Контакт

Наука

Телескоп на НАСА забележал осум потенцијално опасни астероиди за Земјата

Објавено пред

Американската агенција за вселенски истражувања NASA воочила осум нови астероиди кои би можеле да бидат закана за Земјата.

dobivaj vesti na viber

Од 439 објекти кои минуваат покрај Земјата, осум се потенцијално опасни, објави NASA, пренесува RT. Објектите се забележани со користење на истражувачкиот телескоп на NASA, NEOWISE (Near-Earth Object Wide-field Survey Explorer).„Осум објекти откриени последната година се означени како потенцијално опасни астероиди, со оглед на нивната големина и оддалеченост од Земјата“, се вели во извештајот.Во истиот период во близина на Земјата кружеле 439 објекти, од кои 72 се новооткриени.„NEOWISE открива големи, темни објекти во близина на Земјата и со тоа ја комплетира нашата мрежа на телескопи на земја кои работат врз принципот на видлива светлина на брановата должина. Просечно, овие објекти се оддалечени едни од други стотици метри“, рече Ејми Мајнзер, главен истражител на податоците што ги собира NEOWISE.Минатата година овој телескоп сними 5,1 милиони снимки, процесуираше информации за повеќе од 19.000 астероиди и комети, вклучувајќи и четири новооткриени. Собраните податоци ги кријат и одговорите на прашањата за потеклото на тие објекти.„Проучувајќи ја дистрибуцијата на светли и темни материјали, податоците на NEOWISE ни даваат подобро разбирање за потеклото на објектите што доаѓаат или од различни делови на главниот астероиден прстен меѓу Марс и Јупитер или од ледените комети“, вели Џејмс Бауер, истражувач на НАСА.NASA во периодот од 1994 до 2013 година забележа 556 експлозии на астероиди во атмосферата на Земјата. Подготвувајќи се за можен удар на астероид во Земјата, агенцијата покрена нова програма под името Planetary Defence Coordination Office, односно Канцеларија за координирана планетарна одбрана. Долгорочните планови на NASA вклучуваат и развој на технологија за одбивање на астероидите. /крај/мф/ст

Извор: RT



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Наука

Студија открива зошто зевањето е „заразно“

Објавено пред

Многумина претпоставуваат дека проѕеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваат научниците долги години. Таа теорија, сепак, е отфрлена.

dobivaj vesti na viber

„Зевањето се состои од широко отворање на устата и максимално проширување на вилицата, проследено со длабоко вдишување и бавно издишување“, објаснува д-р Рејан Сагир од Велика Британија и додава дека овој секојдневен феномен сè уште не е целосно научно објаснет и разбран.

Најчудниот детал за проѕевањето е неговата „заразност“. Има многу студии на оваа тема, па има и некои објаснувања зошто мораме да зеваме кога гледаме како некој друг се проѕева. Објаснувањето лежи во психологијата, а постојат тврдења дека „само психопатите не зеваат кога тоа го прави некој друг во нивната околина“.

Многу луѓе претпоставуваат дека зеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваа научниците до крајот на минатиот век, но по експериментите објавени во 1987 година, таа теорија беше отфрлена, бидејќи немаше докази за никаква корелација, пренесува realsimple.com.

„Како што се уморуваме, особено кога гледаме неинтересни или неинтерактивни повторувачки содржини како предавања, нашето тело го користи зевањето како средство за будење. Истражувањата покажаа дека ова е точно, бидејќи отчукувањата на срцето се зголемуваат по проѕевањето, достигнувајќи врв за 10 до 15 секунди“, вели д-р Сагир.

Зевањето е поврзано и со ладење на мозокот, поради што се проѕеваме почесто кога температурата се зголемува.

„Кога мускулите на лицето се опуштаат, тоа овозможува губење на топлина низ вените на лицето и влегување на ладен воздух, што помага да се намали температурата на мозокот“, пренесува 24sata.

Причината зошто зевањето е заразно е емпатијата

Според истражувачите, најверојатната причина зошто зевањето е заразно е емпатијата.

„Како што стареат луѓето го подобруваат својот психосоцијален и невролошки развој, па туѓото зевање станува еден вид знак дека и тие треба да зеваат. Овој феномен е познат како феномен на ехо, а се јавува и кај шимпанзата и кучињата“, вели др. Сагир и додава:

„Не е само зевање тоа што несвесно се копираме еден од друг“

На пример, секој ден автоматски, несвесно имитираме туѓи зборови (ехолалија) или постапки (ехопраксија), се со цел подобро да се вклопиме. Таквото однесување е сосема природно, бидејќи нашиот мозок е програмиран на тој начин – да ги копира луѓето со кои сме опкружени.

„Истражувањата покажаа дека зевањето предизвикува „огледални неврони“ во еден дел од мозокот, но овој одговор е ограничен на целосно развиен мозок. Како ментално здрави возрасни луѓе, нашиот психосоцијален развој ќе нè натера да зеваме кога некој друг го прави тоа. Кај луѓето кои не се развиени добро и правилно ментално, не се гледа заразното дејство на проѕевањето“, забележува британскиот лекар.

Ги „копираме“ зевањата на луѓето за кои се грижиме

Некои студии покажуваат дека децата, чиј мозок се уште се развива, зеваат само кога се уморни, но не и кога некој го прави тоа покрај нив. Освен тоа, студиите покажаа дека повеќе сме склони да го копираме зевањето кога тоа го прават луѓе за кои се грижиме, со кои сме блиски.

“На пример, ако некој член од семејството зева, поголема е веројатноста да зеваме отколку кога некој што не го познаваме зева. Ова се случува токму поради емпатијата кога несвесно сакаме да ги пресликаме постапките на саканите”, вели д-р Сагир.

Прикажи повеќе...

Наука

Кометата која милиони години патувала до Земјата ќе биде видлива со голо око во октомври

Објавено пред

Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе се појави на небото следниот месец. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас.

dobivaj vesti na viber

Таа би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите комети во северната полутопка во последните 100 години.

„Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен приказ во средината на октомври. Доколку времето дозволува, кометата ќе биде видлива во целата северна полутопка. Дури и градските светла нема да ја придушат“, изјави Шјиченг Џанг од опсерваторијата „Лоуел“ во Аризона.

Кометата првпат била забележана од кинеските астрономи во јануари лани и ова ќе биде првпат луѓето да ја видат.

„Кометите како Ц/2023 А3 се големи правливи ледени топки и кога ќе почнат да се приближуваат до сонцето, тие се загреваат и испуштаат гасови и прашина и така се создава она што изгледа како опашка на кометата“, кажа Пол Дилејни, почесен професор по физика и астрономија на универзитетот Јорк во Торонто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет2 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет3 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија9 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија10 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија10 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија12 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет12 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет12 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија15 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа16 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет16 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет22 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија23 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија24 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ1 ден

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет1 ден

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија1 ден

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...