Забава
За осум часа кома загубил 12 години сеќавање

Италијански доктор кој се разбудил од кома и сфатил дека му исчезнале дванаесет години од сеќавањето раскажа за весникот La Reppublicа за својата борба да се привикне на нормалниот живот по ова невообичаено искуство.
Лекарот Пјерданте Пичони настрадал во тешка сообраќајна несреќа на 31-ви мај 2013 година. Бил во кома осум часови , а кога се разбудил мислел дека е 25-ти октомври 2001 година. Не можел да се сети на ништо по тој датум.
Во разговорот за La Reppublicа се присетува на шокот кога ја здогледал својата сопруга, одненадеж за него многу постара, „со друга боја на косата и со брчки“. Наместо двата сина, момченца на 8 и 11 години, во посета му дошле двајца „возрасни мажи со бради“.
„По два дена дојдов до огледалото во тоалетот. Кој е овој старец? Потоа прашав зошто родителите не ми доаѓаат на посета. Беше болно ‘сознанието’ дека мајка ми починал три години претходно“, вели Пичони.
Морале да му објаснуваат зошто во Италија се плаќа со некакви евра а не со лири, да го научат како да користи смартфон, а морал и повторно да оди на факултет да проучи колку медицината напредувала во тие 12 години коишто му „недостигаат“ во меморијата.
Откако се разбудил од комата, цело време во надеж дека одеднаш „ќе му светне“, семејството на Пичоне му покажува фотографии, филмови и натпревари од периодот на кој не може да се сети и го водат на местата кои не ги памети.
„Се’ уште не губам надеж дека моето ‘складирање на податоците’ не е избришано, туку дека е само шифрирано и дека некаде ќе ја пронајдам лозинката“, вели во разговорот.
Пичони одбил инвалидска пензија и, победувајќи ги скептицизмот на неговите колеги, од 1-ви февруари годинава се вратил на работата како лекар во итната медицинска служба во Кодоња, гратче 60 километри југоисточно од Милано. За La Repubblicа изјави дека водењето на дневник му помогнало во тешките моменти, вклучително и нападите на депресија, дека мисли да го преточи во книга./крај/мф/сн
Извор: La Reppublicа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Најжешката „пензионерка“ сè уште е без конкуренција: дали покажа премногу?

Познатата модна ревија на „Викторија сикрет“ повторно ги собра сите најпознати имиња во светот на манекенството. Меѓу нив е и Адријана Лима, која повторно докажа дека заслужува да носи крилја до крајот на животот, но тука е и уште една позната Бразилка, Алесандра Амбросио (44).
ALESSANDRA AMBRÓSIO A MULHER QUE VOCÊ É #VSFashionShow pic.twitter.com/EFcuBeBcaO
— bia🍸 (@dayaprker) October 15, 2025
Зачудувачката Алесандра знае како да привлече внимание дури и кога е на некои „помалку важни“ настани, но овој пат ги остави сите без здив.
Многумина ја нарекуваат и „најсекси пензионерка“, а по овие фотографии е јасно зошто.
Прво, таа прошета во смела долна облека во боја на кожа која едвај ги покрива нејзините интимни делови, а долната облека и градникот беа поврзани со испреплетен цирконски ланец.
Крилата во златна боја го надополнија сè, додека Алесандра испрати бакнежи до сите од модната писта.
Потоа ја покажа својата друга, „темна“ страна и избра црна чипкана долна облека на која додаде гламурозни крилја кои неодоливо личат на пеперутка.
alessandra ambrosio e adriana lima na sequência, a REALEZA da Victoria's Secrets bem aqui pic.twitter.com/nZW9hVUZEo
— emily, the corpse bride (@selsdorothea) October 16, 2025
Двете изданија беа совршени, а Алесандра повторно покажа дека е без конкуренција кога станува збор за изгледот.
Покрај провокативниот стајлинг, нејзините извајани мускули исто така привлекоа големо внимание и направија сè да биде спектакуларно и ефектно во режија на оваа секси Бразилка.
фото: принтскрин
Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.
Забава
Привлекуваат љубов само кога ќе ѝ свртат грб: дали си и ти меѓу нив

Некои хороскопски знаци мора да научат на тешкиот начин дека љубовта ќе дојде само кога ќе престанат да трчаат по неа. Само кога ќе се опуштат и ќе престанат да бараат потврда однадвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага
Вагата често бара рамнотежа преку другите. Кога, конечно, ќе најдат мир во себе, се појавува некој што ги гледа такви какви што се. Љубовта им доаѓа само кога ќе престанат да им угодуваат на сите и ќе научат да се сакаат себеси.
Риби
Рибите имаат идеализирана слика за љубовта и често страдаат за погрешни луѓе. Но, кога ќе престанат да бараат сродна душа и ќе почнат да ги ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов, која е стабилна и вистинска.
Девица
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога ќе престане да размислува премногу и ќе си дозволи да чувствува, тогаш личноста што доаѓа во нивниот живот е токму она што ѝ треба, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за неа.
фото: принтскрин