Забава
Портпаролот на Facebook се извини за услугата за сумирање на годината
Портпаролот на Facebook им се извини на корисниците коишто новиот сервис на социјалната мрежа што ги потсетил на тажните настани во годината што изминува, пишува американскиот весник The Washington Post.
Станува збор за услугата „Преглед на годината“ кој објавува избор од фотографии на корисниците со најголем број „лајкови“. Овој избор е проследен со текстот „Ова беше одлична година! Убаво е што ја минавме заедно“.
Некои од корисниците новата апликација ги потсетила на трауматичните настани од 2014 година. Така Американецот Ерик Мејер на својот блог ја критикуваше новата услуга, имено годинава тој ја загубил својата ќерка, којашто починала на својот роденден од тумор на мозокот и нејзината изјава со таквата оптимистичка порака, автоматски била избрана од сервисот, уште еднаш потсетувајќи го на загубата. „Оние од нас, коишто доживеале загуба на близок или се развеле, кои биле отпуштени од работа или се соочиле со друг проблем годинава, не сакаме да не’ потсетуваат на тоа“, напиша Мејер.
На овој коментар на блокот одговори портпаролот на Facebook, Џонатан Гелер, кој му се извини на Мејер од името на раководството на компанијата. „Апликацијата им приреди задоволство на многу луѓе, но во споменатиот случај ние многу го разочаравме корисникот“, напиша Гелер. Додава дека тимот на социјалната мрежа ќе работи на подобрување на своите сервиси./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

