Контакт

Здравје

Мит или стварност полезноста од ‘жешката' јога

Објавено пред

Бикрам јогата и другите типови „хат“ јога при кои температурата во текот на вежбањето во просторијата се зголемува до 35, па дури и повеќе од 40 Целзиусови степени, не носат особена предност во однос на другите типови јога, вели Седрик Брајант, челник на Американскиот совет за вежбање (ACE).

dobivaj vesti na viber

„Ползата е повеќе субјективна… Луѓето мислат дека количеството пот зборува за квалитетот на вежбањето, но тоа не е точно. Потењето не е во корелација со количеството на согорените калории“, вели Брајант.

Во малата студија којашто ја спонзорирал ACE на универзитетот во Винсконсин, научниците проучувале дваесеттина здрави возрасни лица во текот на вежбањето обична јога и на „жешка“ јога.

„Луѓето велат дека уживаат во ‘хат’ јогата бидејќи им овозможува да се чувствуваат пофлексибилно. Меѓутоа, сето тоа, силата на мускулите, издржливоста, флексибилноста и рамнотежата, може да се добијат и со стандарден час јога“, вели натаму Брајант.

За потребите на студијата се проучувале часовите јога кои се изведувале на температура од 33 степени. Брајант вели дека за часовите на коишто температурата е 40 Целзиусови степени или повисока, потребни се дополнителни студии.

„Многумина сакаат да знаат што се случува во тие навистина екстремни услови за вежбање. Нашата студија покажува дека не мора да се изложите на толку екстремни температури за да имате полза од јогата“, вели директорот на Американскиот совет за вежбање (ACE).

Њујоршката инструкторка по јога Таџ Харис мисли поинаку и вели дека ги проучувала учениците на стандардните часови по јога и дека знае колку тие повеќе се мачеле со некои вежби во однос на нејзините ученици на „жешката“ јога. Којашто им овозможува поголема флексибилност, Освен тоа, „луѓето сакаат да се потат, го сакат чувството коешто го имаат по вежбањето на кое добро се испотиле“, вели Харис./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најдобрата напивка за слабеење: едноставна и идеална за лето

Објавено пред

Освен што ги топи вишокот масни наслаги во телото, го смирува стомакот и ја намалува надуеноста, па затоа нема причина да не го консумирате секојдневно.

dobivaj vesti na viber

Ако традиционално сте одлучиле да почнете да се храните поздраво и да вежбате повеќе околу два месеци пред летната сезона, или ако сте одлучиле да ослабете среде лето, можеби овој одличен пијалок, за кој експертите тврдат дека е најефикасен во топењето на вишокот масти во телото, ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки:
– 1 литар вода

– 1/2 грејпфрут

– 1 мандарина

– 1 краставица

– 4 до 6 големи листови нане

– мраз

Подготовка:
– Излупете ги и исечете ги грејпфрутот, мандарината и краставицата на парчиња.

– Додадете ги сите состојки во бокал со вода и оставете го во фрижидер.

– Оставете преку ноќ.

– Промешајте го пијалокот наутро и пијте го во текот на денот.

Сите овие состојки имаат свои интересни придобивки: од стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, забрзување на согорувањето на калории, намалување на надуеноста до зголемување на чувството на ситост и смирување на желудникот.

Прикажи повеќе...

Забава

Трик за хидратација на кожата што ги излудува жените: ќе се каете што не сте почнале порано

Објавено пред

Заборавете на негата на кожата во десет чекори и сложените рутини кои одземаат повеќе време од вашето утринско кафе.

dobivaj vesti na viber

Нова опсесија за нега на кожата се нарекува „skin flooding“, техника која вклучува нанесување на хидратантни креми во слоеви додека кожата е сè уште влажна, за да се максимизира секоја капка влага и активни состојки.

Концептот е всушност многу едноставен, но многу ефикасен!

Наместо да чекаме лицето да се исуши по миењето, веднаш почнуваме да го хидрираме додека е сè уште влажно, прво со лесен тоник или термална вода, потоа преминуваме на серум со хијалурон или глицерол, и го запечатуваме сè со побогат хидратантен крем што спречува испарување на влагата.

Доколку вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, можете да ја завршите вашата рутина со дополнителен слој масло или балсам за да се осигурате дека она што сте го нанеле претходно ќе остане длабоко во вашата кожа.

Поентата е дека сите производи се нанесуваат еден по друг без чекање, додека кожата е сè уште еластична и отворена за апсорпција, исто како кога растението подобро апсорбира вода од влажна почва.

Овој ефект на „плакнење“ на кожата не само што обезбедува моментално чувство на мекост и свежина, туку на долг рок помага во зајакнување на бариерата на кожата, го враќа сјајот и го прави тенот да изгледа пополн, поздрав и поеластичен. Овој метод е особено корисен во периоди кога кожата изгледа безживотно, затегнато или иритирано – на пример по изложување на сонце, ветер или централно греење.

Најдобриот дел е што ова не бара скапи производи или многу време, туку само промена на пристапот, т.е. користење на производите што веќе ги имаме во нашата рутина малку попаметно. Иако доаѓа од сферата на „Тик-ток“, овој тренд има и своја дерматолошка логика бидејќи се базира на задржување на влагата во кожата, што е основа на здрава, избалансирана и сјајна кожа.

Ако сакате тен кој изгледа одморен, сјаен и свеж без шминка или филтри, овој начин на хидратација лесно може да стане ваш нов омилен ритуал за убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

Осум едноставни трика за исхрана, кои го имитираат ефектот на „оземпик“

Објавено пред

Малите промени во вашата исхрана може да ги активираат хормоните за контрола на апетитот и губење на тежината, без да трошите пари на лекови.

dobivaj vesti na viber

Ако не можете или не сакате да набавите „оземпик“ или слични лекови за слабеење, но сакате да ослабите, еден доктор споделува осум едноставни совети, кои може да ги имитираат ефектите на лековите GLP-1, и тоа сосема природно и бесплатно.

Д-р Марија Скурбутакос, предавач на Одделот за семејна и општа медицина на Универзитетот во Торонто и доктор по нутриционизам, неодамна напиша статија за The Conversation, во која објаснува како одредени навики во исхраната може да го стимулираат природното лачење на хормонот GLP-1 (кој го регулира шеќерот во крвта и чувството на ситост), а со тоа да го поттикнат губењето на тежината.

Иако природниот начин трае подолго за да се видат резултати, докторката истакнува дека ваквите промени може да го намалат ризикот од срцеви заболувања за дури 10 % повеќе од лековите како „оземпик“. Покрај тоа, ваквите навики може да помогнат во одржувањето здрава телесна тежина на долг рок.

Еве осум начини како можете да го забрзате губењето на тежината – денес:

1. Јадете заситен појадок

Студија од 2009 година покажа дека телото реагира на храна побргу наутро отколку попладне. Појадокот стимулира побрзо лачење на хормонот GLP-1, што ве прави да се чувствувате сити.

Затоа – никогаш не прескокнувајте го појадокот!

2. Ручекот нека биде помал, а вечерата најмала

Распределбата на калориите во текот на денот игра голема улога. Студија од 2013 година покажа дека жените што јаделе 700 калории за појадок, 500 за ручек и 200 за вечера изгубиле повеќе тежина и имале помал обем на половината од оние што вечерата ја правеле свој најголем оброк.

3. Додајте влакна во секој оброк

Влакната се број еден природен засилувач на хормонот GLP-1. Дури и без ограничување на калориите, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да ослабите.

Храна богата со растителни влакна:

Зеленчук: брокула, моркови, спанаќ, артичоки, слатки компири (со кора);
Овошје: малини, круши и јаболка (со кора), банани, портокали, авокадо;
Цели зрна: овесна каша, киноа, кафеав ориз, јачмен, леб од цело зрно;
Мешунки: леќа, црн грав, наут, зелен грав;
Јаткасти плодови и семки: чиа, лен, бадеми, ф’стаци, сончоглед;
Препорачано дневно внесување растителни влакна: 25 g за жени, 34 g за мажи.

4. Додајте незаситени масти

Покрај растителните влакна, важни се и мононезаситените масти (т.н. MUFA). Тие помагаат во регулирањето на холестеролот, намалувањето на воспалението и зголемувањето на лачењето на хормонот GLP-1.

Одлични извори вклучуваат: маслиново масло, авокадо, бадеми, лешници, семки од тиква, маслинки, путер од кикиритки.

Се препорачува 15-20 % од вашите дневни калории да доаѓаат од MUFA-масти.

5. Ужина со ф’стаци

Ф’стаците се богати со растителни влакна и здрави масти. Студија од 2014 година покажа дека тие природно го зголемуваат нивото на хормонот GLP-1. Покрај тоа, тие може да помогнат во заштитата на вашиот вид од сина светлина како што стареете.

6. Јадете по следниот редослед: првин протеини, потоа зеленчук, па јаглехидрати

Студиите покажуваат дека јадењето протеини пред јаглехидрати ги зголемува нивоата на GLP-1. Значи, следниот пат кога ќе јадете – првин месо, потоа зеленчук, па тестенини или леб.

7. Изберете цврста храна наместо кашеста или течна

Дури и самото џвакање храна стимулира подобар хормонален одговор. Студија од 2024 година откри дека GLP-1 се зголемува кога јадеме цврст зеленчук за разлика од пире.

Значи – помалку смути, повеќе салати.

8. Јадете бавно

Бавното јадење му овозможува на телото да препознае ситост и да го координира лачењето на хормонот GLP-1. Кога јадеме премногу бргу, честопати јадеме повеќе отколку што ни треба бидејќи чувството на ситост доаѓа доцна.

Продолжете го времетраењето на оброците и ќе се чувствувате сити со помалку храна.

Со воведување на овие осум навики во вашата дневна исхрана можете природно да активирате хормони што го поддржуваат губењето на тежината – без лекови, без стрес и без трошоци, пишува Best Life.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ4 часа

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...

Македонија6 часа

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот...

Македонија9 часа

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните...

Македонија10 часа

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија11 часа

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија13 часа

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија13 часа

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија14 часа

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија16 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет16 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ1 ден

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија1 ден

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ1 ден

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија1 ден

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија1 ден

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет2 дена

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија2 дена

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...