Забава
Претприемач нуди евтино хотелско сместување во цевки

Кинески претприемач од источната покраина Хенан дошол до иновативна идеја да понуди евтино хотелско сместување во фабрички бетонски цевки.
Претприемачот се решил да го искористи материјалот кој вообичаено се фрла, па затоа вели дека не станува збор само за иновација, туку и за еколошка иницијатива.
Сепак, медиумите забележуваат дека најверојатно станува збор за рудиментарен комфор, а ниту погледот од „хотелската соба“ не е пријатен, но ја признаваат оригиналноста на идејата.
Тие се наменети за туристите кои патуваат во рурална Кина, за да почувствуваат некои едноставни задоволства, вели досетливиот хотелиер. Хотелските соби од новата генерација се наоѓаат во петнаесетина цевки поставени во природа. Секоја соба има клима уред. Предвидени се исклучиво за двојки, зашто се опремени само со брачен кревет. За целосно уживање, цевките однадвор се декорирани со улични графити.
Овај невообичаен „хотелски комплекс“ веќе станал популарен кај домашните викенд туристи коишто сакаат да го тестираат. Покраината Хенан, една од најголемите и најгусто населени во Кина, и кога би била самостојна земја, би била 12-та најнаселена зад Мексико, па оттаму руралниот викенд туризам е многу прифатен. Женгжу, главниот град на провинцијата, е еден од најбрзо растечките градови во Кина, има девет милиони жители, а поголемиот број работат во технолошкиот сектор. Меѓутоа, туристите кои сакаат да видат повеќе од регионот, бегаат од бетонските бункери и смогот. Во Хенан, инаку, се наоѓаат најпознатите историските локалитети во Кина, меѓу кои и Јун, разурнатата престолнина на древната династија Шанг./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Знаци што покажуваат дека не внесувате доволно протеини

Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби.
Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет.
Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми кои често се игнорираат или се припишуваат на други причини. Препорачаниот дневен внес е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но вистинските потреби зависат од возраста, нивото на активност и здравјето.
Луѓето во одредени животни фази, како што е перименопаузата, честопати имаат потреба од поголем внес. Нутриционистите Ребека Блејк, Тамар Самуелс и Даниел Пашко објаснуваат кои знаци можат да укажуваат на недостаток на протеини.
Постојан глад
Ако не внесуваме доволно протеини, можеме да се чувствуваме како постојано да сме гладни, вели Самуелс.
„Зголемениот апетит може да биде природен начин на телото да се обиде да го зголеми внесот на протеини за да ги задоволи своите нутритивни потреби“, објаснува таа за Параде.
Глад може да се појави и ако внесуваме доволно калории, но не доволно протеини.
Проблеми со косата, ноктите и кожата
Бидејќи косата, ноктите и кожата се направени од протеинот кератин, недостатокот може да предизвика видливи промени. Пашко истакнува дека недостатокот на протеини може да доведе до опаѓање на косата и кршливи нокти, а Блејк додава дека кожата може да стане сува.
Според UCLA Health, сето ова се индикатори за недостаток на оваа важна хранлива материја.
Ненамерно губење на тежина
Кога на телото му недостасуваат градежните блокови за одржување на мускулната маса и ткивото, може да се случи ненамерно губење на тежина.
„Луѓето кои јадат малку протеини често губат тежина иако не сакаат, што укажува на недоволен внес“, истакнува Самуелс.
Блејк додава дека ниските нивоа на протеини, исто така, можат да предизвикаат губење на мускулите, што дополнително влијае на телесната тежина.
(Фото: ЕПА)
Забава
(Фото) Ријана обожава да привлекува внимание, дури и во поодмината бременост

Познатата пејачка Ријана го очекува своето трето дете, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најсексапилните жени на јавната сцена.
Иако во последно време изненадува повеќе со провокативни фотографии за промоција на својата колекција, Ријана е сè уште една од омилените пејачки.
Овој пат, папараците ги фотографираа неа и нејзиниот партнер на пат кон ноќен клуб во Париз. Тие се потрудија да ги усогласат своите екстравагантни модни комбинации, а пејачката, во поодмината бременост, предизвика вистинска возбуда.
Ријана носеше црн фустан, кој има прорезови по целата должина, па затоа нејзината долна облека беше целосно видлива, како и нејзиниот труднички стомак.
Овој пар привлекува внимание на секој чекор, а Ријана покажа и во претходните бремености дека тоа воопшто не ја спречува да биде најпровокативната и најекстравагантна жена.
Забава
(Видео) Јелена Розга има нова песна – премиерно пред македонската публика ќе ја отпее во Охрид на 29 јули

Во прекрасниот парк на Галеријата „Мештровиќ“, на една од најубавите сцени на Медитеранот, викендов се одржа третиот по ред „Мелодии на Јадранот“, а најочекуваниот настап беше оној на Јелена Розга. Не е изненадување со оглед на фактот дека претходните две фестивалски изданија ги донесоа едни од најубавите балади на Јелена, „Иди ти“ и сега веќе легендарната „Лавица“, една од најизведуваните песни во изминатата година.
Најновата „Зачарани круг“, создадена како уште еден успешен плод на тандемот Вјекослава и Тончи Хуљиќ, аранжирана од Лео Шкаро, ги освои срцата на сите присутни уште при првото слушање, а храброста и нежноста на жената испеана од силниот вокал на Јелена ни овој пат не оставија никого рамнодушен. Розга уште еднаш ја оправда титулата една од најголемите регионални музички ѕвезди.
„Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит, но и на овој простор и во ваква средина. Она што сега го очекувам е да ја гледам песната како расте во срцата на мојата публика, а потоа со нив да го споделам микрофонот. Тој маѓепсан круг на размена на енергија и љубов помеѓу мене и мојата публика сепак е нешто најубаво“, вели Јелена, која „Зачарани круг“ премиерно пред македонската публика ќе ја отпее на сцената на охридскиот Антички театар на 29 јули.
„Едвај чекам да дојде 29 јули. Возбудена сум, морници ме лазат кога ќе помислам дека ќе стојам на таа сцена. Многупати сум била во Охрид, но овој пат ќе биде посебно. Прекрасен град, магична локација. Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам и еве тој ден доаѓа“, рече Розга при неодамнешната посета на Скопје.
Инаку, настапот на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид се најавува како концерт на летото – симфониски спектакл под отворено небо, исполнет со најголемите балади и енергичните хитови што ја одбележаа нејзината кариера. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, страст и беспрекорен настап во придружба на гудачки оркестар каков што само таа умее да понуди.