Забава
Реткост во Москва: Путин ги спомена ќерките

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е познат по тоа што опсесивно ја штити приватноста на своето семејство, во четвртокот на големата годишна прес-конференција во Москва ненадејно ги спомена и своите две ќерки кои „живеат свои животи“ во Русија и го избегнуваат „рефлекторите на сцената“.
Путин изјави дека неговите две ќерки Марија и Катерина не се дел од деловниот свет или политиката, но одби да каже каде работат. „Тие ги прават првите чекори во своите кариери, но добро напредуваат. Не се вклучени во бизнисот или политиката“, рече Путин.
„Тие никогаш не биле ‘ѕвездени’ деца, никогаш го немаа тоа задоволство рефлекторите на сцената да бидат насочени кон нив. Тие, едноставно, ги живеат своите животи“, додаде рускиот претседател на годишната прес-конференција на којашто годинава беа акредитирани околу 1.400 новинари, од кои голем број странски екипи.
„Тие живеат во Русија…, никогаш не го стекнувале образованието некаде надвор од Русија. Горд сум на нив, тие продолжуваат да студираат и да работат. Моите ќерки течно зборуваат три европски јазика“, рече Путин појаснувајќи дека од безбедносни причини не може да каже други поединости за нив.
Според штурите податоци, Марија (Маша) е родена во 1985 година во Санкт Петербург (тогашен Ленинград), додека Катерина (Катја) е родена една година подоцна во Дрезден (тогашна комунистичка Источна Германија), каде Путин бил на служба.
Во медиумите се шпекулира дека двете учеле во германскиот лицеј Petershule, кој во Санкт Петербург е основан уште во 1762 година, а подоцна студирале, постарата биологија, а помладата на катедрата за историја и култура на земјите од Далечниот исток./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Омилената актерка ги загрижи сите: „Се надевам дека е здрава“

Додека сите ја чекаме новата сезона на „Емили во Париз“, Лили Колинс уживаше на Неделата на модата во Њујорк.
Убавата актерка се појави на ревијата на Келвин Клајн за пролет 2026, но со својот изглед успеа да ги засени сите, или поточно, да ги загрижи.
lily collins omg pic.twitter.com/QSBpbaXBRQ
— favs pop culture (@favspopculture) September 12, 2025
Се појави во сет составен од долга здолниште и топ, така што нејзиниот стомак беше видлив, но потоа беше јасно и колку е слаба Лили. Овој нејзин изглед буквално шокираше многумина и предизвика лавина од коментари.
„Зошто луѓето мислат дека неухранетоста е привлечна“, „Сигурно не се хранела правилно со години“, „Се надевам дека е здрава и дека ова е за улогата“, „Нема да судам“, „Ова е навистина премногу, таа е премногу слаба“, беа некои од коментарите.
Лили Колинс неодамна заврши со снимањето на петтата сезона од омилената серија „Емили во Париз“ и во таа пригода им се заблагодари на сите на Инстаграм.
Многумина забележаа и дека во таа објава таа не е толку слаба како што е сега на Неделата на модата во Њујорк.
Забава
(Фото/видео) Марго Роби шокираше со својот изглед

Невообичаено за неа, една од најубавите актерки ги откри сите свои атрибути и потценување е да се каже дека ги остави луѓето без зборови.
Актерката Марго Роби неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „A Big Bold Beautiful Journey“ во Лондон, а за таа пригода одлучи да облече смел фустан.
Таа прошета по црвениот тепих во креација „Armani Privé“ и потценување е да се каже дека посетителите на настанот останаа без зборови.
Креацијата на Армани е исткаена од транспарентен материјал, а е украсена со бројни кристали кои се поставени така што само малку ги кријат интимните делови од телото.
Покрај тоа, има отворен грб, но и прерамки кои едвај го држат фустанот да не падне и да предизвика скандал.
Една од најубавите актерки го надополни својот стајлинг со минималистичка шминка во земјени тонови, едвај видливи обетки, но добро средена фризура – висока пунџа која ја нагласуваше нејзината вистинска убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Атрактивната бринета има добитна комбинација: само чипка и долна облека

Црната чипка никогаш не излегува од мода, а Дакота Џонсон најде начин да ја комбинира со други парчиња облека и да го истакне целиот свој сексапил.
Актерката Дакота Џонсон присуствуваше на гала-вечерата на Фондацијата Керинг, која се бори против насилството врз жените и децата.
Самиот настан се викаше „Грижа за жените“, а многу дами од јавниот живот се јавија на поканата на организаторите да присуствуваат.
Една од нив беше Дакота, која се појави во секси комбинација. Носеше макси фустан од Гучи направен од црна чипка, а под него само долна облека.
Се чини дека актерката најде начин да го комбинира овој безвременски материјал со други парчиња облека и со тоа да го истакне целиот свој сексапил.
Својот стил го комплетираше со земјена шминка која ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето, едвај забележливи додатоци и висока пунџа.
фото: принтскрин