Контакт

Забава

Првпат играла лотарија и освоила 90 млн долари

Објавено пред

Американска од сојузната држава Вашингтон првпат во животот купила тикет за лотарија и освоила 90 милиони американски долари.
 
 

dobivaj vesti na viber

Откако го освоила џекпотот на американската лотарија Powerball, Лиза Квам, којашто го купила добитното ливче од мала колонијална продавница во местото Оборн, јужно од Сиетл, изјави дека ќе даде отказ во „Boeing“, каде што работела 25 години, и ќе си купи нов автомобил.„Утрово им испратив електронска порака на колегите од работа и им напишав дека ми претставуваше задоволство што работев со нив, и да ги слушаат денешните вести за да сфатат зошто ова им го пишувам“, изјави Квам на прес-конференција во местото Олимпија. Квам и нејзиниот сопруг купиле два тикета од лотаријата Powerball на Денот на благодарноста кога вообичаено биле во купување весници и мастраф за традиционалната празнична пита.Ливчињата ги ставила на ладилникот и ги проверила броевите во неделата, ден по извлекувањето. „Им викнав на сите во семејството – Доаѓајте овде. Сите мислеа дека поради нешто сум бесна. Ќерка ми ме праша дали е толку итно, а јас одговорив – Да!“. Сé уште  не одлучила дали сумата ќе ја подигне во еднократна исплата со што таа би де намалила за половина или полниот износ ќе г зема на рати во следните 30 години. Шансите да се добие џекпот на Powerball изнесуваат 1 наспроти 175 милиони.Во јуни 2013 година 84-годишна жена од малото гратче Зефирхилс на Флорида стана добитник на рекордната премија во историјата на оваа лотарија што ја освои едно лице во износ од 590,5 милиони долари но подигна 370,8 милиони долари. Најголемиот џекпот на Powerball, инаку, во износ од 656 милиони долари се падна во март 2012 година, но тогаш оваа премија ја поделија три лица од сојузните држави Илиноис, Канзас и Мисури./крај/мф/сн

 

 

Извор: Reuters

Забава

Кортни Лав засекогаш ја напушта „Америка на Трамп“: „Таму како да е сè отруено со цијанид“

Објавено пред

Кортни Лав, пејачка и вдовица на Курт Кобејн, одлучи да се збогува со Америка на Трамп.

dobivaj vesti na viber

Пејачката откри дека трајно се сели во Обединетото Кралство за време на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.

„Навистина ми е драго што сум овде“, рече таа, пишува „Дејли мејл“.

„Многу е прекрасно да се живее овде. Конечно добивам британско државјанство за шест месеци. Станувам британски државјанин”, рекла Лав (60), а нејзините зборови предизвикале аплауз кај публиката. Таа потоа се осврна на нејзиниот страв од актуелната републиканска администрација во САД.

„Што се однесува до Трамп и конкретно овој тим, тоа е како еден вид империјален стил. Сега е страшно таму. Како сè да е отруено со цијанид“, рече таа.

Пејачката и гитарист, која ја има 32-годишната ќерка Френсис Бин Кобејн, од бракот со покојниот Курт Кобејн, им се придружува на се поголемиот број познати личности кои ги напуштија САД откако Трамп беше реизбран за претседател во ноември 2024 година.

Рози О’Донел, која има отворен став за нејзината сексуална ориентација, минатата недела откри дека таа и нејзиното 12-годишно небинарно дете Клеј се преселиле во Ирска откако Трамп ја победи Камала Харис.

„Кога во Америка повторно ќе биде сигурно дека сите граѓани имаат еднакви права, тогаш ќе размислиме за враќање“, им порача актерката на своите следбеници на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Забава

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Објавено пред

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.

Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.

Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.

Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.

Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.

Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.

Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.

„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Објавено пред

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.

Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.

„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...

Македонија7 часа

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...

Македонија7 часа

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре...

Македонија8 часа

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија8 часа

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија12 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија13 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија13 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија14 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија14 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија15 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија16 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион17 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија18 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион18 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија1 ден

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија1 ден

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија1 ден

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија1 ден

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија1 ден

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...