Забава
Сурфер успеа да избегне напад на ајкули – ВИДЕО
Австралиски сурфер на неверојатен начин избегнал напад на две ајкули во текот на натпреварување во Јужноафриканската Република, објавија организаторите на натпреварувањето во неделата.
Мик Фенинг се подготвувал да зафати бран во заливот Џефрис, кога кон неговата штица се приближила една ајкула. Натпреварувањето „Џеј-Беј Опен“ само што започнало кога Фенинг од штицата бил отфрлен во морето. Австралиецот, кој е бранител на титулата, минал во инцидентот без повреди, а натпреварувањето набрзо е прекинато.
„Седев на штицата и почувствува дека нешто се закачило за јажето за нозете. Почнав да удирам за да го отерам. Сé што видов беа перки. Очекував дека ќе се појават и забите“, изјавил Фенинг за Fox Sports.
Фенинг, трократни светски првак, додал дека успеал ајкулата да ја удри во грбот и така да ја истера.
Целиот инцидент директно го пренесувала телевизијата. Многу брзо реагирале сапсувачите кои Фенинг и уште еден натпреварувач, Џулијан Вилсон, исто така, од Австралија, ги пренеле со џетс-ски на брегот.
Светската сурферска лига (World Surf League – WSL), која ги организира сурферските натпреварувања, подоцна објави дека кон штицата на Фенинг се доближиле две ајкули, пренесува BBC.
Водите во заливот Џефрис и инаку се познати по големиот број морски кучиња, а една голема бела ајкула во 2013 година усмрти сурфер./крај/мф/сн
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

