Забава
Во Њујорк фатен бегалец од затвор по 37 години

Њујоркшката полиција уапсила 64-годишен маж кој бил во бегство цели 37 години, пишува весникот The New York Daily News.
Во 1977 година Волтер Милер избегал од затворот во сојузната американска држава Северна Каролина, каде што издржувал 30-годишна затворска казна поради два обида за грабежи во банки. Оттогаш, тој живеел во њујоршкиот кварт Бруклин под друго име, како Боб Лав. Во 1985 година затворскиот бегалец се оженил, и потоа добил четири деца. Милер работел на неколку работни места и редовно одел во црква, а за тоа каде се криел знаела само неговата сестра која живее во Северна Каролина.
Милер бил уапсен во раните утрински часови во неделата, кога во неговиот дом се втурнале полицајци и агенти на FBI. Следните денови тој ќе биде изведен пред суд, каде што ќе се разгледува прашањето за неговото враќање во Северна Каролина на дослужување на затворската казна. Меѓутоа, останува нејасно е уште колку години треба да одлежи. Сопругата Черил и децата на бегалецот воопшто не се сомневале во неговото минато и се надеваат дека властите ќе го помилуваат, бидејќи изминатите речиси четири децении живеел сосема обичен живот и немал судири со законот.
Непознато е, исто така, на кој начин истражните органи по толку многу години успеале да му влезат во трагата на бегалецот. Самиот Милер верува дека тоа им успеало поради некои од старите пријателства, имено тој неодамна бил на погреби на роднини во Северна Каролина и во Вашингтон, и таму, веројатно, некој го препознал.
Треба да се истакне дека ова не е прв случај на откривање долгогодишен бегалец во последно време во САД. Кон крајот на јануари полицијата во гратчето Велингтон, во сојузната држава Јута, уапси 61-годишен маж, кој од затвор избегал пред 34 години. Неколку ден претходно, пак, во мексиканскиот град Гвадалахара е уапсен 81-годишен Американец, кој во бегство бил повеќе од четири децении./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Со страстен бакнеж ја потврди својата врска со 26-годишната убавица

Холивудскиот актер Ченинг Тејтум и неговата партнерка Инка Вилијамс неодамна ги привлекоа погледите на црвениот тепих.
Двојката присуствуваше на премиерата на филмот „Roofman“ на Лондонскиот филмски фестивал, а актерот изненади многумина кога покажа изливи на нежност на црвениот тепих.
Имено, новиот пар се бакна пред целиот свет и со тоа ја официјализираа својата врска.
За фотосесијата, тие носеа координирани комбинации, имено, Инка избра елегантен црн фустан со длабок V-изрез кој ја следеше линијата на нејзиното тело.
Својот стајлинг го комплетираше со високи потпетици. Ченинг, како вистински господин, избра црни парчиња – од глава до пети – односно носеше црна кошула и одело во иста боја.
фото: принтскрин
Забава
Жените родени под овие три знаци се драматични кралици: ранливи принцези и непоколебливи хероини

Жените родени под овие хороскопски знаци имаат гласни, експресивни и секогаш искрени емоции. Кога се смеат, тоа е заразно. Кога плачат, тоа го допира дури и најстуденото срце. Кога се лутат… Па, да речеме само дека никој не би сакал да биде во чевлите на луѓето на кои се лути.
Три хороскопски знаци кои гордо ја носат титулата кралици на драмата. Проверете подолу за да видите дали сте една од нив.
Лав
Ако има знак кој знае како да направи сцена – но со допир на гламур – тоа е Лавот. Жената родена во овој знак не драматизира затоа што сака внимание, туку затоа што животот мора да биде спектакуларен за неа. Кога сака, ќе ве осветли како сонце.
Кога е разочарана, едноставно не може да го скрие тоа. Но, пет минути подоцна, таа ќе биде насмеана, со нова фризура и план повторно да го натера светот да се врти околу неа.
Лавицата не знае за просек – со неа, сè е или огномет или ништо.
Шкорпија
Ништо не е површно со Шкорпијата. Таа сè доживува интензивно. Кога сака, се предава на последната емоција; кога е повредена, се повлекува во својот мрачен универзум полн со мисли и интроспекција.
Нејзината драма не е плитка – тоа е внатрешно превирање. Кога вели дека не е ништо, всушност е сè. Иако нејзините реакции може да изгледаат претерани, тие секогаш се искрени. Шкорпијата го чувствува светот како малкумина други и токму затоа е незаменлива.
Рак
Раковите се емоционални епицентри на секое општество. Ако треба да плачете – тие ќе бидат првите. Ако треба да прегрнете – тие веќе ги отвориле рацете. Нивната драма не е театарска, туку нежна и срдечна.
Таа знае како да го претвори најмалиот момент во филмска сцена, но не затоа што сака внимание – туку затоа што искрено живее сè што чувствува. Никогаш не е здодевно со нив: еден ден се ранливи принцези, следниот ден се непоколебливи хероини.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Новото лице“ на познатата актерка ја засени целата нејзина елеганција

Актерката Ема Стоун не престанува да привлекува внимание поради својот изглед и „ново лице“ за кое сите коментираат, прашувајќи се повторно: „Што ѝ направи на таа природна убавина?“.
На црвениот тепих во Лондон, на премиерата на нејзиниот нов филм „Bugonia“, таа се појави во долг жолт фустан кој го надополни со марама префрлена преку рацете, а покрај деталите во форма на чанта и сандали од Луј Витон, таа беше во центарот на вниманието и поради нејзиниот физички изглед.
Многумина коментираат дека се подложила на козметички процедури, и дека сега има различни веѓи, но и изглед како на мачка, меѓутоа, сè уште не е познато дали шминката направила голем дел од работата во оваа промена или, можеби, естетските хирурзи.
Таа го истакна своето „ново лице“ со нежна, минимална шминка и носеше една од најпопуларните фризури оваа сезона – познатата боб фризура со едната страна префрлена преку увото, а другата слободно паѓаше преку лицето, а ѝ стоеше совршено.
фото: принтскрин