Забава
Во воз украл виолина вредна 100.000 евра, па ја вратил
Виолина која чини 100.000 евра е украдена во приградски воз во Минхен кон средината на април а по речиси два месеца е вратена, соопшти полицијата во саботата.
Триесет и петгодишниот маж кој го земал скапиот музички инструмент, самиот го вратил во петокот во полицијата, откако инцидентот предизвика голема медиумска бука.
На снимките од камерите за надзор, многу јасно се гледа мажот како ја зема виолината којашто музичарка ја оставила во возот во јужниот дел на Минхен.
Полицијата ја пронашла виолината со другата опрема, вкупно во вредност од 120.000 евра, откако овој пријавил а бил извршен претрес во неговиот стан. Тој тврдел дека немал поим дека инструментот е толку вреден, се додава во полициското соопштение.
Кога ја видел виолината во возот, едноставно ја „искористил приликата“, рекол. Подоцна пријател му кажал дека по него е покрената потрага и дека фотографијата му е објавена во медиумите.
Мажот е обвинет за кражба и за измама. Снимките од камерите покажуваат дека тој го отворил куферот со инструментот откако гледа што има во него брзо заминува со него.
Сопственичката на виолината за нејзиното пронаоѓање е известена во саботата утрото и во полициската станица можела да утврди дека инструментот не е оштетен.
Станува збор за 250 години стара виолина од производителот „Landolfi“ која 37-годишна жена ја ставила на решетката за багаж, и таму ја заборавила кога се симнувала од возот.
Шеесет и петгодишната сопственичка на виолината, која е помајка на младата жена која ја заборавила во возот, вели дека почувствувала големо олеснување кога заедно со нејзиниот син ја идентификувале во полициската станица./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Руската бомба никогаш не била посекси, дури ни во бизарна облека
Познатата манекенка Ирина Шајк се појави во Прага на презентацијата на календарот на Пирели за 2026 година и ги воодушеви сите со својот екстравагантен моден избор.
Руската убавица е позната како некој што често изгледа лежерно и опуштено, а најдобро се чувствува во широка облека, но кога станува збор за црвениот тепих, таа секогаш е подготвена за изненадувања.

Овој пат, Ирина беше и драматична и провокативна. На црвениот тепих се појави во црна асиметрична тоалета која имаше проѕирни делови, а сè комплетираше со шапка и смарагдни обетки, додека ги избели веѓите.
За сè да биде во согласност со нејзиното издание, Ирина ја прилагоди и шминката, па имаше потемен кармин и истакнат ајлајнер.

Покрај неа, на календарот се појавува и Венус Вилијамс, а руската манекенка не го криеше своето задоволство што е дел од еден ваков настан.
„Календарот на Пирели не се само убави слики, тоа е уметност и да се биде дел од нешто такво отсекогаш ми било сон, па затоа е чест“, рече Ирина.

фото: принтскрин
Забава
Пука Козметика прославува 30 години од формирањето
На 13 декември во МКЦ со почеток од 19:30 рап групата Пука Козметика ќе прослави 30 години од формирањето.
Во киното Фросина започнува да се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес, во лобито потоа е предвидена промоција на винил изданието 30 години Пука Козметика и коктел за присутните, за вечерта кон 22:00 во денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на Пука Козметика и другарите.
Пука Козметика е група на пионери на македонскиот рап, формирана декември 1995 година од браќата Жарко и Дарко Масларковски заедно со Мартин Георгиевски и Видомир Андреевски.
Во следната 1996 веќе почнуваат да работат на свои авторски песни, а 1997 веќе попрофесионслно навлегуваат во процесот на снимање и настапи.

Првиот официјален албум на групата е издаден 2006-та, следува троен албум во 2012-та, како и многу албуми и соработки во Токсикологија Мјузик. Во повеќе децениското постоење групата има многу самостојни концерти и настапи (клубски и фестивалски), во Македонија и регионот, а посебно како предгрупа на еминентни рап артисти од Светот.
Во периодот што следи рап групата најавува две нови песни од новиот албум. Прославите на роденденот 30 години Пука Козметика во 2026-та ќе продолжат низ градовите во Македонија.
Забава
Кирил Џајковски и Констракта, специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан
Во понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан.
На сцената, како специјални гости ќе се придружат Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика.
Концертот, насловен „Само една љубов имам“, го подготви групата „Невладина Организација“ по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот каде што Влада Дивљан живееше и твореше од 1999 година до крајот на животот, а по Белград и Загреб, сега пристигнува и во Скопје како дел од програмата на фестивалот ТАКСИРАТ.
Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац, Марко Миливојевиќ, како и подмладокот Дамјан Дашиќ и Марко Чалиќ. Нивната најважна мисија е зачувување на Владините големи хитови и безвременски песни, и повторно доживување на неговата музика заедно со публиката.

Македонската публика ќе има прилика да го чуе и види бендот кој работеше со единствениот уметник Влада Дивљан и да ги запее песните од неговиот богат опус и од сите периоди на неговата музичка кариера. Невладина Организација ќе ги изведе во живо најубавите песни од неговиот каталог – од времето на „Идоли“, па преку соло делата, до „Олд Старс“ бендот, „Невладина Организација“ и „Лјетно кино“.
Влада Дивљан, пејач, композитор, гитарист, го основа еден од водечките бендови на новиот бран „ВИС Идоли“ во 1980 година. Тие ги објавија култните албуми „ВИС Идоли“, „Odbrana i poslednji dani“, „Čokolada“ и „Šest dana juna“. Покрај тоа, има објавено уште 8 албуми за време на неговата самостојна кариера, но и со групите „Олд Старс“, „Невладина организација“ и „Лјетно кино“. Со Срѓан Гојковиќ Гиле, тој создаваше музика за деца, а компонираше за телевизија, филм и театар. Од 1999 година живееше во Виена, каде што почина на 4 март 2015 година.
Се навршија 10 години откако нѐ напушти еден од најуникатните музички автори од Балканот, а со концертот кој во рамки на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ќе се одржи на 17 ноември во Филхармонија, неговите пријатели, соработници и верната публика ќе го прослават неговото вонвременско дело.

