Забава
Руските Пуговка, Бусинка и Фрол контра американскиот Фил
Иако мрмотот Фил на традиционалното шоу во Панксатони прогнозираше уште шест седмици зима, неговите руски „колеги“ предвидуваат порано пристигнување на пролетта, жешка и година со многу сонце.
Народниот метеоролог, ежицата Пуговка која живее во зоолошката градина во Екатеринбург, предвиден деновиве порано настапување на пролетта. Неа и’ биле понудени две чинии со омиленото јадење – парчиња варено месо помешано со сирење и морков, а таа јадеше од онаа којашто го означување поскорото доаѓање на пролетта.
Како што објаснуваат во зоолошката градина, ежицата од пред три години ја избрале бидејќи уште во антички Рим 2-ри февруари се одбележувал како Ден на ежот, Слично како и кај мрмотот Фил, народната метеорологија старите Римјани ја темелеле на однесувањето ан ежот разбуден од зимскиот сон и по та дали тој ја гледа или не својата сенка. Пуговка, како и другите видови ушести ежови, е многу активна и подвижна и не сака да се склупчува, појаснува за агенцијата ТАСС, службеник од зоолошката градина.
Додава дека Пуговка минатата година претскажала студена но сончева пролет. Сепак, предвидувањето се остварило делумно, пролета на Урал, каде што се наоѓа Екатеринбург, задоцни, сонце имаше малку, со чести врнежи од снег и дожд, забележува агенцијата. „Нејзините прогнози се покажуваат како точни повеќе од 70 отсто“, додал соговорникот.
Меѓутоа, ежицата Пуговка не е единствениот метеоролог од животинскиот свет во Русија. Тукa се уште и мечката Бусинка од зоолошката градина во Челабинск која важи веќе за „искусен“ метеоролог. И таа предвидува топла и сончева година. Според традицијата, пред неа ставаат сива и црвена чинија коишто симболизираат студена и топла година, со нејзиното омилено јадење – млеко со ореви. Доколку мечката го избере црвениот сад, како годинава, се очекува топла и сончева година, а изборот на сивиот навестува студено време. Нејзиното предвидување се смета за точно со 90 отсто.
Порано пристигнување на пролетта предвиде и мрмотот Фрол од зоолошката градина во Санкт Петербург, а тоа се разбра откако ги прифати повиците да излезе од живеалиштето и „разговараше“ со децата собрани на Денот на мрмотот. Управата вели дека, сепак, не станува збор за обичен, односно воздржан и срамежлив мрмот, туку за навикнат на дружење со посетителите, но важно е забавата да трае.
Предвидувањата на временските прилики со помош на однесувањето на животните е вкоренето и кај припадниците на малубројните етнички групи на северот од Русија, Канти и Манси, кај кои предвесник на пролетта е враната, и според овие предвидувања во тие краишта пролетта ќе дојде во април./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

