Наука
Телескопот Хабл сними загадочен „црвен квадрат“ во Вселената

Орбиталниот телескоп Хабл (Hubble) доби фотографии од необичната двојна ѕвезда HD 44179 во соѕвездието Еднорог, којашто е опкружена од мистериозна црвена структура, слична според формата на мноштво ставени еден во друг тродимензонални коцки или паралелопипеди, пишува порталот Space.com повикувајќи се на Европската вселенска агенција (European Space Agency – ESА).
Ѕвездениот систем HD 44179 е откриен во 1973 година за време на прелетот на геодезичка ракета чија цел била правење снимки од ноќното небо во инфрацрвениот спектар. Таа претставува двоен ѕвезден систем кој е опкружен со протпланетарна маглина, оддалечена од Земјата 2.300 светлосни години. Оваа маглина претставува останки од надворешните слоеви од една од ѕвездите, кои таа периодично ги исфрла во космосот.
Нејзината необична „правоаголна“ форма претставува, како што денес сметаат научниците, резултат на тоа што двојката ѕвезди HD 44179 е опкружена со густа обвивка од вселенска прашина, која специфично го насочува движењето на облаците од топол гас што го испушта ѕвездата, создавајќи гигантска вселенска буква Х, која може да се види на снимката на маглината.
Оваа маглина го привлекува вниманието на истражувачите не само со својот облик, туку со нејзиниот мистериозен хемиски состав. Имено, во нејзината внатрешност има сложени органски материи, коишто, како што претходно сметаа астрономите, морале да бидат уништени под влијание на тешката ултравиолетова светлина. Покрај тоа, таа има загадочен црвен колорит, кои астрофизичарите се обидуваат да го објаснат повеќе од 30 години од откривањето на HD 44179.
Последните десет години истражувачите, благодарејќи на снимките на „Хабл“ и „Спитцер“ и други вселенски телескопи, успеаја да се приближат до одгатнувањето на нејзината тајна, при што се покажало дека црвеното сјаење потекнува од сé уште непознатите својства на прашината, од којашто се состојат „правоаголниците“ HD 44179. Оваа вселенска прашина, сметаат денес научниците, сјае како резултат од интеракцијата со ултравиолетовата светлина на „белото џуџе“, едно од двете „ѕвездени“ компоненти на системот.
Новите снимки на „црвениот квадрат“, како што се надеваат во американската агенција за вселенски истражувања NASA, добиени со поголема острина и во различните дијапазони од видливата светлина, ќе им помогнат на научниците да ја откријат тајната на црвеното сјаење на HD 44179 и ќе ги откријат другите мистерии на оваа необична вселенска „слика“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шпански колбас прикажан како нова ѕвезда снимена со телескопот Џејмс Веб

Француски научник упати јавно извинување откако твитна фотографија од парче колбас чоризо, тврдејќи дека се работи за далечна ѕвезда снимена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.
Етјен Клајн, прославениот физичар и директор на француската Комисија за алтернативна и атомска енергија, сподели фотографија од зачинетиот шпански колбас на Твитер, истакнувајќи ја количината на детали што ги нуди фотографијата.
“Фотографијата на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет”, физичарот им порача на своите следбеници на Твитер.
Photo de Proxima du Centaure, l’étoile la plus proche du Soleil, située à 4,2 année-lumière de nous.
Elle a été prise par le JWST.
Ce niveau de détails… Un nouveau monde se dévoile jour après jour. pic.twitter.com/88UBbHDQ7Z— Etienne KLEIN (@EtienneKlein) July 31, 2022
Илјадници корисници го споделија овој твит и ја коментираа објавата, земајќи го за збор истакнатиот научник. Подоцна тој призна дека фотографијата всушност била крупен кадар на парче колбас chorizo на црна позадина.
„ Па, кога е час за коктел, когнитивната пристрасност има многу за уживање… Бидете свесни за тоа. Според модерната космологија, ниту еден предмет поврзан со шпанскиот деликатес не постои никаде на друго место освен на Земјата“, напиша Клајн.
Откако се соочи со реакции од заедницата на Твитер, тој мораше да објасни дека тоа е шега.
„ Да научиме да бидеме внимателни со аргументите кои доаѓаат од позиција на моќ, како и со спонтаната елоквентност на одредени слики“, рече Клајн. На почетокот на август уште еднаш и се извини на јавноста, изјавувајќи дека намерата му била да го привлече вниманието на сликите кои како да „зборуваат сами“, а вистината е дека всушност е далеку од тоа!
Телескопот Џејмс Веб е најмоќниот телескоп кој некогаш бил испратен во вселената. Официјално започна со работа на 12 јули, а на нашата планета испраќа слики со огромна резолуција од SSD.
Забава
Откриена џиновска озонска дупка – седум пати поголема од онаа на Антарктикот

Над тропските региони е откриена озонска дупка седум пати поголема од озонската дупка на Антарктикот.
Но, според канадскиот истражувач Чинг-Бин Лу, таа постои од 1980-тите. Професорот Чинг-Бин Лу од Универзитетот во Ватерло во Онтарио ја откри оваа озонска дупка која опстојува во сите годишни времиња во долната стратосфера над тропските предели (на 30 степени северна – 30 степени јужна географска ширина).
Длабочината на оваа тропска озонска дупка е споредлива со длабочината на добро познатата озонска дупка што се појавува на пролет над Антарктикот, додека нејзината површина е околу седум пати поголема.
Во средината на седумдесеттите, атмосферските истражувања покажаа дека озонската обвивка, која го апсорбира најголемиот дел од сончевото ултравиолетово зрачење, може да биде оштетена од индустриски хемикалии, пред сè хлорофлуоројаглероди (CFC), се вели во статија на порталот „Дискавери“.
Откривањето на озонската дупка на Антарктикот во 1985 година ја потврди штетата на озонската обвивка предизвикана од CFC. Иако забраните за такви хемикалии помогнаа да се забави осиромашувањето на озонската обвивка, новите докази сугерираат дека штетите опстојуваат.
„Тропските предели сочинуваат половина од површината на планетата и се дом на речиси половина од светската популација. Постоењето на тропска озонска дупка може да предизвика голема глобална нерамнотежа бидејќи осиромашувањето на озонот може да доведе до зголемување на УВ зрачењето на ниво на земја, што го зголемува ризикот од рак на кожата и катаракта, ги намалува земјоделските приноси и негативно влијае на чувствителните водни организми и екосистеми“, предупредува професорот Лу, истражувач на Катедрата за физика и астрономија, Катедрата за биологија и хемија на Универзитетот во Ватерло.
Откривањето на оваа озонска дупка, која опстојува во текот на целата година над тропските предели, беше изненадување за научната заедница, бидејќи врз основа на постоечките конвенционални фотохемиски модели, никој не го ни погоди нејзиното постоење.
Губењето на озонот води до стратосферско ладење, така што постоењето на тропска озонска дупка во текот на целата година и сезонски поларни озонски дупки е еквивалентно на формирање на три „температурни дупки“ во долната стратосфера на Земјата.
Забава
Астрономите открија необично голема и светла црна дупка

Астрономите ја открија најбрзо растечката црна дупка со маса еквивалентна на масата на три милијарди сонца, која троши еквивалент на една Земја секоја секунда и сјае 7.000 пати посилно од нашата галаксија, објави Австралискиот национален универзитет (АНУ).
„Астрономите ловат вакви објекти повеќе од 50 години. Тие пронајдоа илјадници бледи, но овој зачудувачки светол објект се провлекол незабележано“, рече главниот истражувач на АНУ, Кристофер Онкен, нарекувајќи го „многу голема, неочекувана игла во стог сено“.
„Сега сакаме да знаеме зошто оваа црна дупка е поинаква – дали се случило нешто катастрофално? Можеби две големи галаксии се урнале една во друга, насочувајќи многу материјал во црната дупка за да ја нахранат“, рече Онкен.
Коавторот Кристијан Волф ја нарече рекордната црна дупка „извонредна“.