Забава
Пензионер изгради мини Таџ Махал за покојната сопруга
По примерот на владетелот Шах Џахан кој на својата најмила сопруга Мимтаз Махал и го посвети прочуениот мавзолеј, 80-годишен пензионер од индиската сојузна држава Утар Прадеш соградил реплика на Таџ Махал во спомен на својата сопруга.
Шах Џахан го изградил архитектонското чудо од XVI век во мермер за 22 години и за тоа го потрошил сето свое богатство, а 80-годишниот Фаизул Хасан Куадри три години го градел својот мал „Таџ“ во селцето Касер Калан во северна Индија со макотрпно заштедените скромни средства, пишува весникот HindustanTimes.
Кога кон крајот од 2011 година неговата сакана сопруга Таџамули Бегум починала од рак, пензионираниот управител на селската пошта продал дел од земјоделското земјиште и нејзиниот накит и со малку заштеда почнал да ја гради репликата на градбата којашто стана едно од светските чуда и симбол на вечната љубов.
Веста за неговиот потфат се прошири за и веќе има голем број љубопитни од регионот кои го посетуваат неговото дело. Неодамна добил покана и од покраинскиот гувернер кој му нуди финансиска помош за завршување на проектот.
Куадри сака да биде погребан покрај својата сопруга во нивниот „Таџ Махал“, а на идејата за градењето дошол кога еднаш со својата сопруга разговарал за тоа дали некој ќе се сеќава на нив откако ќе умрат, бидејќи оваа двојка немала деца./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

