Забава
Скафандерот за кучињата Белкa и Стрелка за лет во космосот продадени на аукција
Вселенските костуми коишто советските научници ги користеле за лет во Вселената во 1960 година на кучињата Белка и Стрелка се продадени на наддавање за 14 илјади евра, пишуваат британските медиуми.
Колекционерскиот раритет кој на наддавање го понуди аукциската куќа Auctionata, првично беше проценет на сума од 8 илјади евра.
Костумите за одржување во живот на животните во текот на летот се изработени од памук, најлон, гума, и алуминиум и имаат предвиден цевка за доставување кислород. Овој скафандер се користел во експериментите со цел да се истражи влијанието на пренатрупаноста врз животните во текот на летот. Белка и Стрелка во космосот полетале, инаку, во други опреми.
Кучињата во 1960 година станаа првите живи суштества во историјата кои полетаа во космосот и се вратија на Земјата. До тогаш, во 1957 година во орбитата беше лансиран вештачкиот сателит со кучката Лајка, којашто стана првото живо суштество од Земјата кое полета во Вселената. Но враќањето на Лајка на планетава во тоа време било технички невозможно, и песот умре во текот на летот. /крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Денес концерт на „Ѕвездите на Гранџот“ во Скопје
После експлозивниот трибјут на Pearl Jam, Epidemik повторно доаѓаат во Скопје со нивното уникатно шоу насловено како „Ѕвездите на Гранџот“.
Публиката денеска во клубот Маракана во Скопје, во 20.30 часот, ќе има одлична можност да ужива во најголемите гранџ хитови од 90-те во изведба на Епидемик – Soudgarden, Nirvana, Alice in Chains, Rage Against the Machine….
Нивните изведби не се само музички искуства за љубителите на овој звук, туку и еден вид временска машина, која ве враќа во периодот кога гитарските рифови и искрените текстови беа во срцето на рок сцената.
Забава
Мадона објави фотографии со 38 години помладиот дечко и ќерките
Неодамна почнаа да кружат гласини дека Мадона (66) раскинала со фудбалерот Аким Морис, кој е 38 години помлад од неа, но сега пејачката ги демантираше гласините објавувајќи видео со серија фотографии на кои позира со него и нејзините ќерки.
„Најубавиот ден во годината… Божиќ и Ханука, одеднаш“, напиша таа, бидејќи двата празника оваа година се славеа на ист ден.
Покрај Аким, празничните моменти ги помина и со четирите ќерки Лурд Леон (28), Чифундо Џејмс (18) и близначките Стела и Естере (12). Мадона има и два сина – Роко Ричи (24) и Дејвид Банда (19) кои овој пат не беа со нив на семејниот собир. Според странските медиуми, се верува дека тие го поминале Божиќ со својот татко Гај Ричи.
За потсетување, откако неколку пати се појави сама во јавноста, почнаа шпекулациите дека врската меѓу неа и 28-годишниот Аким е прекината.
„Мадона и Аким го имаа истиот проблем со претходните партнери“, неодамна откри извор, додавајќи: „Разликата во годините стана голем проблем меѓу нив. Тие доаѓаат од различни временски периоди“. Тој кажа и дека пејачката се сомневала дека нејзиниот партнер е неверен, но судејќи по овие фотографии изгледа дека ништо од тоа не е точно.
Аким, кој исто така дипломирал политички науки, и пејачката се познаваат подолго време. И двајцата учествуваа на снимање за магазинот „Пејпер“ во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност. Мадона потоа објави серија фотографии на кои се држат за раце, гледаат во огномет и заедно седат на каучот.
Познато е дека Мадона сака помлади мажи, поради што ја прекина врската со 30-годишниот Џош Попер пред Аким. Пред тоа, таа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно се забавуваше со скејтерот Ендрју Дарнел, кој е 41 година помлад.
Забава
Кои се најголемите паничари меѓу хороскопските знаци
Кога станува збор за хороскопските знаци кои не се справуваат со стресни ситуации, Ракот несомнено е на врвот на листата.
Овие чувствителни водени знаци се познати по нивните емоции кои брзо се разгоруваат, не само кога се заљубени или тажни, туку и кога треба да паничат. Раковите едноставно имаат неверојатна способност да направат голема работа од мува, а сето тоа со доза на драма која би можела да им парира на најдобрите сапунски опери.
Раковите се исклучително емотивни и сочувствителни, а нивната интуиција понекогаш функционира дури и кога тоа не е потребно. Кога ќе почувствуваат дека нешто не е во ред, дури и ако тоа е само мало недоразбирање на работа или порака што доцни пет минути, нивниот мозок автоматски оди во најлошите сценарија. Ракот нема само да размислува дали се е во ред, туку ќе развие цела драма во нивната глава: „Што ако ова значи дека нешто не е во ред? Можеби сум згрешил. Или некој ми се лути?”.
Тие паничат тивко, но интензивно. Не се тие што ќе викаат гласно и ќе мавтаат со рацете, нивната паника е внатрешен хаос. Ќе се повлечат во својот свет, ќе го анализираат секое можно сценарио и можеби ќе испратат неколку пасивно-агресивни пораки со надеж дека ќе добијат потврда дека се е во ред. Ако го видите Ракот како молчи и ги гризе ноктите, знајте дека неговиот мозок моментално е во петта брзина.
Иако Раковите сакаат да паничат, нивната грижа секогаш доаѓа од љубовното место. Ги фаќа паника затоа што се грижат за својата работа, за семејството, за пријателите. Нивната хиперемотивна природа често ги тера да се грижат за работи кои никој друг не би ги забележал, но токму затоа луѓето ги сакаат. Кога ќе помине хаосот, Ракот секогаш ќе биде тој што ќе си се смее и ќе рече: „Можеби пак малку претерав“.