Забава
Урината ги нагризува големите цркви во Германија
Улм Минстер, односно Улмската катедрала, позната како највисоката црква во светот, има проблем со корозија и ерозијата, но не ги предизвикуваат хемиските елементи на нејзината величествена кула, туку мажите со пречестото мокрење по ѕидовите во нејзиното подножје.
„Вложуваме милиони во реновирање на кулата, а истовремено камените ѕидови ни се подјадени на дното“, вели за DPA пасторката на оваа импозантна лутеранска црква Табеа Фреи, за проблемот кому голем простор му посветуваат сите водечки медиуми во Германија веќе неколку дена.
„Во желудникот ми е мака од бесот што се нема почитување кон ништо. Песочникот ни отпаѓа. Слоевите дебели по неколку сантиметри се уништени“, вели натаму Фреи.
Виновниците на германски ги нарекуваат „вилдпинклери“ (wildpinkler), оние кои уринираат на јавни простори. Обично „напаѓаат“ кога ќе падне темнината и по неколку испиени пива. Ги избираат крајните, темните делови од црквите и по долгогодишно „дејствување“, солите и киселините од нивната мочка го земаат данокот на ѕидовите од црквата од XIV век.
Далеку од тоа дека Улм е единствениот град во Германија кој се соочува со овој проблем. „Мажите ја одбележуваат својата територија“, вели Волфганг Буеман од германското здружение на уролозите. Таа навика ја опишува како „рудиментарно однесување“ коешто испливува на површината под влијание на алкохолот.
Главниот мајстор за обновување на катедралата во Улм, Михаел Хилберт, објаснува дека зголемувањето на нивото на нитрати во седиментниот камен на предизвикува уривање. „Сите може да ги видат ќошовите поцрнети од урината, а кога Сонцето ќе загрее смрди до небото“, вели Хилберт.
Темелите на црквата во Улм, гордоста на овој град во југозападна Германија, е положени во 1377 година, а изградбата започнала во 1392 година под раководство на Улрих фон Инсинген. Во 1405 година е завршен основниот дел од овој соборен храм и бил осветен,, но изградбата била запрена поради тоа што страничните кораби не можеле да ја издржат тежината на сводовите. Во периодот од 1530 до 1543 година минала под надлежност на лутеранците, кои продолжиле со изградбата на кулата која е конечно завршена во 1890 година. Со 161,5 метри височина, Улмер Минстер е највисоката црква во христијанството.
Споменатиот Хилберт на должноста водач на реставраторските активности е три години и понекогаш „на дело“ фаќа некој од престапниците. „Тврдат дека се инконтинентни, или се пијани па стануваат агресивни“ вели.
Властите на Улм неодамна двојно ги зголемија казните за уринирање врз црквите и таа сега изнесува 100 евра. Нивните колеги во Келн штетниците кого ќе ги фатат да мократ по прочуената тамошна катедрала, ги казнува со 150 евра, а за другите цркви во градот е пониска и изнесува 120 евра.
И во Мајнц имале сличен проблем со уринирањето на јавни места, но таму омилена „дестинација“ на вилдпинклерите бил градскиот совет. Затоа неговите ѕидови се премачкани со специјална боја која мочката ја прска назад врз чевлите.
Меѓутоа, тоа не би имало ефект во Улм. „Тие индустриски супстанции за премачкување тука се бескорисни. Основата е толку порозна што тоа би донело повеќе штета отколку полза“, вели Хилберт.
Пасторката Фреи смета дека градот наместо тоа би требало да обезбеди бесплатни јавно тоалети. „Тоа би бил одговорот за сите туристички дестинација како Улм“. Иако е лута поради штетите нанесени на црквата, таа покажува и помирлив став. „Ние сме евангелисти, ние не се закануваме со вечно проклетство“, додава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

