Забава
Освоил милиони на лотарија и продолжил да работи во магацин
Британецот Сајмон Растиџ освоил добивка од 250.000 фунти што ќе му легнуваат на сметка секоја година и тоа следните 15 години, но тоа не го спречило следното утро уредно да стане и да си отиде на работа.
Четириесет и седумгодишниот Сајмон, кој работи во магацинот на една стоковна куќа во Варингтон, го купил лозот сосем случајно во локалната продавница за 10 фунти, на што освоил вкупно 3,75 милиони фунти.
Но, овој неверојатен настан не му го променил секојдневието. Сајмон следниот ден отишол на работа во магацинот, како и обично, а не планира ниту да ја продаде својата куќа и да ја замени со поголема. Исто така, тој не планира да се пензионира и да ужива во парите.
„Денеска работев. Се разбудив, појдов на работа и одработив деветчасовна смена како и обично. Можеби ви се чини чудно, но мојот живот ќе си продолжи со нормален тек, како и досега. Тоа не значи дека нема да ги трошам парите. Но денеска имав работа, па не стигнав ништо да купам“, рече Сајмон за локалните весници, пренесува Daily Mail.
Уште и додаде дека е среќен, но дека му е најважно што неговите четири деца се згрижени. Вели дека чувството е прекрасно и дека се радува на промените што добивката ќе му ги донесе, а за кои ќе се потруди да бидат само позитивни.
Неговата поранешна жена Мелани изјави дека не е љубоморна на неговата добивка, но дека сепак малку му завидува.
„не очекувам дека ќе ми даде пари и баш би сакала јас да ја освоев таа добивка, но сè додека се грижи за децата, мислам дека тоа е одлично. Но, неговата добивка нема да го промени моето мислење за него“, вели Мелани.
Сајмон добивката ја прослави со својата партнерка, 38 годишната Жаки.
„Кога дојде дома, отворивме шише шампањско. Парите легнаа на мојата сметка истиот ден. Морав да се штипнам за да се уверам дека ова е стварно“, објаснува Сајмон.
Иако не планира да се сели во поголема куќа, сепак планира да купи нов автомобил, а сонува да купи годишен билет за омилениот рагби тим. Реши и да го почести своето семејство со двонеделен одмор во Менорка.
„Обично не ги купувам тие лозови, бидејќи всушност се скапи. Но неколку дена претходно освоив 120 фунти и некако се чувствував дека ми оди. Кога го изгребав лозот не можев да верувам, морав да му го дадам на трговецот да ми потврди дали навистина ги освоив тие пари“, опишува Сајмон.
Тој има и внуци, па дел од парите ќе вложи и во нивната иднина.
Сајмон Растиџ е втор добитник на лотарија на своето работно место. Во јануари оваа година членовите на синдикатот на транспортната компанија Norbert Dentressangle освоиле 1,7 милиони фунти, а само шест недели претходно пред добивката на Сајмон, откриле дека се добитници, бидејќи заборавиле да го проверат лозот. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кендал Џенер отворено проговори за својата сексуалност: Не ја затворам вратата за животни искуства
Кендал Џенер долго време е мета на шпекулации за нејзината сексуалност, па затоа реши да стави крај на гласините и отворено проговори за тоа дека е „лезбејка“.
„Постои цела оваа страна на интернет која мисли дека сум лезбејка“, рече таа во емисијата во која гостуваше, додавајќи дека најмногу ја погодува колку се лоши луѓето во коментарите. „Знаете што навистина ме мачи? Колку се лоши луѓето. Не е дека се со отворени раце, како, “Еј, ако си, да, придружи се’. Не е љубезно. Многу е злобно“, смета познатата манекенка, која нагласи дека е многу отворена за ова прашање.
„Разбирам дека излегувањето не е лесно за никого – и не велам дека е лесна работа – но можам да зборувам за себе и, познавајќи се себеси, мислам дека во оваа фаза од мојот живот, ако бев една од нив, јасно би го кажала тоа. Немаше да имам проблем со тоа.“
„Мислам дека има цела приказна за тоа како кријам нешто. Не го разбирам… Сè на сè, не сум она што го велат. Не мислам дека ќе бидам, но не ја затворам вратата за животни искуства“, рече таа.
Пред години, таа беше поврзана со голем број познати мажи, а беше заљубена и во Хари Стајлс, Девин Букер и Бед Бани, со кој раскина на крајот од 2023 година.
Иако потекнува од едно од најпознатите семејства во светот, таа се обидува да ја задржи својата приватност за себе, а имаше и едно строго правило во својот живот – дека секогаш мора да помине една година со некого пред да му дозволи да биде во шоуто „Keeping Up with the Kardashians“, бидејќи никогаш не знае какви се намерите на луѓето.
Забава
Не можете да ги излажете: Овие хороскопски знаци се детектори за лаги
Тонот на гласот, малите промени во однесувањето или нелогичните детали се доволни за да разберат дека вистината не е целосна. За кои знаци станува збор.
Додека некои луѓе веруваат на зборови без многу преиспитување, постојат хороскопски знаци кои речиси инстинктивно чувствуваат дека нешто не е „во ред“. Нивната способност да читаат меѓу редови често ги изненадува оние околу нив, особено затоа што ретко прават грешки во своите проценки.
Подолу, истакнуваме три хороскопски знаци кои се најбрзи во препознавањето лаги.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по нивната исклучително остра интуиција и способност да „читаат“ луѓе. На нив е речиси невозможно да им продадете неубедлива приказна бидејќи брзо го забележуваат несовпаѓањето помеѓу зборовите и однесувањето. Нивното внимание е насочено кон детали што другите ги игнорираат – поглед, пауза во говорот или промена на енергијата во разговорот.
Покрај интуицијата, Шкорпиите имаат силна потреба за вистината. Лагите се особено иритирачки за нив бидејќи го поткопуваат нивното чувство за контрола и доверба. Дури и ако не реагираат веднаш, ретко забораваат што забележале и често чекаат вистински момент да ја разоткријат вистината.
Девица
Девиците препознаваат лаги преку логика и анализа. Нивниот ум постојано поврзува информации, споредува изјави и бара конзистентност. Ако деталите во приказната не се совпаѓаат, Девиците тоа веднаш го забележуваат.
Нивната способност да забележуваат лаги не се базира на емоции, туку на прецизно набљудување и меморирање на фактите. Девиците ретко обвинуваат без причина, но кога се сомневаат во нешто, многу често се во право. Нивната смиреност дополнително ги збунува оние кои се обидуваат да ја сокријат вистината.
Риби
Иако многумина ги сметаат за сонувачи, Рибите имаат исклучително развиено чувство за емоциите на другите луѓе. Тие слушаат не само зборови, туку и што се крие зад нив. Кога некој лаже, Рибите често чувствуваат внатрешна непријатност или емоционален раздор што им сигнализира дека нешто не е искрено.
Нивната сила лежи во емпатијата и способноста да се поврзат со емоционалната состојба на друго лице. Ако почувствуваат дека емоциите не ги следат изговорените зборови, тие брзо стануваат претпазливи. Рибите можеби нема веднаш да го соочат соговорникот со лага, но ќе се повлечат и ќе го променат односот, следејќи ги своите внатрешни чувства.
Забава
(Видео) Карлеуша ѝ порача на Северина: „Занимавај се со својата земја и со својот претседател“
Српската пејачка Јелена Карлеуша во емисија на српска телевизија разговараше со водителката за актуелни прашања, а се осврнаа и на политиката. Карлеуша е позната по тоа што се залага за српскиот претседател Вучиќ, па водителката ја праша што мисли за „мешањето на Северина од Хрватска во ситуацијата во Србија“.
„Кога станува збор за Северина, мислам дека е многу добро платена, многу добро платена. Бидејќи не ми требаат пари за да бидам на страната на мојата земја и мојот народ. Тоа е веројатно патриотизам што нема цена“, започна Карлеуша.
„Ја поздравувам и можам повторно да ѝ кажам да се занимава со својата земја, својот претседател, својот народ. И сите пари што ги добила да напаѓа… тоа е јасно како ден. Зошто која било јавна личност од друга земја би се занимавала со тоа“, продолжи таа.
Водителот потоа ја прекина Карлеуша за да додаде: „На пример, никогаш не сме го имале тоа од Јелена Розга, ниту од Нина Бадриќ“. Пејачката одговори: „Ниту ќе го имаме“.

