научници ја добија во средата Нобеловата награда за хемија, бидејќи со нивните истражувања овозможија да се видат поединечните молекули во жива клетка, односно да се проучи структурата на различни објекти во мали димензии со рекордно висока резолуција.

 

Американците Вилијам Морнер, кој инаку последните неколку години беше споменуван како еден од можните лауреати, од универзитетот Стенфорд, и Ерик Бетциг од Медицинскиот институт „Хауард Хјуз“ во Ешбурн, и Германецот Стефан Хел од Институтот за биофизичка хемија „Макс Планк“ со употреба на флуоросценција го подигнаа микроскопските уреди на нови ниво, премостувајќи ги пречките кои за оптичкиот микроскоп ги претставуваше минијатурноста на молекулот. Предноста на нивните методи е што тие овозможуваат разгледување објекти чијашто големина е многу помала од ограничувањата на резолуцијата на конвенционален светлосен микроскоп, се истакнува во соопштението на стокхолмскиот Нобелов комитет при Кралската шведска академија на науките.

Научниците сега можат во реално време да ги проучуваат создавањето на синапсите меѓу мозочните клетки, на пример. Особено нивното откритие овозможува проучување на структурата на одделните живи клетки и молекулите во нив, што е посебно важно од аспект на создавање нови лекови. „Новината на научниците се состои во тоа што на светлинската микроскопија тие ја издигнаа на нивно на нанодимензии“, се додава во соопштението.

Во далечната 1873 година научниците мислеле дека постојат ограничувања на она што може да се види, бидејќи тогаш Ернст Ејби востановил дека резолуцијата на оптичкиот микроскоп не може да биде подобра од 0,2 микрометри, што е 500 пати помалку од пречникот на човечко влакно.

Меѓутоа, тројцата годинешни носители на наградата на Нобел за хемија ја пробиле таа бариера со скенирање на флуоросцентните молекули и создавање попрецизна слика. Тие ја осмислија „наноскопијата“ со која научниците сега доста се служат во одредување на молекуларниот состав на клетката. Модерните микроскопи можат да следат конкретна белковина поради подоброто разбирање на болести, како што се Алџхајмер или Паркинсон, а можат и да го следата делењето на оплодена јајце-клетка и настанувањето на ембрионот.

„Тоа е многу важно за разбирање на работата на клетките и она што се случува доколку се разболи клетката“, изјави Хел во телефонската прес-конференција откако му соопштија дека е еден од добитниците на најпрестижната награда во сферата на науките. За него ова признание е „потполно изненадување“, рече.

Вториот добитник, Бетциг, изјави дека е шокиран (од наградата). „Последниот час време одам наоколу како низ магла, а во Минхен е сончев ден и се плашам дека животот ми се промени“, изјави телефонски за Reuters од Минхен каде во средата одржа предавање.

Бетциг и Морнер независно еден од друг сфатиле дека како може да се гледа преку микроскоп посебна молекула со „вклучување“ или „исклучување“ на флуоросценцијата на одредена површина под дејство на светлина. Правејќи ги голем број снимки и „наметнувајќи“ ги едни врз други, се покажало дека може да се добие многу појасна слика за секоја индивидуална молекула. Хел, пак, дошол до можноста како да се „засили“ молекулот да флуоросцира под влијание на ласерски зрак, а потоа со помош на друг зрак да се „засече“ само областа којашто е од интерес за експерименталното набљудување која е со многу мали димензии.

Според научниците, доделувањето на признанието за флуоросцентната микроскопија, всушност, претставува признание за новите технологии, а не за некое фундаментално откритие.

Во историјата на Нобеловите награди има многу случаи кога оваа награда се доделува за методи на истражувањето на различни супстанции и објекти. Што се однесува до истражувањата со микроскопите, ова е петти пат во историјата тие да го добиваат највисокото научно признание. Во 1925 година Нобеловата награда за хемија ја добил тогаш австроунгарскиот научник Рихард Жигмонди за методот за развој на ултрамикроскопијата, со чијашто помош го проучувал Брауновите движења на мали честички. Во 1953 година, Германецот Фирц Цернике ја добил наградата за создавање на фазо-контрастнито микроскоп, а во 1982 година Британецот Аарон Клуг беше награден за развој на кристалографската електронска микроскопија., во 1986 година беа наградени германските научници, Ернс Руска за изумување на електронскиот микроскоп, а Герд Биниг ио Хенрих Рорер за методот за скенирање во тунелната микроскопија.

Церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи на 10-ти декември, според традицијата во Стокхолм и на денот на смртта на основачот на Нобелова награда, шведскиот претприемач и пронаоѓач Алфред Нобел (1833-1896). Износот на секоја на Нобеловата награда во 2014 година изнесува осум милиони шведски круни или 1,2 милиони американски долари.

Четирите од пет премии се вклучени во тестаментот на Нобел, за физиологија или медицина, физика, хемија и литература, додека признанието за економија, воспоставено во 1968 година во знак на сеќавање на основачот ја доделува Шведската централна банка. Тие се врачуваат во Стокхолм, додека Нобеловата награда за мир, според волјата на основачот, се врачува во Осло./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет4 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа4 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија6 часа

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија6 часа

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа6 часа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија9 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ10 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа10 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија12 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ12 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет14 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет15 часа

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет15 часа

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет15 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет1 ден

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија1 ден

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија1 ден

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...