Забава
Поправал покрив што протекува, нашол Караваџо вреден 120 млн. евра
Сопственик на куќа во Тулуз, Франција, решил да го поправи покривот кој протекувал, а можно е, кога се качил на таванот, да пронашол дело од италијанскиот уметник Караваџо, вредно 120 милиони евра.
Експерти од Франција во втoрник потврдија дека долго изгубеното дело на италијанскиот сликар Караваџо можно е да е пронајдено во стара куќа во Тулуз.Експертите на фирмата Eric Turquin, во вторник открија дека сопственици на куќа во Тулуз се качиле на покривот да го најдат изворот на протекување вода, а попатно нашле уметничко дело, што може да биде дело на Караваџо, поточно сцена од библијата отсекување на главата на Јуда, што датира од 1600 година.Караваџо насликал две верзии на отсекувањето на главата на Јуда, а едната од нив е изложена во Националната галерија за античка уметност во Рим, а другата исчезнала еден век подоцна откако била насликана.Експертите велат дека сликата веројатно е заборавена во поткровјето повеќе од 150 години и дека е во одлична состојба, со оглед на тоа каде стоела цело време.Големото прашање е сега дали делото најдено во поткровјето е навистина загубениот Караваџо, но експерите веруваат дека тоа е многу можно.„Ова неодамна откриено уметничко дело можно е да е дело на Караваџо и има огромна вредност“, стои во официјалниот текст на владината страна Journal Official.Одговорот ќе биде од големо значење за сопственикот, а начелно делото вреди 120 милиони евра.Француските власти го прогласија за национално богатство, што значи во следните 30 месеци тоа не смее да се извезува, додека експертите не ја потврдат неговата автентичност.Според радиото Europe1, галеријата Лувр во Париз е многу заинтересирана да го откупи делото, но за тоа треба да се најдат пари.Портпаролот на Лувр потврди дека шефовите на галеријата го погледнале делото, но дека ќе поминат неколку месеци додека не се утврди дали тоа е втората верзија на отсекувањето на главата на Јуда од Караваџо.Ако Лувр одбие да ја купи сликата од Француската држава, тогаш ќе може да биде продадена секаде во светот.Како и да е, ако сликата е огиринал Караваџо, сопствениците на куќата ќе имаат повеќе од доволно пари да го поправат покривот кој протекува. /крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

