Забава
Во демократијата мажите се повисоки отколку во комунизмот
Мажите коишто растат во демократија веројатно ќе бидат повисоки отколку оние коишто пораснале во комунизмот. Врската меѓу демократијата и благосостојбата е поврзана со поквалитетната исхрана, поголемите приходи и животот ослободен од општествени и политички окови, се наведува во новото истражување на Лондонскиот факултет за економски и политички науки (LSE).
Во истражувањето со коешто биле опфатени три илјади граѓаните на Чешката Република и на Словачка по падот на комунизмот во 1989 година, политичкиот економист на Лондонскиот факултет за економски и политички науки (LSE), Хоан Коса-и-Фонт и неговата колешка Луција Косарова пронашле јасна разлика во висините кај мажите меѓу двете општествени уредувања.
Имено, Словаците родени во демократија во просек се за сантиметар ипол повисоки од сонародниците родени во комунизмот. Во просек добивале по 0,28 сантиметри во височина секоја година од демократијата. Кај Чесите, пак, тоа е одело нешто побавно и растеле 0,14 сантиметри во секоја година од демократијата.
Истражувачите забележуваат дека е необично тоа што од крајот на комунизмот се променила само височината на мажите. Женската фигура останала иста и во Словачка и во Чешка. Според нив, тоа најверојатно се должи на фактот што животот на жените не се променил во демократското општество.
Оваа студија се надоврзува и ги потврдува резултатите од едно претходно слично истражување спроведено во Германија по падот на Берлинскиот ѕид.
„Западните Германци биле повисоки од оние од истокот за сантиметар. Уште поважно е што таа разлика настанала во започнувањето на градењето на Ѕидот во 1961 година, а по неговото паѓање висината се урамнотежила меѓу мажите од истокот и од западот на Германија“, вели Коста-и-Фонт.
Во истражувањето биле споредувани датумите на раѓање со растот и воспоставувањето врски меѓу приходите и височината на човекот. Резултатите покажуваат дека жителите родени пред 1973 година биле значително пониски од оние родени во периодот меѓу 1974 и 1985 година. Притоа забележано е дека, исто така, постои разлика од 2 сантиметра во височината меѓу најбогатите и најсиромашните./крај/мф/сн
Извор: LSE
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.