Забава
Норвешка дозволува абортирање здрав близнак и на странци
Здравствените власт на Норвешка одредија дека жена од странство која е бремена со близнаци може да изврши абортус на едниот фетус во норвешките болници, иако тоа бебе е потполно здраво.
Одредбата што ја донесе Министерството за здравство на Норвешка, се очекува да им отвори пат на жените од соседните Шведска и Данска, каде процедурата на таканаречена „селективна редукција“, не е дозволена.„Сите жени, без разлика дале се од Норвешка или се од странство со престој во Норвешка, имаат исто право на абортус и на фетална редукција“, вели Торун Јанбу, од норвешкиот Директорат за здравство за агенцијата NRK. Болниците немаат право да бараат фиксни адреси на пациентките, со што се отвора пат за туризам за абортус.Според NRK, неколку жени од нордиските земји веќе ги контактирале норвешките болници да се информираат за процедурата.Адвокатите од норвешкиот оддел за право во февруари одлучија дека процедурата на редукција не треба да се гледа на поинаков начин од обичен абортус, пред норвешкиот закон, па затоа тоа треба да е легално доколку се изврши до 12 недела од бременоста.„Ние како директорат не сме задолжени да ја гледаме етичката страна, туку да дадеме насока како да се толкува законот“, вели Јанбу за The Local.Одлуката е спротивна на советите од многу доктори, кои се плашат дека процедурата може да биде ризична по здравјето на мајката и фетусот кој ќе преживее.„Не гледаме никаков медицински бенефит од ова“, вели д-р Биргите Карс, специјалист по фетална медицина од болницата во Осло. „Напротив, го изложува второто дете во матката на опасност од спонтан абортус“.„Нашата препорака за оваа процедура да се изведе беше само доколку едниот фетус има некакви абнормалности, и само ако се изведе меѓу 12 и 14 недела за да се редуцира ризикот од абортус“, вели Карс.Мултифеталните бремености станаа почести со зголеменото практицирање на ин витро оплодување, а селективната редукција се врши почесто кај бремености о кои се носат тројки, четворки или повеќе бебиња./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

