Контакт

Здравје

„Fujitsu Siemens" се промовира во Македонија

Објавено пред

Одлуката за влез на водечката европска ИТ компанија „Fujitsu Siemens“ во Македонија е донесена врз предвидувањата дека тука ќе се случуваат многу позитивни нешта.

dobivaj vesti na viber

Одлуката за влез на водечката европска ИТ компанија „Fujitsu Siemens“ во Македонија е донесена врз предвидувањата дека тука ќе се случуваат многу позитивни нешта.

Ова беше речено на денешната пресконференција, на која „Fujitsu Siemens" официјално се претстави пред македонската јавност и го промовираше Зоран Лазаревски, како менаџер за продажба во Македонија

„За новата фискална година планираме да достигнеме посилна позиција во секторот за нотебооци, да постигнеме значителен раст во сегментите на сервери и перонални компјутери и да оствариме раст од минимум 50% на македонскиот ИТ пазар“, изјави Лазаревски.

„Можеби за некого овие прогнози ќе звучат преоптимистилки, но ние ги направивме врз реална оценка“, додаде Лазаревски.

Тој информираше дека стратешка цел на новата компанија во Македонија ќе бидат владини проекти, телекомуникацискиот сектор, финансиските институции, како и приватниот сектор.

Задолжена за македонскиот пазар е софиската канцеларија на „Fujitsu Siemens Computers", во чие име денеска се обратија нејзините први луѓе.

Главниот Менаџер на софиската канцеларија на „Fujitsu Siemens Computers“, Јавор Халианов ги презентираше активностите на компанијата во Југоисточна Европа, преглед на деловните резултати за 2006 година и проектираните цели за 2007 година.

Деловните резултати на „Fujitsu Siemens Computers“, во фискалната 2006/07 година покажуваат приходи од 101 милиони евра со годишен раст од 33 %. Предвидувањата за наредната фискална година се очекуван приход од 125 милиони евра.

Глобалните приходи на компанијата изнесуваат близу седум милијарди евра, а профитот пред оданочување е 91 милиони евра.

/крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Правете ги овие 3 вежби и можете да изгубите до 5 килограми за 30 дена

Објавено пред

Кога станува збор за губење на тежината, едноставноста и доследноста се клучни фактори, вели фитнес тренерот Тајлер Рид.

dobivaj vesti na viber

Со посветеност и правилна исхрана можете да изгубите од 4 до 5 килограми за 30 дена, а истовремено да го зајакнете телото, да ја подобрите издржливоста и да го забрзате метаболизмот.

Рид ја дизајнираше оваа вежба за да го зголеми согорувањето на калории, да го подобри мускулниот тонус и да се насочи кон подебелите делови на телото.

Овој тренинг е брз и ефикасен и може да ви помогне да постигнете некои од вашите фитнес цели со текот на времето.

Постојат три вежби во овој тренинг за цело тело:

Push-up to Shoulder Tap (Склек + допирање на рамото) – три серии по 10 повторувања

Mountain Climbers (Алпинист или планинар) – три серии од по 20 повторувања на секоја страна

Glute Bridge March (Мост со наизменично подигање на нозете) – три серии од 12 повторувања на секоја страна.

Тренерот посочува дека овој тренинг е „сеопфатен режим на согорување калории кој го таргетира целото тело.

Со инкорпорирање на сложени движења, тој активира повеќе мускулни групи и обезбедува максимална потрошувачка на енергија, помагајќи ви да изгубите тежина побрзо“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Откриена тајната за брз раст на косата: следете ги овие 3 чекори

Објавено пред

Сите сонуваме за долга, здрава и сјајна коса, но за многумина од нас тоа останува само желба.

dobivaj vesti na viber

Иако постојат многу производи и третмани кои ветуваат чуда, реалноста е дека многу фактори како што се генетиката, исхраната, стресот и негата на косата можат да влијаат на тоа како косата расте и изгледа.

Поради ова, многу луѓе, и покрај сите нивни обиди, не можат да го постигнат посакуваниот резултат. Сега дерматолог специјализиран за коса откри три „лесни“ чекори за побрз раст на косата, пишува Surrey Live.

Многу луѓе се обраќаат кон социјалните мрежи во потрага по професионални совети и насоки, а многу професионалци имаат лојални следбеници кои сакаат да ги следат нивните инструкции. Д-р Амна Адел, дерматолог со седиште во Лондон, е експерт за нега на кожа и коса.

Адел доби армија лојални обожаватели на социјалните мрежи откако ја сподели својата мудрост и сознанија за различни проблеми со кожата и косата на TikTok.

@aamnaadel how to grow your hair faster.. what you *NEED* to know 💁🏽‍♀️💗🎀 #dermatologist #dradel #hairtok #haircare #haircareroutine #haircaretips #hairgrowth #hairgrowthtips #healthyhair #healthyhairtips #hairbreakage #hairrepair #hairjourney #hairgrowthjourney #longhair #foryou #fyp ♬ original sound – Dr Adel | Dermatologist

Во едно неодамнешно видео, таа откри три чекори кои луѓето можат да ги преземат кои можат позитивно да влијаат на растот на косата.

„Јас сум дерматолог, специјализирам за коса и првото нешто што треба да го разберете е дека постои просечна стапка на раст на косата. За повеќето луѓе таа е некаде помеѓу половина сантиметар и два сантиметри месечно. Кога станува збор за растот на косата, има некои работи што не можете да ги контролирате.

Зборувам за вашата возраст, генетика, хормони, но има некои работи што можете да ги контролирате“, вели Адел, додавајќи дека тоа е исхраната и нејзиното влијание врз здравјето на косата.

„Не седете наоколу и грицкајте слатки и чипсови. Треба да имате диета богата со протеини“, рече таа.

Храната богата со протеини вклучува јајца, риба, живина, говедско месо, грав, леќа, тофу и јаткасти плодови, како и сејтан и путер од кикирики.

„Во просек, на мажите им се препорачува да внесуваат 55 грама протеини дневно, додека на жените треба да се стремат кон 45 грама“, објасни дерматологот.

Следниот чекор што лекарот ви препорача да го вклучите во вашата рутина се одредени додатоци во исхраната.

„Главните витамински недостатоци што ги гледам на клиниката се недостаток на витамин Д и железо“, откри таа. Националната здравствена служба (NHS) објасни дека витаминот Д помага да се регулира количината на калциум и фосфат во телото.

Како трет чекор, Адел рече дека одржувањето на средината и врвовите на вашата коса може да доведе до помало кршење, што придонесува за целокупното здравје на вашата коса. Таа советуваше во вашата рутина да вклучите редовно четкање, третмани за зајакнување на косата и заштита од топлина.

„Сите овие работи заедно всушност можат да направат вашата коса да расте побрзо бидејќи вашата коса едноставно ќе биде поздрава. Така, брзината на раст на косата е различна за секого, но дефинитивно има работи што можете да ги направите за да го забрзате процесот”, заклучила таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Што ќе се случи со вашето тело ако вежбате само 15 минути дневно?

Објавено пред

Не мора да поминувате часови во теретана за да ги почувствувате придобивките што ги нуди физичката активност. Имено, малите промени можат да бидат пресудни.

dobivaj vesti na viber

Физиологот за вежбање Кејти Ловтон вели дека луѓето често наоѓаат изговори за да не тренираат. Одењето во теретана, но и самиот тренинг им одзема многу време.

Тренерот Стен Кравченко истакнува дека дури и 15 минути тренинг се подобри од „нула минути“. Затоа, не би било лошо да знаете што се случува со вашето тело доколку вежбате 15 минути дневно.

Американското здружение за срце препорачува 150 минути физичка активност со умерен интензитет или 75 минути вежбање со енергичен интензитет неделно. Ако одлучите да тренирате само 15 минути дневно, тоа би значело да тренирате 105 минути неделно.

„За оние кои биле активни и имаат искуство во вежбање, предлагам да започнете со тренинзи со висок интензитет со 70 проценти од максималниот пулс, зголемувајќи го интензитетот на неделно ниво. Овој пристап обезбедува прогресија и одржува рутина“, вели тренерот Кравченко.

Сепак, овој метод може да биде предизвик за другите. Ако не тренирате активно, вашите 15 минути движење дневно исто така нудат придобивки.

„Придобивките вклучуваат подобрување на кардиоваскуларното здравје, ментална јасност, подобрено расположение, посилен имунолошки систем, подобро здравје на зглобовите, зголемен метаболизам и подобрена контрола на шеќерот во крвта“, вели Кравченко.

Имено, студија од 2022 година покажа дека само 15 минути вежбање со енергичен интензитет може да ги намали шансите за прерана смрт.

Сепак, тренерите препорачуваат кога вежбате секојдневно, еднаш или двапати неделно, вежбањето треба да биде со низок интензитет, како што е одење, за да се обезбеди вашето тело да се опорави.

Одморот е неопходен ако забележите замор, недостаток на апетит, намален имунитет, прекумерна болка во мускулите или нарушувања на расположението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија18 минути

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија3 часа

Краткотраен притвор за 16 лица во случајот со пожарот во Кочани, соопшти Обвинителството

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката...

Македонија5 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија5 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција извести дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во Скопје. На...

Македонија6 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија6 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија6 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија7 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија9 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион9 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија10 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион11 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија20 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија23 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија1 ден

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија1 ден

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија1 ден

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија1 ден

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...