Контакт

Забава

Обожаватели на Елвис добија 4 млн фунти на неговиот 80-ти роденден

Објавено пред

Сништата на брачната двојка Ендри да го посетат Мемфис американската сојузна држава Тенеси, на крајот ќе се остварат откако британската национална лотарија, токму на денот кога се прославуваше 80-годишнината од раѓањето на нивниот идол Елвис Присли (7-ми јануари) освоија точно 4.078.509 фунти.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш знаев дека сум добитник кога го слушнав бројките, бидејќи ги знаев напамет“, изјави 45-годишниот Дејвид Ендри, инженер за продажби во компанија за разладни уреди од Единбург кој вели дека играл веќе 21 година. Добитната комбинација инаку биле броевите 4, 5, 10, 12, 20 и 23, и бонус бројката 24, која ја уплатил три седмици пред извлекувањето.

„И јас го обожувам Елвис“, изјави една година помладата Дона Ендри, комерцијалист во „Johnson & Johnson“се наведува на интернет страницата на британската лотарија во саботата.

Двојката којашто 24 години е заедно, мора да одлучи дали ќе ги напуштат работните места за целосно да уживаат во среќата што им се насмевна./крај/мф/сн

Извор: BBC



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Се огласи израелската телевизија по заканата на одредени земји дека ќе ја бојкотираат Евровизија поради Израел

Објавено пред

„Нема причина Израел да не продолжи да биде важен дел од овој културен настан, кој не смее да стане политички“, изјави Голан Јохпаз, главен извршен директор на израелската телевизија „Кан“, која го претставува Израел на Евровизија, објавија многубројни израелски медиуми во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

Некои земји објавија бојкот
Ова е првата реакција на најавите на неколку земји дека нема да учествуваат на Евровизија доколку Израел биде дел од натпреварот. Радиодифузерите од Ирска иа Холандија неодамна се заканија со бојкот во овој случај. Тие јасно ставија до знаење дека ќе учествуваат само доколку Израел биде изоставен од списокот на учесници. Словенија исто така посочи дека ќе се повлече од натпреварот доколку израелскиот претставник биде присутен.

Други земји учеснички на Евровизија исто така критички го набљудуваат учеството на Израел, вклучувајќи ги и Шпанија и Белгија. Белгија има два јавни радиодифузера, кои ја емитуваат Евровизија. Францускиот радиодифузер РТБФ, кој е задолжен за испраќање претставници, ја информира агенцијата ДПА дека подготовките се во тек, но дека конечната одлука ќе биде донесена во декември по Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), главниот организатор на Евровизија.

Фламанскиот радиодифузер ВРТ, кој ја емитува програмата на холандски јазик, објави дека „ВРТ го дели и поддржува ставот на земјите што се повлекуваат од Евровизија“. Тие исто така изјавија дека очекуваат јасен став од организаторите и дека го задржуваат правото да не го емитуваат натпреварот во иднина, се наведува во нивното соопштение.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) „Колку е тешко понекогаш да се биде славна личност“: Тејлор Свифт на невообичаен начин се проби на стадионот

Објавено пред

Социјалните медиуми се воодушевени од начинот на кој Тејлор Свифт се проби на стадионот за да го гледа натпреварот на „Канзас Сити Чифс“ во неделата. Популарната пејачка редовно присуствува на натпреварите на својот стршеник Тревис Келс во НФЛ, а овој викенд не пропушти да го поддржи на стадионот „Ароухед“ во Канзас Сити.

dobivaj vesti na viber

„Канзас Сити Чифс“ се соочи со „Филаделфија Иглс“ во реваншот од Супербоул од февруари оваа година.

Иако натпреварот беше напнат, настанот надвор од теренот привлече многу поголемо внимание. Всушност, Свифт користеше специјален екран за да влезе на стадионот и да ги избегне блицовите на камерата поради вниманието на медиумите поради нејзината неодамнешна свршувачка.

Виралната снимка го прикажува персоналот на стадионот „Ароухед“ како поставува екран во ходникот дозволувајќи ѝ на пејачката да помине покрај новинарите без да биде фотографирана. Клипот бргу стана вирален на X, поранешен „Твитер“, а корисниците речиси едногласно ги дадоа своите мислења.

„Колку е тешко понекогаш да се биде славна личност“, напиша еден корисник, а друг додаде: „Паметен потег, искрено. И јас би го направил истото ако имав можност. Славата влијае исцрпувачки“.

Трет коментира: „Го почитувам тоа. Дамата само сака да го гледа својот свршеник како игра. Да биде вознемирувана од папараци не е добро“.

Љубовна приказна во центарот на вниманието
Свифт и Келси неодамна ја потврдија својата свршувачка со серија фотографии, вклучувајќи ја и таа како Келси клекнува во градина полна со цвеќиња. Пејачката покажа и голем дијамантски прстен, а објавата ја придружи со зборовите: „Вашата наставничка по англиски јазик и вашиот наставник по физичко се венчаваат“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Марго Роби во црно-бел фустан: предизвика мешани реакции

Објавено пред

Само неколку дена откога го воодушеви светот на модата со својот проѕирен фустан, Марго Роби повторно блесна на црвениот тепих. Актерката присуствуваше на премиерата во Њујорк на нејзиниот нов филм A Big Bold Beautiful Journey, облечена во впечатлива винтиџ-креација, објавува „Ин стајл“.

dobivaj vesti na viber

Роби избра црно-бел фустан од корсет од Тиери Муглер од колекцијата пролет 1998. Креацијата се издвојуваше со длабоко деколте и смели двојни прорези што достигнуваа сè до бутовите. Целиот изглед го комплетира со сандали со високи потпетици и сребрен накит од Лореј Шварц, вклучувајќи масивни обетки и белезица.

Роби ја носеше својата темноруса коса во елегантна пунџа, а шминката ѝ беше дискретна, со акцент на корално руменило и придушен кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Check The Tag (@checkthetag)

Нова верзија на фустанот
Муглер неодамна го ажурира фустанот што го носеше Роби. Разликите помеѓу винтиџ и новиот фустан се минимални – дебелината на прерамките, длабочината на процепот на градите. Инстаграм-профилот Check the Tag ги спореди двете верзии со фотографии на кои овие мали разлики се јасно видливи.

Сепак, мислењата за тоа како овој фустан ѝ стои на Роби се поделени. Некои го пофалија: „Прекрасен“, „Чуден е, ми се допаѓа“, „Ми се допаѓа на неа“, „Неверојатен“, „Единствената жена на која овој фустан би можел да изгледа добро“, „Таа е тотална пропаст“.

Други мислат дека воопшто не ѝ стои: „Изгледа подобро на моделот“, „Фустанот ја носи“, „Одвратен“, „Многу лош“, „Не“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

(Видео) На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски. Почнувајќи од последната изјава, дека...

Македонија26 минути

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување...

Македонија53 минути

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет2 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија2 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија2 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија2 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет3 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија15 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија15 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ15 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија16 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија17 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија20 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ20 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија22 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија22 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија22 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија23 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија23 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...