Забава
Венчаницата од 150.000 долари претставена во Лондон
Најскапата венчаница кога и да е направена во Велика Британија, беше прикажана во неделата на изложбата на азијатските венчални фустани Asiana Bridal Show, кое се одржува во Лондон.
Како што истакнува британскиот јавен сервис BBC, цената на венчаницата која го зема здивот има цена од 150 илјади американски долари.
Фустанот со тежина од 30 килограми е опшиен со сребро и украсен со дијамант. Тој се чува во стаклено ѕвоно во посебна просторија и е под постојан надзор од чувари.
Во извештајот се додава и дека скапата облека ја изработил познатиот британски дизајнер Сати Такхар од Бирмингем./крај/мф/сн
Извор: BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Селин Дион објави ретка фотографија со синовите и се сети на својот сопруг: „Ми недостигаш“
Селин Дион објави ретка фотографија со синовите Рене-Чарлс (23) и 14-годишните близнаци Нелсон и Еди.
Во натписот на фотографијата на Инстаграм таа се присети на својот сопруг и татко на нејзините деца Рене Ангелил, кој почина од рак на грлото пред девет години, два дена пред неговиот 74-ти роденден.
„Рене, не можеме да веруваме дека те нема веќе девет години. Не поминува ден да не го почувствуваме твоето присуство. Ти беше мојата најголема поддршка, мојот партнер и оној кој секогаш го гледаше најдоброто во мене. Те почитувам и ќе ми недостигаш засекогаш, љубов…Те сакаме“, напишала 56-годишната пејачка.
Забава
Вергара е во врска со светски шампион во Формула 1 кој е 12 години помлад од неа, пишува ТМЗ
Се појавија гласини за можна врска помеѓу актерката Софија Вергара (52) и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон (40), кој е 12 години помлад од неа, пишува ТМЗ, кој објави и нивни заеднички фотографии.
Тие биле снимени пред ресторан во Њујорк, додека се смеат и разговараат цело време пред таа да влезе во нејзиниот автомобил и да замине.
Подоцна, извори блиски до нив изјавија дека Софија „толку била занесена во разговорот што едвај ја пробала нејзината храна“. Иако за време на ручекот им се придружувале пријателите, според изворот, Софија и Луис „изгледале маѓепсано и цело време се смешкале еден на друг“.
За потсетување, во октомври 2023 година, Софија се разведе од Џо Манганиело, со кого беше во брак седум години. Три месеци по разводот почнаа да кружат гласини за нејзината врска со докторот Џастин Салиман.
Неколку пати се видени заедно, а Софија во неколку наврати објавуваше негова фотографија на Инстаграм.
Забава
Северина откри со кого отпатувала на Малдиви: „Море, сонце, песок, колку убав живот”
Северина објави неколку нови фотографии на Инстаграм од Малдивите каде што отпатува пред неколку дена.
Со 52-годишната пејачка на егзотичната дестинација ужива и Андреа Чермак, снаа на генералот Иван Чермак.
„Добро друштво, добри книги, омилен парфем, море, сонце, песок… И каков убав живот. Ние двете од 2001 година“, напиша Северина во описот на објавата.
Андреа беше кума на свадбата на Северина и Игор Којиќ, а Северина беше кума на свадбата со Хрвоје Чермак. „Една до друга или со милји оддалечени, вечно поврзани со срце и душа“, ѝ рече еднаш Северина на Андреа, која е во брак со сопругот Хрвоје од 2005 година и имаат три деца. Тие со години живеат во Минхен.