Контакт

Здравје

McDonald's ги советува вработените да избегнуваат брза храна

Објавено пред

Најголемиот светски синџир ресторани на брза храна „McDonald’s“ им советуваше на своите вработени наместо за хамбургер, пржени компирчиња и газирани сокови да се одлучат за поздрави оброци доколку сакаат да останат здрави и витални.

dobivaj vesti na viber

На официјалната интернет страница наменета за информирање на вработени во компанијата, се предупредува дека премногу калоричната и премасна брза храна доведува до дебелината и со неа поврзаните болести, а на персоналот му се советува да се храни на други места каде што сервираат салати, супи и зеленчук.

Освен за пржената храна, се предупредува и на опасноста од додатоците како што се сирењата, сланината и мајонез, коишто инаку се составен и секојдневен дел од понудата на „McDonald’s“.

Советот е илустриран и со графички приказ на „нездравиот“ и на „здравиот“ избор на храна, а во вториот нема специјалитети по коишто е препознатлив овој американски синџир ресторани за брза храна.

„Тешко е здраво да се храните доколку често јадете во фаст фуд рестораните, кои воопшто не нудат продукти со намален удел на маснотии“, се наведува на страницата на којашто претходно беше објавен и советот до вработените да си побараат дополнителна работа за да можат да „спојат крај со крај“.

Сé уште не е јасно кој стои зад овие совети, а портпаролот на „McDonald’s“ се огради од наведената препорака тврдејќи дека е „извадена од контекстот“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Вашиот мозок ја мрази оваа утринска навика, а речиси сите ние го правиме тоа штом ќе ги отвориме очите

Објавено пред

Иако многу луѓе ги започнуваат своите утра со истиот ритуал – земање на телефонот пред целосно да се разбудат – научниците предупредуваат дека оваа утринска навика може да има сериозни последици за нашиот мозок и целокупното ментално здравје.

dobivaj vesti na viber

Мозокот на почетокот на денот
Првите минути по будењето се особено чувствителен период за мозокот. Во ова време, тој е во состојба на таканаречена „врвна невропластичност“, што значи дека е најприемчив на нови информации, промени и влијанија од околината.

Во исто време, нивоата на допамин – хормонот на среќата – се природно покачени, додека кортизолот обезбедува енергија и фокус за почетокот на денот.

Токму тогаш, наместо да им дозволиме на нашите мозоци сами да го насочат своето внимание и креативност, повеќето луѓе веднаш го вклучуваат екранот. Резултатот? Телефонот ја презема контролата врз нашите мисли, а мозокот губи драгоцен момент за природно насочување на енергијата и продуктивноста.

Како изгледа поздрав почеток на утрото
Експертите препорачуваат да ги поминете барем првите 20 минути од денот без технологија. Наместо тоа, можеме да се посветиме на истегнување, пишување неколку кратки белешки за приоритетите или едноставно уживање во кафе без одвлекување на вниманието. Овие мали промени му овозможуваат на мозокот да ја „води играта“ и да го постави тонот за остатокот од денот.

Друг важен совет се однесува на вечерните часови. Користењето на телефонот непосредно пред спиење, особено поради сината светлина што ја емитуваат екраните, може значително да го наруши квалитетот на сонот, бидејќи го намалува лачењето на мелатонин – хормон кој е клучен за заспивање. Затоа се препорачува да ги исклучите уредите најмалку еден час пред спиење.

Мали трикови за голема промена

  • Поместете го полначот – оставете го телефонот да се полни надвор од спалната соба.
  • Утрински ритуал без екран – длабоко вдишете, истегнете се или запишете три работи на кои сакате да се фокусирате.
  • Вечерна рутина – книга, смирувачка музика или кратка медитација може да биде многу подобар избор од бесконечното скролување.

Утрото без телефон може да изгледа чудно на почетокот, но по само неколку дена, многу луѓе забележуваат повеќе енергија, подобра концентрација и постабилно расположение. На крајот, можеби токму тие први 20 минути ќе одредат каков ќе ни биде целиот ден.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Сè се менува, но едно не: зошто жените живеат подолго од мажите?

Објавено пред

Повеќе од два века знаеме еден неоспорен факт: каде и да сме во светот, жените живеат подолго од мажите во просек. Зошто е тоа случај долго време останува мистерија, но меѓународен тим истражувачи тврди дека конечно го пронашол главното објаснување – а тоа е генетиката.

dobivaj vesti na viber

Според нова студија, клучот лежи во таканаречената „хетерогаметичка теорија за полот“. Имено, мажите се „хетерогаметички пол“ затоа што имаат различни полови хромозоми – еден X и еден Y – додека жените имаат два X хромозоми. Токму оваа разлика ги става мажите во неповолна положба, пишува Дејли Меил.

Комбинацијата на XY хромозомите ги прави мажите поподложни на штетни мутации и болести, што на крајот води до пократок животен век. „Веруваме дека хетерогаметичкиот пол е барем делумно објаснување“, вели д-р Фернандо Колчеро од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија.

Жените, од друга страна, имаат два X хромозоми, кои им обезбедуваат дополнителна заштита. Ако едниот ген е неисправен, другиот често „влетува“ и ја неутрализира штетата. „Во основа, две копии од истите гени се подобри од една“, објаснува д-р Јохана Старк, еден од авторите на студијата. Покрај тоа, Y хромозомот често содржи долги секвенци на повторувачка ДНК што може да биде штетна, што дополнително ги ослабува мажите.

Според порталот Our World in Data, просечниот очекуван животен век во светот е 73,8 години за жените и 68,4 за мажите. Иако бројките се менувале низ историјата, трендот останува ист – жените живеат подолго. Овој модел не е единствен за луѓето. Слични правила важат и во животинскиот свет: кај повеќето цицачи, женките живеат подолго, додека кај птиците, влекачите и многу инсекти ситуацијата е спротивна – мажјаците почесто ги надживуваат женките.

Научниците наведуваат и други фактори. Еден од нив е сексуалната селекција – еволутивна трка во која мажјаците развиваат карактеристики како што се поголеми тела, шарени пердуви или рогови за да привлечат партнери. Иако ова го зголемува репродуктивниот успех, одржувањето на таквите карактеристики „се плаќа“ со пократок живот. Потоа, тука е и родителската грижа. Женските цицачи, како примарни старатели, веројатно еволуирале за да го обезбедат опстанокот на своите потомци додека не станат независни.

Нова студија, објавена во списанието „Science Advances“, потврдува дека разликите во животниот век меѓу половите се длабоко вкоренети во генетиката и еволутивните процеси. Дури и во контролирани услови на зоолошки градини, каде што нема природни закани како што се предаторите, женските цицачи сè уште живеат подолго од мажјаците во просек.

Иако генетиката игра голема улога, експертите забележуваат дека социјалните и факторите на однесување не се занемарливи. Сепак, едно е сигурно – јазот меѓу мажите и жените кога станува збор за долговечноста постои со векови и нема да исчезне наскоро.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Објавено пред

Колку долго можете да држите планк по 45-годишна возраст? Оваа едноставна вежба открива дали сте посилни и во подобра форма од вашите врсници.

dobivaj vesti na viber

По 45-годишна возраст, вашето тело почнува да испраќа суптилни пораки: вашите мускули повеќе не се толку брзи, а рамнотежата и стабилноста стануваат сè поважни.

Затоа експертите предлагаат едноставна вежба која на прв поглед изгледа банална, но всушност открива повеќе за вашата физичка подготвеност отколку бројот на вагата или километрите поминати на лентата за трчање. Тоа е планкот, статична вежба која го ангажира целото тело и покажува колку сте навистина силни.

Правилниот планк изгледа вака: потпрете се на подлактиците, лактите треба да бидат директно под рамената, нозете испружени и цврсто потпрени на прстите. Вашето тело треба да формира права линија од главата до петиците, без да ги спуштате колковите или да ги кревате задникот.

Клучот е да ги активирате стомачните мускули, да ги затегнете задникот и да ги држите рамената стабилни. Не станува збор за тоа кој може да издржи најдолго, туку за тоа да ја направите секоја секунда како што треба.

Колку време е доволно? Ако можете да издржите една минута, експертите се согласуваат дека покажувате солидна сила на јадрото. Минута и пол или повеќе е знак дека сте во подобра форма од повеќето ваши врсници, а две минути или повеќе се сметаат за одлични.

Ако минутата ви изгледа недостижна, не грижете се – со редовна вежба, три до четири пати неделно, и додавање на неколку секунди секој пат, напредокот ќе дојде побрзо отколку што мислите.

Вредноста на планкот лежи во неговата едноставност. Додека ја држите позата, истовремено ги зајакнувате стомачните мускули, грбот, рамената, нозете и задникот.

Го подобрува држењето на телото, го намалува ризикот од болки во долниот дел од грбот и го олеснува извршувањето на секојдневните движења, од одење до собирање торби за намирници. А најдобриот дел е што не ви е потребна никаква опрема за да го направите овој тренинг, само под и малку упорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија1 час

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија1 час

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија2 часа

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ2 часа

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет4 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа5 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа5 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет5 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа5 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија14 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија18 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија18 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија18 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија20 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ22 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија24 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија1 ден

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ1 ден

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ1 ден

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...